ФОКУС




ТЕКСТ БР.4


Стокец

Туку читам бе нешто весници ово оно пред некој ден и гледам:
До средината на идната година Кисела Вода ќе го добие споменикот „Македонски војвода на коњ“ откако вчера почнаа градежните активности за изградба на постаментот на локацијата Чешма
И луѓе како нож да ме проби кроз срцето македонско, аеродромско, до вчера Кисело Водско... Си велам, па добро мајку му, џабе ли бе го стававме ние овој коњаникот со се фонтани и паркче и црква, за на крај да го крстиме Јане Сандански? Па ондека на Плоштад цела ергела испонаредивме не коњи, не воини, не воини на коњи!!!
Па како можеше овие премудриве татковци  од Кисела Вода така јако да ни го спопикаат бе безобразни едни бе... Сеа пази што се дешава, одеднаш они се најголемите патриоти, а ова остало ситна риба, ма предавници бе! Овие од Центар имаат пази „Воин на Коњ“! Стаиле таму некој неконкретен и сеа џабе им е бе, нека го китат нека го пустат, ако сакаат и уште 20 метри повисок нека го направат и мадињата нека му ги направат колку двокатен автобус ако сакаат. Кисела Вода бе мајсторе си имаат „Македонски војвода на коњ“.
Го немаат они Јане, Гоце, Никола, абе мајсторе три у едно, ем да не се заебаваат коњ ваму, воин таму, па кај што мочал воинов фонтана да ставаат, да трошат државни и општински пари, па чекај овој зашто не го стаивте, па несогласици, не бе чисто „Македонски војвода на коњ“, па кој како ќе го удри филмот така нека си го замишља.
Абе брилијантно, не закопаа со потегов сите општини одеднаш. Сега јас да сум градоначалник одма би свикал седница најитно да се размисли како да им вратиме. Во Аеродром да го крстиме авионот што го ставивме Македонски Авион не иде, кого ќе лажеме? Може пилот да ставиме и да го крстиме „Македонски пилот во авионот“. Само се мислам копјето дали ќе го собере во кокпитот!
Центарци или Владата, можеби треба да си размислат Цар Самоил да го прекрстат во „Македонски цар на престол“. Така грандиозно да звучи! И кога сме тука, како да не ја споменеме тројката на Влатче, на која дури и Цар Самоил потстана.
Може исто малку на овие „поп арт“ скулптурите да им дадеме патриотски призвук и да ги прекрстиме на пример „Македонска шмизла на раскрсница“ или „Македонски чистач на кондури на столче“. Еве од мене еден предлог личен! Јас сум да направиме и една така поголемка статуа на средно Водно што ќе се вика „Македонски јебач у стокец“, ем да не се расфрламе сеа со имиња Петко, Станко, ем да се означи таа значајна социолошка, културна одредница во животот на многу млади скопјани и скопјанки, пардон се извинувам Македонци!







ТЕКСТ БР. 3



ЕНПЕ премин

           
Викаат за оние од другите градови дека најубав прериод во животот им се студентските денови. За оние од Скопје пак, во срцето секогаш им остануваат средношколските денови. Една констатација со која дефинитивно се сложувам. Еј во средно беше животот. На 5 метри од полициска станица, у школски позади у Корчагин дување џокла на голем одмор и после стресови кај Душка. Па, кидање у Ве, на пинбал висење уз сендвич со виршли.

            Памтам, физика имаше една фора, демек некој да ја раскаже лекцијата од претходниот час. И тој ден, на голем одмор Сале одлучи да го рипне редовниот џоинт на голем одмор и остана у училница, да учи за ЕНПЕ премин. Уговоривме цел клас, никој да не се јавува од тоа бубалиците, коа ќе праша професорката кој ќе ја раскаже претходната лекција. И така, ете го Сале ја финишира беспрекорно научената лекција по ЕНПЕ премин, професорката презадоволна, вика Сале купи ми сандале, ја мора да ти ја попраам оценката, ќе те прашам уште за Втор Њутнов и да ја попрааме.

            И тука имаш кочење, потење и до ден денес Сале е прв и једини доброволец кој добил еден на два јавувајќи се како доброволец. Си викам сеа Сале да можеше да и каже на професорката слушај не се договоривме вака!

            Да можеше пред да стане Сале као доброволец да му прати професорката СМС со прашање, Сале сакаш да те прашам за ЕНПЕ премин или за Втор Њутнов закон или сакаш и за двете? И Сале да каеше, слушај неам време сеа, се чекам со овие доле на џокла, така да само за ЕНПЕ прашај ме и не туку лудувај коа ќе излезам да одговарам.

            Јебеш тоа би ја убило целата забава...

            Замисли, од друга страна девојката што ти се свиѓа и од која ти се сече нога дури стоиш на шанк да ти улета со салфетка начкрабана со креон, сакаш ли да ти дадам од прва вечер или сакаш да ме прашаш прво да идеме на кино или и двете? Ова уствари и би било забавно, вака коа ќе подразмислам...

            Или му улетуеш на директорот у канцеларија, откако си добил меил од него кој гласи: Сакаш ли да те прашам дали сакаш покачување од 20% или дали сакаш службен лап топ или и двете? Можам ако сакаш и у едно да ги 3таам! И ти као му одговараш, стај ги двете у едно, на тој дома лаптопот му грее многу кулерот, а жена ми нема платено 3 месеци за курс по пилатес!

            Или па замислете да би имало вакви работи у Парламент! Прашај ме за ДДВ-то! Не тоа не би било мислам политички коректно. Нели?





ТЕКСТ БР.2



СИТЕ СЕ ФАТИЛЕ!

Седам така дома најнормално во монтка, чизми, нараквици исечени само кај прстите за да може да штракам по тастатура, си правам крукчиња со ху-то што се прави у соба, благодарение на ТоплиФИКЦИЈА и туку читам за акцијава под слоган Садиме денес-пишуваме и праќаме писмо за мирот!“ и се мислам право да ви кажам на која страна да ја фатам. Еднаш како аеродромци му пративме писмо на Филе, дури беше тоа лудилото, ама изгледа, уште не им е јасно на овие у Европа. Мислам јас не знам до кога треба споменари да им пишуваме и акции да организираме за на овие у Европа да им светне? Еве ме радува конечно што сега преку една поетски ориентирана акција, преку беспрекорно стилски уредените наши аспирации:

ќе кажеме дека засадуваме не само дрвца, туку и пријателство, добрососедство, толеранција и взаемна почит. 

Глупости, јас пак мислев дека само дрва ќе садиме. Ама налет, сепак мислам дека брилијантноста на акцијата е во тетратките каде може да се потпишеш. Јас мислам најдобро секој да смисли по некој стих, онака краток, моќен, да им ги стресе јајцата на тие во ЕУ и ОН, кога ќе прочитаат. И така, се открив од четирите кебиња и станав да прошетам низ соба да ми дојде некоја мисла, некој стих, како би го потпомогнал писмото за пенетрацијата на мојата држаа во ЕУ. Мислам сепак ова:

Писмо е повик за масовно заедништво и силна порака дека не дозволуваме да бидеме обезимени и не би дозволиле таква неправда да биде нанесена никому

Си викам Хорхе веќе им пееше од сред Велес на цела Европа:

„Јесен у мени тугује, а ја још садим Чемпресе!“

У Аеродром кај авионот веќе посадивме 200 јапонски цреши, немој некој да си поиграл со паметот и да се запраша зашто баш јапонски дрва се садат покрај авион и тука да најде некоја поетска алегорија!

Коце си пееше:

„Кад замиришу Јорговани!“

И бриљираше со липите во Вардар, за дури седиш на некој сплав, подзапиен да си подзапееш и самиот:

„Еј, липе цвату, све је исто, ко и лани!“

Да си погледнеш во Милениумското тркало и да си речеш: Што ти је јесен у ЊуЈорк бе чоече!

Туку у позадина си го замишљам Бране у подвезица како си пее:

I'm a lumberjack and I'm okay
I sleep all night and I work all day

Класичен летечки циркус без компас, битно знаеме дека накај Европа летаме. И сега откако политичариве, па и поетиве, па и кошаркариве, клошариве и кој ти се уште не, се потпишаа, јас се уште се мислам каква мисла да кажам, да им стане јасно, дека како што дрвото не се мрда никогаш, така и македонскиот народ е тука засекогаш. Да им објаснам дека со секое садење на еден на пример бор, силно се праќа кон Европа одговор, да видат дека тука живее милениумски народ преку садењето на една смрека рецимо!

Од сите мисли и стихови, ми остана само да си заклучам и да се сложам со Бата Џанго кога рече:

Акцијата "Засади дрво" си ја спроведов за Парламентарните избори. Гледам седница пред некој ден, СИТЕ СЕ ФАТИЛЕ! :)




ТЕКСТ БР. 1


ОДИ РЕЧИ НЕ

            Кафеанџиите да ги извадат најлоните, лимените табли или плексигласи од зимските тераси на своите кафулиња и да постават униформирани тенди, е предлогот на градската власт до сопствениците на угостителски објекити, кој допрва ќе се разгледува детаљно. Идејата е водена од ЕСТЕТСКИ причини... Дневник

Читам ова бе драги луѓе и не ми се верува... Па ја знам ние Аеродромци дуваме, али дека цело Скопје е издишано никад не би рекол. Си викам хипотетички, вака елоквентно да се изразам уште на старт да си знаете дека со едуциран кадар сепак си имате работа, да излезам некад субота, ко што искачаме по тренерка некоја дромска и дукс, на кафе таман за со тикетот. Непара расонет од претходниот ден, кога си се развалил некаде со екипата, забраден, мутен у глаата и влагаш у кафич и ај не смееш да пушиш, искачаш надвор... Се стационираш во некоја полуукочен Франко Неро стајача поза, разменуеш два три муабети со другарче од одделение, што стои пред другиот кафич, со урлање нешто како: Брат вчера се напраивме питекантропуси!!! И ние исто брат!
И туку од спротива гледаш така поддотерани костумосани човечиња како одат намќоресто. Приметуваш пола Бисер ставаат катанци на врати и палат у прошетка ко демек се клиенти, да не јадат некој ново фискален подјебник и туку овие, тргнуваат накај тебе и ти викаат:  Мали оди бе ваму!
Се вртиш глеаш накај тебе покажуваат, тргнуваш збунето со цигарата и уште не стигнат ти почињаат: Па ти бе се гледаш ли каков си неестетски бе целиот? Шо е ова брада? Тренеркиве не перени... У фацата глеј се на што личиш!!! Па џабе ли бе тендиве сме ги праеле естетски унифицирани, за вакви ко тебе да пушат???
Се вртиш глеаш естетски унифицирана тенда, се гледаш сам тренерките не перени, пошто обично у недела ги переш ко прав аеродромец и си викаш, па право зборат бе луѓево!
Ај гаси тоа цигарата и сиктер од оваа прекрасна естетски унифицирана тенда, ропак еден.
И шо ќе праиш ќе влезеш ќе земеш билтенот од кафич и ќе бегаш дома. Уствари ионака знаеш дека сега има веќе импликација за се, па ќе моеш од дома да си уплатиш преку ајпадот, што ќе си го купиш со парите од веб продавницата која ќе ја отвориш потпомогнат од проектот 50 веб продавници.
Мислам нашата 4 милионска нација според последниот недовршен „скајп“ попис е толку информатички образована, да готово секоја дужност веќе си ја извршува преку интернет. Било тоа да е пријави дупка, корупција, таксена марка, попис, импликација за радари, па сеа тикет ли еден да не моеш преку интернет да уплатиш? Глупости.
Него ај тоа ќе се снаоѓаме, ме интересира како ќе се договорат боја која ќе ја стаат на тендите? Замисли у Аеродром му доаѓаат на градоначалникот шефе ја мислев и се одлучив, црвени ќе ги праиме, да ги личи... И тука имаш: А МЗТ? Па шо МЗТ? Па плаво бел, до смрт ќе бидам плаво бел.. И имаш тешка забуна у табор... Иста заебанција очекувам и кај општина Карпош. Некако мислам нема да им личи на овие за Работнички со плави тенди а?
И туку Коце може мудро ќе пресече, РОЗЕВИ да ги фукне низ цело Скопје. Што ќе не личи значи такви собрани под розева тенда, за мерак! Таман на место ќе си биде тогаш муабетот пуши педеру! Оди речи не!!!



Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...