2011-10-26

Драг Филе,



Уствари тебе правилно ти е Филе или Фуле? Нема врска бе извини, еве Филе ќе те пишеме, се надевам нема да ни замериш.

Прееска пушевме баш у маало некој јак албанец прсканица и се запраивме муабет и сакавме да те прашаме, абе шо било ова со извештајот? Абе ова чоече твоево сите граници си ги преминал ти бе! И пушиме цело маало можда бевме и викаме има писмо да ти напишеме, па шо сака нека биде. Прво се мислевме на кој јазик да ти пишеме пошто Коки у маало кажа дека официјален јазик таму ви бил енглески, али курац у маало неаме основно и сите заедно ако се удружиме тек па енглески да знаеме. Али ваљда имаш таму преведувачи а?

И да ти кажам не сме само ние од наше маало револтирани, исто бевме и до кај Плавите да зееме уште ганџа и баш праевме и со нив муабет и они ти се нафурани од дилер, до џанер, од копиљ, до пензионер.

Па Филе неќеме сеа Аеродромската да ја праиме, али ти мислиш ли бе да поминеш бе у Бисер на кафе бе?

И баш некој кажа дека таму на Грчка сте и даале 75 миљарди евра, па ние бе за миљарда го признавме Тајван бе. За 75 ќе го признаавме два ипол месеца секој ебан ден и ти мислам шо е ова страни зимање? Ако не се пички нека дојдат у Аеродром ќе им кажеме и име и све кој ќе ни мења!

Значи друг пут коа ќе пишуеш извештај, па јави се бе мајку му, дојди таму Грујо или другиве прашај ги добар ли е вака извештајот ќе може ли да иде, едно друго, немој педерски работи позади грб ти се молам. Башка разбравме дека не сме само ние таму и кошаркарите ти пишуеле и сеа си викаме замисли сеа место да трењираат таму Грци да тепаат, они седнале раскази да пишуваат и тоа све ради тебе чоече.

Извини можда малку и пишувавме изнервирано у некои делови, али се надеваме дека нема да не сфатиш погрешно и дека ќе ни даеш таму претпристапни преговори ОДМА! И нормално ако не испоштуеш за писмово и муабетов, коа ќе доеш у Аеродром, ќе видиш што значи да те поштуе најбољата населба у Македонија, ќе те третираме ко цар.

Ајде памет у глаа и пиши коа ќе моеш!

Искрено на МЗТ и по малку твои,
Населба Аеродром



1 comment:

  1. Абе два дена по ред ти го читам постов и не можам да прекинам да се смеам. НЕ МОЖАМ!!!

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...