2015-09-24

За моето Р



Што правиш?
Те чекам.
Знам ама што друго правиш освен тоа?

Како тоа да тоа е ништо. Како не е еј, ај дојди на викенд неќу пошо немам со кого и ја чекам.
Демек зашто си бе така ќутлив да не чекаш некого и треба нешто друго освен тоа да правам.
Знаеш очајно ни требаше некој да е весел и насмеан дента и затоа не те викнавме и тебе, тебе ти олеснува затоа што те чекам знаеш. 

Го залепив огледалото и испадна подобро од што се надевав сега може да се гледам дури те чекам. Знаеш и го правам тоа, понекогаш палам цигара и се вртам накај огледалото му викам You talkin' to me? Се насмевнувам дури те чекам.

Мислам стварно правам многу нешта дури те чекам еве пред некој ден не мислев на тебе седумдесет и седум минути... Чекав автобус, па да не се преклопуваме ја замолив записничарката да ги извади од записникот сите седумдесет и седум минути. Времето е чудно овие денови ладно е топло е, дожд, па сонце, не знам, ама мислам и време му е пошо дојде есен.

Пред некој ден ја видов градината сите цвеќиња поцркале човече као некоја туга да ги убила, де бе викам чекајте малце глеате ја чекам што сте се запнале, ионака не е крај на светот и не смее да биде дури ја чекам.

Те кријам од други не им кажувам бројам во себе и смислувам како да не ме познаат дека упорно те чекам. Па неретко зборувам политика, имам мислење за бегалската криза, за ганџата дека е ебано скапа, за поврзаноста на честичките кои се наоѓаат на огромни далечини, за студентите, го кажувам вицот за Сартр и некако ги гушам со излитени фрази и недопиени вина да не ме прашаат зашто уште те чекам. 

И не’ замислувам знаеш, дури те чекам, како честички чиj спин од сите други неброени комбинации на честички зависи токму од спинот на другата. Не замислувам јас лево ти десно, се вртиме и танцуваме во бескрајот на вселената опиени од се уште необјаснивата поврзаност... Засекогаш... И од сите тие комбинации, од сите тие танцови и бескраи, последниот, последниот танц го чувам за тебе.

И следниот пат кога ќе ме прашаш дали нешто друго правам освен што те чекам? Нека биде дека учам како се вика Р...










2015-02-20

Пар филмски наслови (актуелно) #мкдфилм продакШн



Подолго време го мислам постов и ми е жал ко за подолго мислена ствар што олку шит реализација ќе има, но што е тука е. Да сум дизајнер би направил и пар постери ама што е тука е. Па да почнам со предлог филмските наслови пошо што е тука е:





  • Титаник (не треба пуно објаснување верувам. Продукција Влада)
  • Отпуштено (филм за галопирачкиот раст на економијата)
  • Автономна дома (инди филм (пародија) у кој пар хипстери бараат тоалетна на Твитер да може да остварат некои основни права)
  • Некои го сакаат тоа тешко (народен филм 99% финансиски поткрепен од маса морони)
  • Кум (не би коментирал)
  • 12 љути луѓе (Седница на Влада у која дискутираат жолчно од каде да нарачаат пица)
  • 50 нијанси на диво (филм за струшката ривиера, општинска продукција)
  • Вообичаени осомничени (документарен филм за невладиниот сектор)
  • Престиж (краток филм за животот на човек што седи на кафе у Броз откако успешно ја паркирал колата на Партизанска)
  • Животите на другите (долгометражен филм за македонската дијаспора)
  • Граѓанинот Цане (урбана приказна од скопскиот асфалт)
  • Третиот човек (филм за телекомуникациските услуги. Внатрешно спонзориран)
  • Роки (не би коментирал) 
  • Кој се плаши од Вирџинија Вулф (шознам нека стои!)
  • За шаку долара! (овој филм како и Брус Ли у Змајевом гнездом како и Осми Путник немаат други пооригинални наслови од овега. Филмот ја објаснува уствари све објаснува)
Би ве замолил кој има предлози да ја продолжи листава комотно може и со постери во коментари или на твитер или фејбук или каде и да е. Предлог хаштаг нека биде #мкдфилм




2015-01-28

Claxi апликација која ќе ни го олесни движењето со такси




Последниве денови ги дружев дечките од Claxi мобилна апликација која е наменета за корисниците да добијат подобра такси услуга. За Claxi првпат дознав од натписот во IT.com.mk Aпликација на денот: Со Claxi може да нарачате скопско такси „со еден клик“

Се работи во основа за мобилна апликација која ви овозможува да добиете брзо и навремено информација без да вртите на такси компанија дали и кога има слободно такси за саканата дестинација која прилично интуитивно ја селектирате на мапа. Откако ќе изберете побарувачката пристигнува до мрежа на таксисти кои ги праќаат своите понуди. Убавината е во тоа што може да си изберете такси по ваша желба, ги има и податоците на возачот и да ја погледнете понудата односно цената и врз основа на тоа која е најповолна за вас да си изберете. 

Убавината кај нарачката е што откако ќе ја прифати вашата понуда возачот има достапен чет во рамки на апликацијата каде може да дефинирате точно на пример на која страна да ве чека, пред кој влез и тн. и има можност да ве извести кога е пристигнат на локацијата. Онака ти стига нотификација. Те чека шоферот :)

Тоа според мене е супер можност за да не мора во студените месеци да висите ко мисири на -20 или ако се деси да се занесете некад, па да заборавите дека сте нарачале такси уопште! За причините за занесување не би навлагал сеа.



Сликава е голема пошо толкав ми е мобилниот!!!


Иницијално кога беше пуштена апликацијата дечките имаа проблем со недоволен број на таксисти и со тоа понудите за такси беа мали недоволни. Но сега ме уверија дека бројот на таксисти е зголемен и може да почнеме да го користиме сервисот. 

Па луѓе симнувајте ја апликацијата на овој линк http://goo.gl/2Gnwy2 и да почнеме уште од денес да Клаксиме.






2014-12-07

ШОКАНТНО: Катарина Ивановска има Фондација



Еј ако постов има 500 читања ми рекоа дека ќе се сликам со Катарина Ивановска, па ако можете читнете споделете не би било лошо :)

Инаку Катарина има фондација и може да видите нешто повеќе за фондацијата тука

И ако купите автоматски донирате на деца од социјално загрозени семејства и тоа би било баш кул!!!

„Инаку уникатните маици од колекцијата „ПАРГО“ се продаваат во салонот кој е лоциран позади „Броз кафе“ на булевар „Партизански одреди“. Дел од колекцијата „ПАРГО“ се и маици чија продажба се донира во фондацијата „Катарина Ивановска“ 














2014-11-25

Шо викате?




Идеја ми даде следнава вест: 


Националните приватни  телевизии  Алфа, Телма, Сител, Канал 5 и Алсат М ќе се залагаат за своите права на пазарот преку заедничка асоцијација во рамки на Стопанската комора на Македонија.


Е сега веќе кога се на едно место и топтан да им се обратиме со барање да ги тргнат ефтините синхронизирани турски, индиски и какви се’ не сериски филмови во примарните термини од своите телевизии. Од простотилук ни крвави веќе општеството и овие општествени конституенти со шундот што го шират да дополниме тука и Ѕвезде Гранда и слични кењара шоуа и тоа како имаат свој удел. 



Што предлагам да направиме:

  • Да направиме некој вид на здружение каде ќе ги дефинираме и прецизираме нашите барања (да се тргне шундот од ТВ) и ќе ги направиме јавно достапни
  • Да искористиме сервис за онлајн петиција која би побарале поддршка од јавноста да биде потпишана и да ја упатиме до оваа асоцијација погоре спомената да ја испочитува и да ги тргне булшит сериите и шоута од програмата
  • Да побараме од македонските производители да не се рекламираат за време на овој шунд во спротивност ќе ги избегнуваме нивните производи

Што сето ова би значело:

  • Ќе се подобри квалитетот и едукативната страна на програмите и ќе се „разбудат“ телевизиите да наоѓаат квалитетни содржини наместо класичен булшит
  • Ќе се натераат да продуцираат сопствена програма во отсуство на странски квалитетни сериски филмови или документарки, кои ете им се многу скапи.
  • Тоа ќе значи повеќе работа за нашите креативни работници и одговорност на медиумите дека не може со лижење кај актуелната власт (која и да е) и служење ко нивни инфо сервис да протињаат глупи ефтини шоуа и серии, со крајна цел лично богатење и да се повикаат на јавна одговорност.
  • Сигурно ќе има и други непосредни користи кои со тек на времето ќе произлезат
Тука сакам да истакнам дека сум пријатно изненаден од подобрувањето на квалитетот на програмата Македонската Телевизија МТВ1 пред се’. Од документарни, забавни емисии, до сериски филмови и долгометражни, па се до спортскиот дел, нешто на што останативе во потполност почнаа да потфрлаат. И знам дека е најлесно да се каже смени канал, ама кога веќе се праат паметни, па ќе одлучуваат и тие нешто за права на пазар енд шит да ги потсетиме дека покрај права имаат и обврски!!!

Делот за вести нема што да го дискутираме. Туга брате!!!

Кој е за???






2014-10-17

Моите 5+1 омилени TED видеа




Ме фати неспремен од работа без целосен пристап на интернет куче едно @zuberot со предизвикот.

Но, јас не би бил јас ако не се извадам од секоја ситуација нели :)

Особено горд дека после два организирани настани ќе може да си изберам 5 видеа од „нашите“ говорници и супер што ме потсети да го направам ова.  Значи одиме со ред (то ест без ред бројките се рандом, колку да избројам):

5. “Од подрумите на Шутка до освојување на светот” – Шутка Рома Рап 

4. „Луѓето како процесори“- Игор Трајковски

3. “Остварете го својот сон” – Никола Узуновски

2. Endorse Walter, Небојша Илијевски

1. “Мрзливи во преводот: од јазикот кон светогледот и назад” – Илина Јакимовска



Што се однесува до ТЕД говори топ три ќе издвојам:

1. Дејвид Брн

2. За како се креира движење

3. Овој мал цуфтар баш ме подзамисли за животот и моите ставови и топло го препорачувам!


И да...

Ај да праиме пак TEDxSkopje пак што???






2014-10-01

Конфузна





Сите оние тони лисја што изговараат имиња кога чекориш по празните улици,
Она лажно сонце што те грее и те настинува да не можеш да се помрднеш од креветот, како некои насмевки.
Ебаниот 11 Октомври и првата пушка и втората и сите ајвари...
Никогаш не го засакав октомври.



Од денес не пушам ме искина синусот,
Горчината на изневереното ветување дури ја палиш првата цигара утрото,
Не научив да скијам и да се радувам на снегот, а и кога паднал снег во октомври побогу?
Чај би сакал со мед, ама не од оние пластиките, туку ако имате природен.
А девојките се толку слатки во оние џемпери кога шетаат како да се кафекуварки на Ентерпрајс.
А којзнае, може и не го сакам Скопје во есен или е само октомври.



Ја чистев собата денес,
Полно прашина, сметки и по некоја заборавена шнола,
Во белата градинка пар малишани се радуваа на првото ху.
Баш мразам ху!
Се поднасмевнувам и дишам во јакната да не испуштам нити здив.
Октомври е супер за џез, за грицкање нокти у соба, за дожд и да дужиш пари.
Баш никогаш не сум го сакал.


Еден од овие денови ќе рече некој на радио стигна есента во полн ек,
Автобусите крцаат од изгужвани фаци кои не одат никаде, а постојано патуваат,
Можеби стварно не го сакам Скопје и октомври,
А ретко кога го гасам бољерот, цела среќа што измислија термостат, ама сметките се ужасни!
Во октомври!
Никогаш не го засакав!





Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...