2012-08-01

Ина нот соу дистант фјучр






Инспирирано од:
„Олег сине, ти кога се роди, имавме струја“ -
 Влатко Васиљ, далечната 2012





Ми текнуе некаде беше 2012, Сирија јако се распукаа, грцине секој ден беа на штрајк пошо место 19 плати некоја будала од Етиопа, пардон односно тогаш уште се викаше Европа, реши да им намали на 18. Сале од маало купи веспа на кредит и еве уше го отплаќа, е тогаш бачко имавме струја.

Мислам баш ме болеше курац дали ќе уклучам бољер или не, климите фучеа дење ноќе, некои од нашиве дури и вареа сарма, без плинско. Еднаш ми текнува останав цела ноќ, со вклучен компјутер, телевизор, 103-ка на радио и си пржев палачинки негде накај 3 ипол вечерта. Немавме курац фенери тогаш ко денес, мислам јебеш бачко барок, тогаш имавме сијалици низ целиот стан. Стан тоа ти е нешо у што моеше една фамилија да си живее сама, без стрина, вујко, дедо, баба, внуци и добиток.

Абе памтам имаше Олимпијада у Лондон ваљда беше јебем ли га, абе телевизор у соба баче ЛУКСУЗИ, не ко денес што ни пуштаат на миса у параклис, секоја сабота. Абе тогаш имаше диска. Тоа ти е брат, едно место цееелото осветлено, што ти ја знам, вакви сијалици, онакви сијалици имаше едни и што усмеруваа светлост, кај сакаш - ласери брале! Имаше трепкачи, глаа да те фукне, абе курташак си игравме со тоа. На шанк доаѓаш, ладно пиво нарачуваш, фрижидерите грч...Абе уствари што ви кажуем имавме лед бе лед!




Едино женска коа сме фаќале си сакал темница јеби га. Ама тогаш имаше и коли, скоро сите имавме. И брат литро бензин беше као што да ти кажам, као потковица за коњ да речеме и ќе стаиш некој литар у колата и качуење на Водно. Од таму целиот град го гледаш, Видиковец братче. Тоа беше глетка!!! Илјадници светла гореа и моеше да видиш навечер како градот дише. Многу девојки ширеле нозе на таа глетка, ќе ти го кажам тоа брале.

Имаше и интернет, ја на пример имав блог. Тоа ти е нешо како катастар, само шо не пишуеш со перо него дигитално брат. Не знам како моеше, порано моеше, ради струјата ваљда. Многу мангупска работа, ја да ти кажам, пошо сите имаа тогаш интернет и можеа да те читаат. Моеш да си замислиш, секој да си каже шо сака и другиве да го читаат а? 

Него ај да терам ја, треба да ги исчистиме спомениците, кај да е ќе дојаваат овие, беа на патриотски средби у Воден. А ене го кај е Воден, два дена јавање!

Нека Македон биде со вас!




3 comments:

  1. Шо бе фјучр? Па Коце Бела Чарапа има така живеено у Булачани пред да стане градоначалник на Скопје.
    Креветот му бил одма до втората коза десно... :)

    (Настрана мојот јаден обид да бидам смешен, постов ти е брилијантен! Не стакло од Сваровски, баш брилијантен!)

    ReplyDelete
  2. Ти благодарам Ванчо за убавите зборови, значи кога се кажани од тебе.
    Поздрав и нека ни е Македон напомош :)

    ReplyDelete
  3. Od poodamna ne sum procital nesto poblesavo i poverodostojno ko nasava ispakulicena realnost.. i mi pomogna d ase setam na edna prikazna za nokoj nekogasen vladetel, koj pred smrtta gi sobral svoite trojca sinovi i resil da im go podeli nasledstvoto. Na najstariot mu go ostavil zaltoto, na sredniot zemjata, a na najmaliot samo portert na golemiot vladetel vo zlatna ramka. Vladetelot nabrzo pocinal, a sinovite si trgnale sekoj po svojot pat.. Se sretnale posle desttina godini i si gi raskazale svoite prikazni.. Njastariot i sredniot sin - ostanale bez nisto, noviot vladetel koga dosol na vlast se im konfiskuval.. a ednistveno najamaliot stanal milioner.. Se setal od grad niz grad so glemiot uramen portret na tatka si, go postavuval na gradskite plostadi, i naplakaj po eden denar na sekoj koj sakal da go popluka portretot na negosaniot vladetel..Imalo i takvi koi plakle se dodeka ne im presusile site tecnosti od ustata..

    Saso Trajkoski

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...