Showing posts with label Skopje. Show all posts
Showing posts with label Skopje. Show all posts

2011-10-11

АВЈОН




Коа бевме не знам ти која година у сТредно, Јанко го праша професорката по математика да го испермутира зборот НАВОЈ... Следeа АВНОЈ, НАВОЈ, ЈОВАН, ВОЈНА и ласт бат нот лист, чисто за шала АВЈОН...

Епа еве го АВЈОН-от на Аеродром...


И уште нешто бе центарци... Кај се сеа коњите а? А? А????

2011-08-23

Бајкери у Скопљу


Ептен сум папак значи за овие ствари на нет да дознаваш, значи брааат си остарел :)



Уан мор видио:



За уште повеќе видеа слободно распалете тука

2011-06-16

Стар пост на денот - Lost in translation


Него ме потсети „Михајло“ на еден стар текст, ем Битола, ем Ерл Греј смљеком, па чисто да го споделам пак и покрај одличниот одговор од еден еден друг Скопјанец.

Во вакви моменти се прашувам зарем нема да го изгубам поголемиот дел од ионака малубројната публика, особено женскиот кога ќе пишам вакви бљувотини, арно ама ми се чини на некој веројатно само мене разбирлив начин, прибајаги смешно.

Еден другар во една прилика ми раскажа една приказна што ми се виде во моментот не така интересна, но како што се развиваше муабетот се посмешна и посмешна анегдота.

Наводно според негови зборови (енд хи кен корект ми иф ајм ронг) :

- Пред некој ден цепав една битолчанка. И како што ја цепам ми вика „закоси“. И ја –кажува тој истиот, си мислам дека ми вика „ЗАКОН СИ“ и продужуем уште појако да ја цепам и така таа повеќе вика закоси – јас ја слушам закон си и уште појако и уште појако закоси – ЗАКОН СИ, закоси – ЗАКОН СИ... И??? Што и... сплеш...

И сега муабетов да ти добие уште полуда димензија, пред некое време со еден друг другар разговаравме за јазичнава дубиоза што ја имал заедничкиов другар и овој пак ме убедуеше, дека не била работата „закоси“ да ја фатиш за коса, ами да ти било „У КОСО“ работава дека требало да ја закосиш, да и даеш косина... (ве молам во ниту еден момент да не се запрашате како тоа сме паднале на ваков муабет, машките не праат вакви муабети).

И сега викам маме му ебем, па ова јазиков види колку разноврсен ни бил, ќе улеташ некаде, ќе се избрукаш...

Мора или да зеам да учам дијалекти или некоја унификација да се направи, пошто ако продужи вака јазичнава диверзификација се живо ќе остане LOST IN TRANSLATION.

Инспирација инаку за целиов муабет ми е, ЗАГРЕБАЧКА КАВА, кое само добар загрепчанец наводно знае да го „приготви“ добро СМЉЕКОМ. Следува краток опис на припремата на енглески:
When you are doing a girl 'doggie style' and you are about to reach your climax, you proceed to dump a cup of coffee on her back. The coffee should be luke warm, cheap, and shitty just as they serve in Zagreb. She will then - in no specific order - scream, jump away, and turn towards you. This is when you have the pleasure of squirting all over her while screaming, 'SMLIJEKOM!? SMLIJEKOM?!'over and over again until you feel as though you have degraded her enough. This word is prounouced: smlee-yay-come and means 'with milk' in Croatian. This brutal sexual maneuver comes from the streets of Zagreb, Croatia for several reasons. The first is that no one works a full day in Zagreb. They instead spend hours each day sitting around, consuming coffee. It is no wonder their economy is such shit. The second is that it is quite difficult to pull off, much like the Croatian language. It is one of the hardest languages and is filled with so many stupid rules, that only 60% of Croatians can properly write in their own language. The final reason is because ZAGREB HAS THE HOTTEST GIRLS. It is no lie. And even the not-so-hot ones have great asses.
И види и хрватите да ти имале проблем со нивната неунифицираност во јазикот. Колку повеќе различности се повеќе сличности.

Авторот се оградува од преведување на било кој од пишаните работи во текстот, бидејќи е очигледно дека e LOST IN TRANSLATION.

2011-05-26

Локал


Не сум баш во тек и повеќе го пишувам постов како прашање, ако знае некој да објасни, пошто не ми е баш најјасно?

Дали Легијата и Токсикологија се мрзат? Има ли други екипи што фураат хип хоп? Ако се андерграунд Токсикологија зашто не ги фураат на 103-ка? Или па ти, што е тоа што ги праи нив комерцијала?

Пошто искрено не дека сум од Аеродром, а они како НЛО, ни се под наша капа, пошто нели наша е општината и сон на секој од Лисиче е да биде еден ден Аеродромец, ама сакам нешто да прашам? Ако успеале овие песни да ги наметнат како меинстрим и комерцијала, тогаш за што пее андерграунд сцената? Кој е најандерграунд моментално кај нас?

Ги загледав сеа едно ново дете Желе на ТВ многу откачен спот имаше , јес да скинат Слаткар и викам дај да видам што е работава. Излезе дека се од иста екипа и не само мој него општ заклучок беше дека дечкото е малку отпојќе депресивен, ама добро е најдов и една делумно оптимистичка песна. Како и да е, Желе ми е фаворит, пошто сите знаат дека Желе не е малку саглам :


Па ај кој знае нека пише нек ме просветли да не седам у прашалници. Еееј остаревме...

2011-03-28

КУП идиоти

Чисто да го поделам текстот во кој во голем дел се сложувам, МЗТ со оваа екипа треба да гази, а не да прави вакви „киксови“. Дополнение во делот од текстот за слабите тренери на МЗТ е и претходната утакмица во полуфиналето, кога од 27 кошеви разлика едвај ја добија утакмицата, ептен бош тренери без концепт и знаење како да се приведе добиена утакмица кон крај. Тако нечемо до финалу...

2011-03-20

Skinning - Шишање


После сите емисии на Инсајдер и задоцнетиот македонски плагијат Код, после сите настани во Србија и кај нас, после Кале и сите срања кои ни се исподешаваа и интересно се објаснети во филмот можеби најдобар коментар би бил:

Poenta filma je da svako zlo dolazi iz matematike!




2011-03-05

Како ирци би ја испеале македонската приказна


Дополнителни коментари сметам не се потребни.




НЕЌУ ИЗБОРИ


Што им остана јеботе на раперите од градов осим да пејат иста песна веќе 20 и кусур години? Ме мотивираше песната на Да Џака Накот, да се запрашам што остана од нашата револуција, од нашето неуморно покажување среден прст на се живо што мрда, во стилот да му умре козата на комшијата?

Неколку пати сум се прашувал и сум постирал ствари и никако, ама никако и никогаш изгледа нема да најдам одговор. Тапкаме во место со баскет не тргаме на ниеден кош, нити на противничкиот нити, барем кон нашиот да си дадеме автокош. Не!!! Седиме на средина на терен како ебана чирлидерка што заборавила кореографија и се чудиме зашто публиката не ракоплеска.

Тажно е колку се немаат сменето работите, еве на пример од стиховите на САФ во Скопска Ситуација 98', кои делумно ги искористив за обработка на темата Скопските Коњи:



што инаку е правено пред година дена, па се до денес, ете со видеото и стиховите на Да Џака:



Изгледа не останува ништо освен да се заклучи: „Јесмо ли најебали - веома и врло!“

И уште потажен е еден друг социокултурен елемент кај нас, што објавувањето на ваков материјал било на блог, било како видео на Јутуб (линкот не е поврзан со текстот, едноставно е добар), е што ништо не може да му избегне на политичкиот контекст. Секако ова ќе биде квалификувано како опозициски пост, секако дека некој е предавник народа свог ако не е со власта или пак не дај боже со опозицијата. И секако ова се содржини објавени со лиценца на делење без да се модификува содржината и тоа и ќе го направат и едните или другите, но само и единствено кога ќе притреба за политички цели.

Гледајќи ја сцената од музика, земете го ете филмот, пишаниот збор, колумнистите, сликарите, стрипот, за блогот, одамна веќе е јасно, ништо, ама ништо се чини не остана на уметникот. Вајарите кои праат статуи се позициски, оние што се без работа се опозициски, архитектите исти ѓаол, Џака пее „Естрадата уште пее тралала, како што свират во Владата“, Пики Сипи заклучи: „одговорноста на ти ја дај ми ја“.

Не се најде уште мангуп што ќе направи дело кое ќе битисува само за себе вон временските и просторните димензии, не дај боже без националните и социолошките, како едноставно да нема друг излез. И да е една работа јасна, не се криви тие, односно ние. Крива е лошо водената политика, се уште сум на ставот дека политиката ни ја водат лошо исчешлани мангупчиња, учени недоучени, по странство или некоја локална скопска биртија, не баре француската буржуаска револуција, навистина го дочека повторно својот препород, баш во Скопје.

А што праиме бе со останатите, не знам колку ве има и дали не има? Одиме на работа за оскудни плати, се чекаат некои „преварантски“ попусти од агенцииве, за да одиме у Грчка у Мај, само ние и лежалките, демек било тогаш најдобро, пошто немало гужви, а горештините да се седело било најдобро у Скопје, да не се шетало многу. Во сомнителни автобуси, користени за превоз на говеда во подемократските општества, од кои нема година, а да не се подзапалат, по 2-3. Не не е дека немаме пари. НИКАКО...

Ете така си се плашиме од политичарите, да го парафразирам Џака и уште ќутиме кога овие пинг-понг си играат со муабетот избори дали ќе имало у Јуни или у Јули.

Да се знае, неќу избори, пошто немам пари.

И уште нешто, не сакам да ме извади некој од контекст и да ме искористи за политички цели. Ќе фрлам после хејт!

2011-02-01

Видео за на блог




Брат се е под контрола, фала за видео!!!

2011-01-30

Тоа е таа ПОРНО екипа



Фотките се превземени од страницата на фејсбук на MZT SKOPJE и едноставно мораше да се најде на блогот, затоа што тоа е таа ПОРНО екипа:




Уште еднаш браво за момакот што го водеше навивањето низ целата утакмица, мислам дека се вика Панче, пред се затоа што го спречи „дебилниот“ потег на момакот со белиот дукс што проба да натера да се пее „И кој не скока и тој е ши**ар“. Браво што изреагира брзо и повика да не се пее така песната. Мора да го најдам момакот едно интервју да напраиме, го заслужи целиот респект.

Браво ФАМИЛИЈО, така се навива !!!

А за утакмицата нема везе, ќе ги решиме у плејоф. Напред МЗТ!!!

2011-01-24

Ова не е Аеродром !!!

Видеото што ќе го видите не ја одразува ама баш никако идеологијата нити на МЗТ, нити на Аеродром. Ова се дебили, копиљана и срамот и џганот на Аеродром и најглупите навивачи на МЗТ икад. Ова се деца прерано од цицка извадени и фрлени на аеродромскиот асфалт. Толку глупи и исфрустрирани што заборавија дека во МЗТ играле и играат албанци, во Аеродром живееле и живеат албанци, играат и играле срби, хрвати, бошњаци...

Забораваат дека Марк Дин е еден од најдобрите играчи во историјата на МЗТ и како тоа со него во тимот ќе им беше чиста Македонија или МЗТ???

Значи изреволтиран сум многу и многу уште ќе ги навредувам и за да не биде така, еве им ја листата да видат кој се играл и го сакал МЗТ...


Аеродром и МЗТ биле се и ќе останат нераскинлив дел од мене, ги сакам и ги промовирам каде можам, колку можам и секогаш, ама секогаш со сите сили и целото срце.

Поздрав до сите прави аеродромци и вистинските навивачи на МЗТ!!!

Во сабота пак ќе ги е*еме центарските п*чки !!!

НАПРЕД МЗТ!!!


2011-01-21

Паркур


Чисто без лигавења овој ми е внук:



Риспект царе и само така да продужиш.


2010-12-29

У мое време


Имаше едно супер постче за сите оние родени во 80’ на crnobelo.com, па ме фурна додатно на размислување нек си ибе. Ревидирајќи ја годинава заклучив дека прибајаѓи заебана беше ради пуно разлози и се нафурав да видам која тоа мене најзаебана година ми била у животу. Во мртва трка влезе споменатата 2010 и 1981 (што ради година на раѓање што ради тоа што еј ипак умре Тито).

Па како роден во тие 80’ и во Скопје, се решив ете и ја една листа да напраам за тоа време:

  1. Знаеш дека си роден во 80’ кога у плакар имаш кошуља Junker купена од Роџер.
  2. Коа си бил у Валданос или у Буљарица или у Тиват
  3. Ако си читал Галаксија
  4. Знаеш дека си роден во 80’ ако си слушал Забрањено Пушење
  5. Коа најголем шизик у маало ти е тип што има Атари 2000 или Комодоре.
  6. Коа Дон Џонсон ти е највечи шизик, а Пороците на Мајами разлог да се вратиш дома од играње жмурка на топка.
  7. Во 80’, ако си бил копиљ ондак си ја играл Мун Патрол.
  8. Не се плаќаше паркинг во 80’, богами и покасно, ја не знам што е ова со паркинзиве.
  9. Знаеш дека си роден во 80’ ако си искачал пред Аркадија, боже која глупост беше тоа J
  10. Знаеш дека си роден во 80’, ако си му пишал на непознато другарче од Пријепоље писмо.
  11. Уствари знаеш дека си од 80’ ако причаш српски.
  12. Ако ја знаеш Хеј Словени...
  13. Ако си држел миљарда у џеб
  14. Знаеш дека си роден у 80’ ако имаш дома видео (чисто ради саат да ти покажува).
  15. Знаеш дека си од тоа време ако некад у животу си се потел у видеотека нарачувајќи порничи. И за викенд коа зимаш 3 касети,4-та гратис.
  16. Ако си имал вокмен и знаеш што е тоа VHS-касета.
  17. Ако си мењал со другари песмарици.
  18. Знаеш дека си роден у 80’ ако го памтиш 3 банана и Њу Заец Пог’ди.
  19. Знаеш дека си роден во 80’ ако си викал КОЛКУ ЧАВКИ ТОЛКУ ПЕТКИ (ама не и на факултет).
  20. Ако сте се тркале до чешмичка и некој се дерел „прва жичка, кој ми земе жичка на мајка му у пи*ка“
  21. Знаеш дека си роден во 80’ ако си имал монтка DIADORA (лично имав оригинал MONT, уште ја носам).
  22. Знаеш дека си од 80’ ако у адолесценција си носел марама и ленонка, уз висока стартка!
  23. Ако си мрзел кремци.
  24. Ако си искачал пред Црква.

Знаеш дека си роден во 80’ ако си го гледал Брус Ли у Змајевом Гнездом. Филмот немаше и се уште нема друг назив. Барем за оние родените во 80’.


2010-12-26

#vo2010



Доаѓа она време од годината кога се сумираат резултатите од кој што има сработено и постигнато и бла бла ња ња...

Ја бе брат во 2010, не напраив ништо... Факинг ништо, толку ми е ебено незначајна што ако не беше Светската криза, Разловечко востание и Никсон претседател немаше ни да ја памтам...

Годинава у ствари, многу работи ми се сменија, ама коа ќе „сумирам“ одземам, поделам, као да сум пак 2 години претходно односно 98’.

Уствари брат, годинава прв пат си купив моја кола... Али коа ќе размислам годинава прв пат ме фатија џандари за поминување на црвено... Толку бев пијан што им лупав на хауба коа ме казнија „буљашите“ и тогаш излезе подзаспаниот џандар од колата и решително избруси „ти имаш пиено ај да дуваш“. Не им го давав пасошот на гадовите дури не се паркира Џета со сомнителни сурати и прашаа, Колеги да не има некој проблем?

Годинава прв пат бев у Вевчани... Се лизнав и паднав у ебените водопади... Како и да е, убаво у тоа Вевчани...

Годинава првпат направив сам палачинка - личеше на Македонија, заедно со Егејскиот дел и два острова...



Годинава пропушев цигари... Пак...

Друго на пример, годинава е прва у мојов живот кога не ми требаше виза за да излезам од пандемониумов, ама затоа и годинава ми е прва у животов коа не сум мрднал ни до јебено Врање.

Да се навратиме на колата... Годинава ми ја дигна само еднаш пајак... Исто така само еднаш и ми ја обија... Ми имаа украдено се живо од ебената кола. Кога се враќав накај кола личеше на подвижно диско, сите светла запалени, гепек отворен, испокршени стакла, аларм си пичи, журка бе брат!!! Ебените „џанери“ ми здигаа се живо. Покрај миризливите марамчиња дури и ебено стикче од 2 мега, со драмендбејз од LTJ BUKEM. И сеа уште да си уплатам и да идам да го слушам у Борис и да ме маваат флешови 10...9...8...7.

Во 2010 бе брат си купив нова цвикера... Голем чекор за човек кој ненормално многу се врзува за стварите. Само и само ради фактот што ми ги направија сол старите. Последно што се знае е дека фрагменти од истите се пронајдени и во Белград.

Сигурно има уште по нешто да се спомне за 2010, ама па има уште 5-6 дена кога ќе ми текне, затоа боље да причекам да видам what the future holds!!!

2010-12-20

На 22.12.2010





Добра вечер ќе биде 22.12.2010. Може од 19:00 часот да се отиде на презентација на видеата на говорниците на TEDxSkopje во Клуб на Новинари. Мене баш ме бендиса втората сесија и едвај чекам да видам како е излезено на камера сето тоа и после може да се зацепа до Галерија 7 да се погледаат видеата за Wikileaks и да се земе учество на дебатата која ќе се одвива на таа тема.

Така да се глеаме на 22.12 на некое од овие места...


2010-12-16

Ако не идете нигде на Св Никола





Може да го изгледате видеово и да ви паднат пар идеи:




2010-12-14

Што да кажам, а да не згрешам?


Велат сите жени биле исти или во најмала рака слични.

За исти, тврдам дека не се, а слични се можеби само по категоријата под-видови на жени, каде што се јасно претставени нивните разлики низ различните видови на домашни и по некое диво животинче: кокошка, овца, коза, крава, кучка, маче, риба, змија и слично.

Да појасниме низ ситуација.

Саботна пладневна шема.

Седи дечко со мачето во кафиќ на улица Македонија.. Сите шминкери и шминкерки се со цвикерите и нес кафето, шмизлата и бикот се на место, ништо не е случајно, па дури ни случајните минувачи.

На соседната маса седат две кокошки, другарки на бившото маче на дечкото и го оговараат новото маче. Во оговарачкиот муабет заклучуваат дека е погрда од нивната другарка и дека нема понашање на маса, па ја нарекуваат обична коза а на другарката и праќаат смс веднаш да се нацрта во кафичот како секоја кул риба.

Во меѓувреме, поминува некоја крава без осет , која занесена на својот мобилен не догледува и ја турка ташната на една од кокошките. Коментарот на кокошките е нормално – кучка.

Дечкото со мачето сеуште си дреме на масата, кога ете ја другарката на кокошките нацртана во кафичот , прво што прави- се поздравува со бившиот и дечко. Нормално се понаша као кучка.

Дечкото ја гледа и си вика: Беше и си остана риба, ама кој те тркала кога си змија.

А неговото маче нема појма за животинското царство околу нив, и оно само си преде и преде.

И така, сите жени и не се баш исти.


П.С. Нека извинат овците и гуските што не беа споменати во текстов, ама па во кој текст има место за сите?

2010-12-05

Божиќ дојде порано годинава


Како богами зачудувачки добар маркетинг и социјален гуру, Зоки Бејбе некако го „намирисал“ од некаде мојот пост со видеото во кое како што вика во коментарот најбезгрижно спонтано си „изденсуе“ една песна и во коментарот најпрофесионално пушта едно линкче за неговата страна на Санудклауд за релаксирање на луѓето што го читаат овој блог.

Филс гуд, кога некој ќе ѕирне што си напишал или постирал за него, па уште и кога ќе ти даде било каков фидбек. И уште повеќе ако тој е изразен преку музика - како што вика ДедаБор на својот блог : Љубав, Музика и све нешто лепо... е тогаш Божиќ е дефинитивно дојден порано годината.
Така да, ко за у недела може да ја искулирате со некое миксче, да тргне денот опуштено.

Мој избор микс беше овој, изберете си и вие по нешто.




Еј да, Зоки има палма што е постара од пола клабери у градов, не знам зашто бат ај фајнд ит вери амјузинг.

Зоки супер си и супер што те имаме во нашиот град...

2010-12-03

Да бев во Иран до сеа ќе бев факинг селебрити


Повеќе од 250 Блогери и активисти за правата на жените и социјалните права го издадоа соопштението во кое се бара итно и безусловно ослободување на Navid Mohebi, еден 19-годишен блогер и активист во градот Amol. Mohebi во моментов е задржан во јавното одделение на затворот во градот Сари.

Оние кои ја издадоа изјавата изразија загриженост дека и покрај фактот што поминаа речиси два месеци од неговото апсење и покрај постојаните барања, семејство Mohebi не добиле никакви информации од страна на службениците за причината за апсењето на Navid.

Потписниците на петицијата, исто така, објаснија дека Mohebi останува во затвор, а неговото семејство се соочува со голем притисок да молчат за неговата ситуација, и да не се обраќаат преку печатот. И покрај нивната соработка со не објавувањето на состојбата на нивниот син, тој останува во затвор, иако се уште нема официјална тужба поднесена против него.

Потписниците на изјавата објаснија дека активностите на Mohebi беа мирни и правни и биле ограничени на неговото творештво и неговото барање за еднакви права на жените и заради ова потписниците бараат негово итно и безусловно ослободување.

Navid Mohebi беше уапсен на 18 септември во градот Amol, откако безбедносните власти упаднаа во неговата куќа. На тој ден, безбедносни претставници го пребараа домот на Mohebi, одземајќи лични предмети, вклучувајќи негови документи и компјутерот и претепувајќи го, а потоа и го уапси. Mohebi потоа беше префрлен во затворот во градот Сари.

Navid требаше да почне оваа година да студира на универзитетот во Техеран и имал намера да студира политички науки.

Така да рилис Брајн имидиатли...

Боки да им го пратиме у Амол да им се искења у јавно одделение у затвор таму, нека го држат колку сакаат после.

Иницијално веста ја видов на Global Voices Македонија текстче во кое објаснуваат повеќе рекорди по кои е познат Иран во светот, заради тоа сакам да ги поздравам во нивните напори и да им посакам да продолжат со одличната работа. И не знам зашто ама ептен споро им се аплоадира страната.


2010-12-01

Трендови креатива Скопје



Интересно и инспиративно видео за трендовите... Хеј од кај знаеш можеби еднаш и Скопје ќе го видиме на некој ваков филм со некој ново компонован тренд...


До тогаш останува да не инспирира Големото Јаболко...

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...