Го знаете верувам сите, она типче со наочарчиња чија луцидност и бескомпромисност ги доведуваше до лудило влади и влади наназад. Беше истепан од банда келави типчиња насилници за кои не знам до денешен ден дали беа најдени, знаеше да се тргне од Фокус-от на јавноста, но секогаш беше присутен да искритикува и да открие доколку нешто не беше во ред.
Лично не го познавав, немав среќа ете тој ден кога појдов во редакцијата на Фокус да го запознаам, иако запознав неколкумина со кои сум и ден денес пријател и за кои ме врзуваат пријатни, па и непријатни сеќавања. Сепак животот е тоа, кога ќе се свртиш наназад еден куп сеќавања, убави и помалку убави и неретко треба еден ваков ден да не потсети дека животот е прекраток за да не правиме големи работи. А тој знаеше да ги прави!
Појдов тој ден во редакцијата на Фокус затоа што беа млад дневен весник (иако неделникот веќе долго време постоеше) со желба да променат нешто, да одиграат поинаку, да го кажат зборот на народот, па дури и нас блогерите. Блогов до ден денес има секција која се вика ФОКУС , секција на која сум особено горд, излегоа во весникот тогаш 6 текста, иако има тука 4, другите се некаде расфрлани по блогот... Текстовите излегуваа еднаш неделно и тоа траеше некои 2 месеци... Период на кој уште еднаш ќе потенцирам сум особено горд до ден денес.
Чувствував обврска дека треба и едноставно сакав да ја раскажам оваа приказна за да знаат сите оние што некогаш прочитале блог, парче весник, неделник, колумна, некоја реченица онлајн, дека Никола Младенов го поддржуваше сето тоа.
Биле тука разидувања со многумина, биле различни ставови, пристапи, но квалитетот секогаш испливувал и тој тоа секако го поддржуваше, слободата на говор и правото на слободна мисла и затоа треба да ја има нашата огромна почит. Во едно сум сигурен мојата сигурно ја има...
преземено од тука
No comments:
Post a Comment