Доаѓа она време од годината кога се сумираат резултатите од кој што има сработено и постигнато и бла бла ња ња...
Ја бе брат во 2010, не напраив ништо... Факинг ништо, толку ми е ебено незначајна што ако не беше Светската криза, Разловечко востание и Никсон претседател немаше ни да ја памтам...
Годинава у ствари, многу работи ми се сменија, ама коа ќе „сумирам“ одземам, поделам, као да сум пак 2 години претходно односно 98’.
Уствари брат, годинава прв пат си купив моја кола... Али коа ќе размислам годинава прв пат ме фатија џандари за поминување на црвено... Толку бев пијан што им лупав на хауба коа ме казнија „буљашите“ и тогаш излезе подзаспаниот џандар од колата и решително избруси „ти имаш пиено ај да дуваш“. Не им го давав пасошот на гадовите дури не се паркира Џета со сомнителни сурати и прашаа, Колеги да не има некој проблем?
Годинава прв пат бев у Вевчани... Се лизнав и паднав у ебените водопади... Како и да е, убаво у тоа Вевчани...
Годинава првпат направив сам палачинка - личеше на Македонија, заедно со Егејскиот дел и два острова...
Годинава пропушев цигари... Пак...
Друго на пример, годинава е прва у мојов живот кога не ми требаше виза за да излезам од пандемониумов, ама затоа и годинава ми е прва у животов коа не сум мрднал ни до јебено Врање.
Да се навратиме на колата... Годинава ми ја дигна само еднаш пајак... Исто така само еднаш и ми ја обија... Ми имаа украдено се живо од ебената кола. Кога се враќав накај кола личеше на подвижно диско, сите светла запалени, гепек отворен, испокршени стакла, аларм си пичи, журка бе брат!!! Ебените „џанери“ ми здигаа се живо. Покрај миризливите марамчиња дури и ебено стикче од 2 мега, со драмендбејз од LTJ BUKEM. И сеа уште да си уплатам и да идам да го слушам у Борис и да ме маваат флешови 10...9...8...7.
Во 2010 бе брат си купив нова цвикера... Голем чекор за човек кој ненормално многу се врзува за стварите. Само и само ради фактот што ми ги направија сол старите. Последно што се знае е дека фрагменти од истите се пронајдени и во Белград.
Сигурно има уште по нешто да се спомне за 2010, ама па има уште 5-6 дена кога ќе ми текне, затоа боље да причекам да видам what the future holds!!!
Abe zaboravi na ranecot so go dobi i maickata TUBORG??
ReplyDeleteИ нормално како и цела 2010 си ги забораивме во кафичот од каде што ги добивме :)
ReplyDelete