Не сум баш во тек и повеќе го пишувам постов како прашање, ако знае некој да објасни, пошто не ми е баш најјасно?
Дали Легијата и Токсикологија се мрзат? Има ли други екипи што фураат хип хоп? Ако се андерграунд Токсикологија зашто не ги фураат на 103-ка? Или па ти, што е тоа што ги праи нив комерцијала?
Пошто искрено не дека сум од Аеродром, а они како НЛО, ни се под наша капа, пошто нели наша е општината и сон на секој од Лисиче е да биде еден ден Аеродромец, ама сакам нешто да прашам? Ако успеале овие песни да ги наметнат како меинстрим и комерцијала, тогаш за што пее андерграунд сцената? Кој е најандерграунд моментално кај нас?
Ги загледав сеа едно ново дете Желе на ТВ многу откачен спот имаше , јес да скинат Слаткар и викам дај да видам што е работава. Излезе дека се од иста екипа и не само мој него општ заклучок беше дека дечкото е малку отпојќе депресивен, ама добро е најдов и една делумно оптимистичка песна. Како и да е, Желе ми е фаворит, пошто сите знаат дека Желе не е малку саглам :
Па ај кој знае нека пише нек ме просветли да не седам у прашалници. Еееј остаревме...
No comments:
Post a Comment