Театарот е за нормални луѓе


Војо Цветановски
Авторот е театарски режисер




„Театар од 2-иот Кат“. 

- Театарот треба да го создадеме, да го изградиме од темел -

Конечно се осудив да ја реалзирам идеата која во мене тлееше и се создаваше уште од деновите кога завршив академија. Да создадам моја приватна театарска продукција, т.е. театар кој ке селектира млади актерски талентирани натуршчици и со нив низ работилница по актерско мајстортво ќе создаде сопствена театарска продукција. Тогаш, како млад сеуште театарски несозреан, насоките за тоа каков карактер на театар сакам да создадам, не ми беа исчистени и ги барав скриени, во себе, а и во театарите кои ги посетував, гледајки им ги реперотарите во целост. 

Во 2006 година во Белград, започнав да го пишувам проектот, АЛТЕРНАТИВЕН ТЕАТАР. 
Од 2006 до 2008, живеев и работев во Белград, како креативец во една маркетинг агенција. Искрен да бидам во тие 2 изминати години во главниот град на бившата република, имав шанси и можност да ги гледам, а богами и да се инспирирам од нивните алтернативни продукции, кои функционираа беспрекорно. 

Тоа во мене повторно да ја разбуди идеата за создавање на сопствена театарска продукција со работилница. 

Цела година, пишував за што би се борела оваа алтернативна продукција, доколку би станала реалност. Пишував со сознание, дека се ова не е бадијала. 

- Какви би биле ставовите на овој театар!! 
- Каква порака ќе прака овој театар! 
- Колку ќе е силен општествениот крик на овој театар! 
- Какви претстави ќе нуди овој театар!

Во 2009 се вратив со сите куфери во Скопје. Сретнав нови луѓе, кои му дадоа сосема нов смисол за моето размислување во врска со театарот. 

Но, идеата за создавање театар, никогаш не исчезна. 

И така во месец Октомври во 2010 во Скопје се одлучив да го започнам во практика овој проект. 

Идеата за создавање театар од темел, сопствен театар, со сопствен став, кој ќе собере екипа која ќе се посвети во целост на овој театар, од причина што и мојата насока за него е целосно искрена и чесна, им ја раскажав на некои „мои блиски“.

Неочекувано за мене, поставеноста и ставот од истите тие „мои блиски“ беше негативно протолкувана. Гледаа во мене, како да сум ненормалаен. Ми даваа насоки, кои според истражувањата кои тие ги направиле, бадијала била оваа моја идеа. 

Пробаа да ме премислуваат, барем мислеа дека ке ме премислат во намерата ова да го разработам.

Јас велев - мислам дека сега, конечно ја имам точната формула како оваа идеја, да се постави на стабилен темел и да почне да расте, а за неколку години и да прерасне во влијателна, конкурента и почитувана. 

И така, јас, со сета своеглавост која се насобрала во мене, во месец октомври 2010 го објавив кастингот за актери, во Универзлана Сала. 
На кастингот, се јавија 25 кандидати. Селектирав 15-тина и за една седмица се собравме да започнеме со работа, да го реализраме проектот кој го пишував уште пред 4 години во Белград, а кој доби име - АЛТЕРНАТИВЕН ТЕАТАР -.

Искрен да бидам малку бев вознемирен бидјеки сето она за кое сонував изминатиот период, беше ставено на тест да добие сопствено лице. Ќе треба многу да се потрудиме, но верувам дека сите веруваат дека вреди.

Се затворивме во една од собите на Универзална Сала. Седнавме во круг и јас започнав да им ја изложувам идеата, за тоа што очекувам од театарот, што очекувам од себе си во театарот, а и што очекува од нив во театарот. 

Станав. Почнав да заобиколувам одејки, околу седнатите луѓе кои седеа на столиците во очекување на она што допрва ќе им го кажувам.

Почнав.

- Оваа театарска продукција, има за цел да создава актери, кои за 2-3 години би требало да бидат подговтвени на „својот грб“ да носат репертоар на еден сериознен и стабилен театар.

Како ќе го постигнеме тоа?! 

Од утре, почнуваме со работилницата по актерско мајсторство, која ќе е во времетрање од 3 години или 6 семстри. 
Ке ве учам, јас. За овие 6 семестри, вие ќе ја поминете програмата по актерско мајсторство, која јас ја модифицирав ослонувајки се, на онаа која се изучува на НАТФИЗ - Софијската Академија за театар и Филм. 
Во овие 6 семстри, ќе работиме по правилото, создади од нула. 

И веднаш да сме на јасно.

„ Јас нема да ви кажам како треба. Ќе ви кажам како не треба. Вие самите, ќе си создаде сопствен стил, по кој ќе бидете препознатливи во актерката фела.“ Симболично речено. 
- Да си замислиме дека сте глина, на која јас за време на овие 3 години, ќе и дадам форма, а вие ќе и дадете боја -!

Ќе работиме.

„ Етиди. Вежби. Монолози. Дијалози. Едночинки. Два Чина од пиеса. 40 минутна претстава. Целовечерна претстава. “ 

Чехов / Шекспир / Домашен Автор / Апсурдна драматургија / Американска Драматургија / Античка Драматургија /.

Актерски ќе се развивате, според системите за развивање на; 

Станиславски, Немирович - Данченко, Мејерхолд, Брехт, Антон Чехов, Ли Стразбер, Еуџенио Барба, Лоренс Оливие и потоа секако модификации.

За да успее ова, треба сите да сме, посветени, сериозни, професионални и да ја внесеме целата душа во овој проект. Ова се прави со срце и душа. Доколку некој во театарот гледа место каде ќе доага да се забавува, да се покажува себе си, да глумата, може веднаш да замине, да не си го губиме времето бадијала. 

Некои заминаа, некои останаа. 

Со оние што останаа, десет наброј, се зафативме со сета сила да работиме. 
Да го создаваме нашиот театар. 

Актерски, започнаа да напредуваат побрзо од колку што очекувавав.

Тетараот го крстивме, ТЕАТАР ОД 2-ИОТ КАТ, бидјеки во моменти, во кои се уште работевме како соработници со Универзална сала, просториите ни се наоѓаа на 2-иот кат. - Практично, зар не?! -

Од Јануари 2011 до денес изработивме се' што се договривме на првиот собир кога се наместивме во круг. 
Ги изработивме сите оние задачи кои си ги поставивме како цел. 

Првата година, изработивме, етиди, двојни / тројни, монолози, минијатури.
Втората година, изработивме дел од Чеховиот Галеб, нарекувајки го „ Парче Галеб“ и Шекспировата, „ Ромео и Јулија “ во Comedia Dell Arte - стил.

Минатата година, во Мај 2012, како за завршница на семстралниот дел, ја одигравме целовечерната претстава, „ХОТЕЛСКИ ПРИКАЗНИ“, компилација од мојот текст, „ЈАС БЕВ ДОБАР и НОРМАЛЕН ЧОВЕК“ и дел од дијалозите од „ММЕ КПП“ на Дејан Дуковски.

Кон крајот на 2012 година, ја напуштивме Универзална Сала како објект во кој работевме од 2010. 
Крајот на 2012, се преселивме во ДОМ на АРМ. 
На Универзална им се заблогодаривме за времето кое ни го отстапија таму и за се што не „трпеа“, додека бевме дел од нив.

Во оваа 2013, ТЕАТАРОТ ОД 2-ИОТ КАТ, селектираше нови, 5 актери, кои ке поминуваат низ работилница по Актерско Мајсторство, за да се приклучат кон оние, кои веќе одминаа 4-ри семстри.

Многу нешта се случија во овој период од 2010 до денес. Имаше и некои радикални промени кои му се случија на театарот. 
Сознанието дека ваквата работа носи и радикални промени, јас ја прифатив улогата на некој кој ќе треба последен да пресекува при одлуки. 
Не многу благодарна улога, но сепак, некој мора и тоа да го прави. 
Сите одлуки донесени до сега, ги доживеав како некои, кои му прават единствено добро на театарот, а таквите мои одлуки, на некои луѓе не им се допаднаа. 

Она, што не престанав да им го кажувам на моите студенти сиве овие години е тоа дека, и покрај се, на крајот од денот мора да останат добри и чесни луѓе. 

Да ги следат своите мисли и да не престанат да прават театар. Театарот е во нас, ние создаваме театар. 

ХОТЕЛСКИ ПРИКАЗНИ од оваа Сабота, 30-ти март од 20ч., се враќа на репертоарот на ТЕАТАРОТ ОД 2-ИОТ КАТ на сцената во ДОМ на АРМ. 

Сите сме со надеж, на повеќе вакви и други претстави, кои ке го изградат реперотарот на нашата театарска продукција.

Повелете ве очекуваме.






Јасна, Дарио Фо, Светскиот ден на тетарот и помеѓу нив, Јас.

Скопје, 2013, Март ,26-ти. Вторник.

Денот беше еден од оние вообичеаено одвратни денови во Март, кога Скопје се претвора во град, во кој не се знае, кој пие, а кој плаќа?

Останав сам во театарот, по пробата на Хотелски Приказни, која патем помина многу лошо. Почнав да се прашувам дали некои работи ќе успеат да се корегираат до премиерата, која е оваа Сабота, а до тогаш има само уште 3 дена.

Седнав сам во гледалиштето и гледав кон сцената. Налик празна, но сепак преполнета со дух и суштина. Костимите, кои беа расфрлани по седиштатата и осамената сцеографија која висеше на сцената, како да ќе прозбореа мегу себе? 

По не знам кој пат, се сретнав со тишината на театарот, и овој кој знае кој пат, повторно како да беше прв. 

Молчиме, и тишината и јас. Палам цигара во знак на протесет. Отворам лименка пиво со надеж да се опуштам.

Седам во крајните редови на театарот дистанциран од сцената, за да ја гледам поубаво. 

Во салонот, влегува хигиеничарката Јасна. Жена на околу 49 години, со кратка коса, слаба - испиена во лицето кое никогаш последниве три години, не покажало никоаков израз. Носи округли наочари, позади кои очите и делуваат како џамлии. Во театарот позната е по тоа што е тивка и неприметлива. 
Веројатно останала последна меѓу хигиеничарките за да ги собере глупостите кои ги оставаме позади нас и да ги фрли во губре од наше име.

Доага до режисерскиот пулт и ги собира работите кои сум ги оставил на масата. 
Ја гледам и ми станува непријатно од тоа што сум оставил позади себе губре, а некој друг ќе го собере наместо мене. 

Јасна нешто си мумла. Веројатно пее во себе. Од длабочината на партерот и се обраќам.

Јас
Јасна, те молам остави го тоа, ќе го соберам јас кога ќе си одам одовде.

Јасна
(погледнува нагоре. подзамижена.)

Војо, ти си? 

(се масмевнува и продолжува да собира од мојата маса) 

Нема проблем, јас ќе соберам. Тебе и бездруго, ти треба спокој.

(Пауза. Се напивам од пивото. Зачуден сум од ова што го кажува Јасна. „Тебе ти треба спокој“. Не возвракам ништо, само гледам во спокојната жена, која ги собира остатоците. Собирајки така, повторно погледнува кон мене)

Јасна
Пушиш? Може да заплам и јас една цигара?

(Ми станува непријатно, што оваа жена, која патем, може да ми биде мајка, ми се обраќа како да сум и некој претпоставен)

Јас
Се разбира дека можеш да запоалиш цигара. Те молам, немој да ме прашуваш, вакви работи?

(Јасна, ги остава работите и се качува по скалите кои ја носат кон мене. Застанува во редот во кој седам јас, и влегува во него. Доага до мене. Седнува на две до три столици оддалечена од мене. Од црвената работна кецала, вади кутија цигари, Филтер 57. Ја пали со запалка, на која е испишано името на некој ситен политичар, кој ги делел запалките, во предизборната кампања.)

Јасна
Ја гледав пробата на Хотелски Приказни. Оваа вечерва. (пауза.) Видов, дека остана сам по пробата. Останав намерно последна, со желба да се сретнам со тебе да поразговараме во врска со денешнава проба ...

(се вртам кон Јасна, бидејки никој волку не ме заинтересирал во последно време. Особено, не некој кој навидум е невидлив мегу нас. Се факам, за џебовите да видам каде се моите цигари. Јасна ги вади своите и ми ја подава целата кутија.)

Јасна
... слободно земи си. (ми ја подава и заплаката) Останав за да ти раскажам една приказна. Пред да почнам, сакам да ти кажам, - ќе звучи клише, но подоцна ќе образложам - , не треба да си вознемирен. Видов колку се вознемири, после пробата. Сметам дека тоа е вообичаен дел од процесот на било која друга претстава. Си го нарушуваш здравјето со тоа што избувнуваш така. А и самиот знаеш до каде си со здравјето. 
Сети се што зборуваше пред извесно време на трибината за модерен театар, одржана тука во Скопје, кога им одржа лекција за тоа, - „ дека во театарот најважен е процесот и се она низ што минуваме ние артистите во тој процес, додека да ја пуштиме претставата во етер“. 

Ти го кажа тоа, зар не се секаваш?

(јас ја гледам збунето и не трепнувам) 

Да, да. Не ме гледај така збунето, јас бев дел од таа трибина. Стоев во аголот на салонот, во кој се одржуваше таа трибина. Требаше да го соберам губрето кое го оставте после вас, како и секогаш. 

Ти беше тој кој најгласно зборуваше за тоа, како треба да се биде смирен и сталожен за време на еден процес во театарско отстварување и да се разработува темелнно и студиозно. Да се бараат нови решенија, нови пристапи, нови форми, нови анализи на процесот, во целина и така натаму. 

(Пауза. Почнува да ми станува непријатно. Се чувствувам како да сум ставен на тапет, и сега ке се наредат сите вработени во театаров и ќе ме искраат како мало дете, кое не си го изело доручекот во градинка. Јасна, молчи. Воздивнува.)

Цело време, последниве 3 години, од како сум вработена тука во театаров, сакам да ти кажам нешто, но никако да најдам погодно време за тоа. Мислам дека сега е вистинскиот момент. Јас сум католик, знаеш? 

(јас одрекувам со главата во знак на не знаење и не разбирам зошто воопшто би 
требало мене да ме интересира тоа? )


Потекнувам од едно сирмоашно село близу Сисак. Сисак е мало гратче на 30 минути од Загреб во денес, самостојна Хрватска.

Јас.
Да, да знам каде е Сисак.

Јасна
Пред 30 -тина години, сакав да се запишам на Академија за Драмски Уметности во Загреб, но моите родители, тогаш, ми забранија да се занимавам со театар. 
Мајка ми беше благородна жена, посветена мајка и одлична домакинка. Со своите мили, крупни и топли очи, нежно ме гледаше и велеше ;
- Сине, театарот е ѓаволска работа. Немој. Немој, мајка да ја секираш. Јас сум побожна жена, а и секоја недела одам во црква. Црквата го забранува тоа. 
Што ли ке помислат пријателите, со кои се срекавам во црква? Работи си нешто нормално. Млада си, ќе се снајдеш. За сите под ова небо има доволно место. Секој си ја наоѓа среќата. И ти ќе си ја најдеш. Само немој театар, те молам ... 

(сега веќе бев на јасно зошто ми го потенцираше католицизмот) 

... И така, ја послушав мајка ми. Не појдов на АДУ. Останав во Сисак. По една година во армијата на тогашна Југославија, во Сисак, дојде еден десетар, Скопјанец. Се заљубив во него. По 8 месеци врска, забременив и се омажив со него. Моите беа пресрекни. Борче, мажот ми и Јас во таа 1983, се доселивме во Скопје. 

Со годните, нормално тука се вдомив. Имам две прекрасни деца кои се навозраст, речиси колку тебе. Денес кажувам дека Скопјанка, каде и да одам, по светов. Искрена да бидам, не одам никаде. Не мрднувам од Радишани.

(Пауза. Веќе сум сериозно збунет. Димот од цигарите, го надвладеува целиот театар и како облак виси над нас. Веќе заборавив, на костимите, сцената и лошата проба. Јасна станува поинтересна. Отворам ново пиво. Почнуваат да ми се вртат прашања во главата, кои ми создаваат конфузија. Но тоа не и го покажувам на Јасна. Таа, спокојна, продолжува.)

Цел живот сакав да се знимавам со театар. Театарот беше и се уште е мојата најголема љубов. На некој начин и денес сум во театар, благодарение на тебе, но во улога на нешто друго. За мене веќе не е важно во улога на што ќе се јавам во театарот, важно е да бидам во него. Тетараот се сака со срце и со душа. Кога останувам навечер сама по завршувањето на вашите проби, да дособерам позади вас, веднаш штом завршувам со чистењето, се прикрадувам во фундусот и се осблекувам во костимите од претставите, кои ги играте. И тогаш ... длабоко воздивнувам. Во тие кратки скапоцени моменти за мене, вистински ми трепти срцето. Вистински ми се потат рацете. Излегувам на сцената облечена така во костим, ги палам рефлекторите и кажувам монолози, монолози кои останле во моето секавање. Некои од младоста, а некои и од вашите претстави, кои сум ги гледала небројни пати. Едноставно, за мене театарот секогаш бил и ќе остане светилиште, храм, место во кое пред да влезеш треба да се прекрстиш или да си ги соблечеш кондурите. Место, во кое и болниот оздравува. Место во кое се испреплетни душите на многу артисти и струјат во воздухот како енергија која од ден на ден е се посилна и поголема. Јас, тоа го чувствувам речиси секојдневно. Тетарот е место во кое, само тишината ја гледа, виситнската вистина. 

(Пауза. Во очите на Јасна го видов жарот за театарот. Како што кај многу други „ театарџии “ никогаш не сум го видел. Таа, гледаше право сцената, а јас како маѓепсан гледав во неа. Го намали ритамот на дишењето, ги избриша очите, кои беа полни со солзи, солзи кои покажуваа страст за театар. Подголтна и продолжи.)

Јас, денес во животот сум тука каде што сум и сум тоа што „изгледам дека сум“. Длабоко во себе си, сум артист и го носам театарот во срце, исто колку што ја носам и љубовта за моите деца. И да знаеш, никогаш не ќе престанам да бидам тоа.

(Двајцата замочевме. Јасна погледна на својот рачен часовник. Се сецна.)

Јасна
Морам да одам. Последниот автобус за Радишани ќе ми побегне. Еден ден ќе ја продолжиме приказнава. Се разбира, доколку те интересира?

Јас
Секако дека ме интересира.

Јасна
Сакав да ти кажам, дека, не вреди да се нервираш. Хотелски Приказни е одлична претстава. Ви го гледав првиот прогон и задоволна сум. Се ке биде добро. Немој да се потресуваш. Најважно од се е тоа што ти си ја сватил суштината на театарот, а тоа е да го живееш процесот и да пораснеш низ него. Тоа те прави голем артист. Претставата е само продукт на нашиот експеримент наречен процес.

(Јас климнав со главата во знак на потврдување. Јасна ми одржа лекција за театар. Сега, јас гледав кон сцената од што ми беше непријатно да ја гледам во очи. 
Оваа жена, која туку што ме потресе со својата приказна, е „невидливата“ хигиеничарка во нашиот театар. 
Јасна, ја угаси цигарата. Се облече и замина. Останава сам. Бев шокиран. Се прашав, како се одредува кој навистина - суштински е, а кој не е артист, во овој наш мал скромен театар? 
Часовникот веќе покажуваше 22. Станав. Тргнав да ги гасам рефлекторите и јас да си одам одовде. Одеднаш, Јасна целата задишана, облечена во својот „евтин“ капут се појави на вратата)

Јасна
За малку да заборавев. Нека Ни е Срекен Празникот, светскиот ден на театарот, утре - 27 март. Прочитај ја пораката која ја напишал Дарио Фо. Поврзана е
со театарот на „comedia dell arte“, знам дека ти го сакаш тој тип на театар. Одам сега, пријатно. До утре. 

(На излегување од театарот, портирот тропна на џамчето. Се завртев кон него. Ми подаде еден плик. Како од глува соба да зборуваше, а јас ништо да не го чујам, чув само - Отвори го пликот! Го отворив пликот во кој имаше едно ливче. од Јасна е писмото. На ливчето пишуваше. 
„во блиска иднина очекувам да почнеш да го работиш текстот,
- ТРАМВАЈОТ НАРЕЧЕН ЖЕЛБА - од Тенеси Вилијамс. Тоа е, и остана мојата желба“. 
Излегов од театарот, како треснат по глава. Се вртев наоколу барајки си го велосипедот. Охх, повторно заборавив каде сум го оставил?)


КРАЈ.










ТАКСИ.

Една „ОБИЧНА“ Градска Приказна.
Скопје, Четврток, 22.03. 2013.

Стојам на Рекорд. Чекам такси. Одам до доот на моите родители, да земам неколку нови текстови, кои ќе пробам да ги вментам во монолошкиот дел од  ХОТЕЛСКИ ПРИКАЗНИ. Имаме закажано проба со Димитар Стојменовски, кој го игра раскажувачот во претставата. Неговиот дел е базиран на монолози, па имаме самостални проби, за да можеме да ги конкретизираме сите детали.Часот е 17.08. Пробата ни е закажана за 17.45. 

Имам доволно време да отидам и да се вратам.

Ладно е, плус и дува. Тоа, ме вади кожа. Имам чувство дека сета прашина , која се насобрала на рекорд влегува во мојата, уста, очи, уши ... такси нема? Цупкам, со надеж дека таксито, туку што пристигнува?
Здогледувам двајца господа, кои стојат веднаш позади мене. Едниот дебел со гуша, која нависнала надолу без намера да се прибере и очи гладни за храна – постојано. Другиот средна тежина, која може да се декларира и во дебели, но кога стои покрај својот колега, делува како манекен. Носат сини џакетчиња на чиј грб пишува „Комунална Инспекција“. Се насмевнувам и им приоѓам, за да развијам конверзација, додека да дојде  такси.

Јас
Добар Ден.
(Двајцата гледааат во мене, збунето – продолжувам, културно - воспитано)

Јас сум, Војо Цветановски - уличен артист, претставник од Уличната Театарска Компанија - ТЕАТРОСК. Настапувам насекаде низ светот, како уличен артист. Интересно е што  до сега во Скопје, јавно не сум забелжал Комунална Инспекција. Ме интересира, дали на уличните артисти кои сакаат да настапуваат во Скопје, им е потребна дозвола за работа на пример, на улица Македонија? Ние,  конкретно рбаотиме статуи, и воопшто не правиме нити галама нити узурпираме голем простор. сСамо застанауваме и слободно можам да кажам, го украсуваме просторот?

(Двајцата гледаат во мене. Молчат. Збунети се. Мегу нас во воздухот, лебди една непријатност. Јас, глупаво се насмевнувам и ги барам зборовите низ главата со кои би сакал да им ја упростам приказната на овие добронамерни господа. Конечно едниот со оглупавен израз на лицето изустува)

Комуналниот Инпектор
Артист?
Двајцата се погледнуваат меѓусебно. Хм-каат и мислат. Молк е мегунас. Одеднаш се наогам во многу непријатна ситуација. Се чувствувам како некој, кој овие двакца мислат дека ги мајтапи. Барам начин како да се извадам од оваа ситуација. Вртам со главата лево - десно и гледам дека на семафорите стои празно такси. Им давам дознаење на Комунланите Инспектори, дека за оваа моја иницијатива ќе се консултирам со надлежните во - Град Скопје- .

Заминуавм, да го фатам таксито. Кревам рака. Таксито пристигнува до мен., Застанува. Влегувам. Таксито мириса на тукушто испиено пола шише шприцер. Малку ми е непријатно, но сепак морам да одам, за да се вратам на проба. Таксистот се врти кон мене. Ме гледа  и никако не сака да го оттргне погледот од мене. Очите му се закрвени, брадата малку запуштена. Косата седа, веѓите се спојуваат едни си други. Приметувам дека на горниот дел од вилицата има само еден заб.

Таксистот
До каде?
Јас
Кон Аердром - Три Бисери. Таму ќе ме почекате малку да земам нешто и веднаш се враќаме.
Таксистот (Се врти напред. Погледнува во ретровизор.)
Нема Проблем.
Тргнуваме. Неколку секунди во колата е молк. Јас, го кршам ледот.
Јас
Имате попуст?
Таксистот
Каков попуст бе? Од што да живеам јас? Од попуст ли?
Јас
Не, не, само прашав?
Таксистот
Јас му кажав на газадата, ако треба да возам со попуст, ич не возам. Ако имам систем да одам да земам патници од дома, ич не идам. Јас, да одам нив од дома да ги земам. Не се понижувам така бе, што си мислат тие?  Ти  уште и попуст ми бараш? Не си ни влегол, попуст бараш.
Застануваме на семфорите кај Собранието, чекаме во лентатта да завртиме за левоТаксистот, одеднаш, како најгневно животно, со сета сила удира по воланот и вика на цел глас, како да е сам во колата.

Таксистот
Пола Живот ми помина по семафори. Да ти се плукнам во семафорите. Еве, гледај, сега и да броиш измислиле. А бе бог да чува и да брани ...
Сега веќе сум сигурен дека е пијан и се молам, само сигурно да стигнеме. Воздивнувам. Таксистот ме гледа преку ретровизор. Семефаорот се пали зелелно. Тргнуваме на лево, кон Градска Болница и се ушатуваме кон дрводекор.
Таксистот
Немој да мислиш дека сум пијан. Се имам напиено, само две чаши бело вино. Толку. Ништо страшно. (пауза.) Ти, што работиш?
Јас
Се мотам низ градов. Без некои посебни обврски. Во моментов правам претстава, во театар. ХОТЕЛСКИ ПРИКАЗНИ, е името на претставата. Повелете на 30-ти Март, доколу сте слободен. Почнува во 20 часот е во ДОМ на АРМ.
Таксистот
А ти глумец си?
Јас
Режсиер.

Според изразот на неговото лице разбирам, дека не знае што е тоа режисер. Таксистот клима со главата и воздивнува од што му тежи алкохолот на душата. Вртиме десно кон дрводекор и се упатуваме право кон семафорите.
Таксистот
Колку е карта?
Јас
Нема да има билети. Ние сме алтернативен театар. Ќе ставиме еден празен аквариум, па кој сака може да остави колку што смета дека треба да остави.
Таксистот
Значи просите?


Јас (се насмевнувам)
Не, не. Ние нудиме уметност. Ја каниме публиката на театар, да ја гледа нашата уметност. Публиката доколку мисли, дека треба да остави пари, нека остави. Ние не кажуваме цена за нашето дело. Јас како уметник, никогаш не успеав да формулирам цена за делата кои ги работам, и сметам дека во моментов, ова е најрационално решение.
Таксистот
Уметник? Па нели си режисер. Шо сеа и црташ ли?
Јас
Не, не. Видете ...

(Пристигнуваме на семафорите, кои од десната страна гледаат во Огромниот „нов“ ВЕРО - ЏАМБО центар. Почнувам да му објаснувам на таксистот за тоа како е поврзан зборот Уметник, во сите сценски дејанија.  И одеднаш одлучувам. Бидејки сметам дека треба да се објаснувам половина пат и на крај вероајтно повторно нема да бидам разбран, како тоа зборот уметник се користи во сите сценски дејанија, го кревам телефонот, кој не звони и глумам телефонски разговор, само за да ја скратам темата. Таксистот пушта радио. 104.4 FM . Од радиото надоага некоја музика која ме тера да повракам. Тргнуваме кон Аердром. Тој вози и ме гледа преку ретровизор. И со прстите удира по воланот, факајќи го ритамот на песната која доага од радиото. Гледа во мене и со иронична насмевка промрморува – Попуст?

Застануваме на семфорите кај Железничка. Јас го спуштам телфнот како да сум завршил со разговорот и одвај чекам да пристигнеме, за да се симнам. Стоиме на семафорот. Гужва е. Молчиме. Таксистот овој пат решава да го продолжи пријателскиот разговор со мене. Го намалува радиото. Се врти кон мене.)

Таксистот
Вчера, умре брат ми.
(Јас сум целиот во шок. Не знам што да кажам. Поставен сум во многу глупава ситуација, по втор попладнево за 15 минути. Таксито, почнува неподносливо да мириса. Отоврам прозор. Таксистот продожува).
Затвори го прозорот, ке настинеме.
(Го затворам прозорот. Глупаво се насмевнувам.)
Ние сме тројца браќа. Бевме тројца браќа. Вчера умре, постариот. И знаеш што ми вика другиов брат, помалиов – ми дообјаснува.
Ми вика - Овој што умре, да ти кажам се спаси. Јас му викам, како бе се спаси? Овој ми вика, па се спаси, нема веќе да се нервира. Си викам, види мајката во право е овој. И да знаеш дека е во право – ми поентира мене. Продолжува, - Он си умре, веќе нема кредити, нема нервози, нема секирации. Уствари, него супер му е. Ние што останавме, сега ќе треба и неговите глупости да ги плаќаме. Он уствари на некој начин не изигра нас. Ни остави цело негово семесјтво, сега ние да го издржуваме. Кај треба да ги гледам моите деца, па сега и неговите да ги гледам, треба. У право е помалиот брат, кога вика дека се спаси овој - постариов. А да ти кажам вистина, мене ми беше должен 400 евра. И секој ден се мислев, да му ги побарам, денес – утре –денес – утре и гледај сега, Умре.

( Упорно стоиме на семафорот. Јас, не знам каде да погледнам. Невозможно непријатно ми е. Гужвата во која стоиме, ми станува неподносливо тесна. Семафорот се пали зелено. Конечно. Пополека, тргнуваме. Се влечеме како желки во гужвата. Таксистот го зголемува радиото. Музиката Галами во колата во која што туку се раскажа многу потресна приказна.  
Помислувам, ме излажа ли човеков? Такситот, се врти кон мене и продолжува.)

Таксистот
Ти викаш Уметник, си? А бе, мора човек нешто да работи во животов. Поарно уметник, одколку ништо.
(Јас, гледам во него и се насмевнувам – виновно,а не сум виновен за ништо. Го спуштам погледот и со тоа му давам дознаење дека не сакам оваа конверзаација продолжи. Пополека, пристигнуваме кај Три Бисери. Јас му кажувам  каде треба да застане. Застанува. Го прашувам колку треба да платам. Се врти кон мене).

Таксистот
140 денари.
Јас се факам за џебот. Вадам 150. Му ги подавам. Таксистот ги зема парите. И одеднаш почнува да плаче како мало дете. Солзите како водопад пагаат од неговите очи.
Таксистот
Брат ми умре. Не знам сега како ќе живееме без него? Многу ми е тешко. Не знам, како сега ќе продолжиме? Што ли ќе правиме без него? Тој беше столбот на нашата фамилија. Што ако ми должел 400 евра. И 4000 нека ми должи, само нека се врати. Никогаш нема да му ги побарам. Само нека ни се врати жив. Офф, мори мајко, како ли сега ќе продолжиме?

Јас седам неподвижен во колата. Не знам што да направам? Не сум ни да излезам, ни да седам. Таксистот, не престанува да плаче. Удира во воланот. Гневен е. Веќе ништо не зборуваме. Тој плаче, јас седам и не мрдам од колата. Луге однадвор ја забележуваат ситуацијата во која се наоѓаме. Јас сум со наведната глава. Се кријам, да не ме препознаат некои комшии, кој знае што ќеси помислат? Целиот во шок. Плачот на таксистот е во продолжение од три минути. По три минути, престанува. Воздивна. Се совзема. Ги брише солзите. Ме погледна со крвавите очи. И натажено продолжува.

Таксистот
Да те чекам тука? Веднаш се враќаме назад, така?
Јас
Не, не се предомислив, сепак ќе останам на ручек дома?
Таксистот
Да не ти стана непријатно од разговоров?
Јас
Не, не.
(Учтиво одогварам. Се факам за кваката и ја отворам вратата. Излегувам од колата. Затворам врата. Застанувам неподвижен. Таксистот, свири со колата и го отвора прозорот на совозачот. Јас се наведнувам на прозорот да чујам што има да ми каже)
Таксистот
Претставата, рече на 30-ти март во ДОМ на АРМ? А ако не ставам пари во аквариумот во кој ќе собирате пари, ќе ме вратите назад? Би сакал да дојдам да видам каква претстава си направил?
Јас
Повелете, нема да ве вратиме, таман работа.
Таксистот се насмевнува, со жал во очите. Го затвора прозорот. Тргнува. Заминува во даличната на Булеварот „Јане Сандански„. Стојам зашеметен од приказната, гледајки во колата како се оддалечува, се повеќе и повеќе. По неколку секунди, тргнувам кон домот на татко ми и мајка ми. Чекорам по велосипедкста патека, која води, кон зградата на моите родители. Целиот сум речиси како во безсознание. Ми звони телефонот. Го вадам од џеб. Гледам, Димитар ме бара. Кревам.
Димитар
Ќе закаснам 10-15 минути на проба, има гужва во центар. Да знаеш.
Јас
Добро. Нема проблем.
(Пауза. По кратката, но тешка пауза, Димитар се огласува од другата страна на телефонот)

Димитар
Се е во ред?
Јас
Да, да. Ајде се гледам за кратко.

Застанувам и помислувам на таксистот. Тој замина, веројатно веќе никогаш нема да се сретнеме. Ме избра мене, да си ја расже тагата која му тежеше на душата. Речиси сите тажни приказни ги раскажуваме на за нас неопзнати странци. Некој кој ке ја памет, кратко нашата таг или воопшто и нема да не слуша? Ние, ке си ја испразниме болката, најверојатно толку доволно, колку за да се чувствуваме поопуштени.
Таксистот замина, а јас не успеав да му раскажам, како и зошто зборот Уметник се употребува насекаде во секоај уметност.
Можеби еден ден повторно ќе се сретенеме?
А можеби и навистина ке дојде на претстава на 30-ти?
Можеби?

КРАЈ.
 












1.

ИМАГИНАЦИЈАТА Е ПОВАЖНА ОД ЗНАЕЊЕТО.


Скопје, 1996.

Кога одев во средно училиште, ќе морам да ви признаам не бев сјаен ученик. Бев со лоши оценки и тоа моите дома ги вадеше од такт, бидеј
ќи знаеа дека ме мрзи,а не дека не ми фаќа црпката.

И така на пол пат од средно, почна да ми се избиструваат патиштата и работите, да ми стануваат јасни, каде понатаму се гледам себе си во животот!

И тогаш се случи пресудниот момент. 

Професорката по Физика, на која и беше залепен прекарот „штрумфета“ , не' извади нас неколкумина на табла, како би им ја посочила на останатите деца од нашиот клас, суштината за неуспехот во животот. 

Рече - „Еве погледнете. Вие драги деца гледате во неуспехот. Сега ќе ви нацртам една шема на табла, за да им посочиме на овие тука - посочувајки кон нас, како треба да си ги постават параметрите за да успеат во животот. Јас ќе им нацртам, но и тоа ќе е бадијала, бидејки, и тоа не ќе можат да го сфатат, толкав им е капацитетот.

Мене очите ми се наполнија со солзи, но не ги покажав. Не ги покажав не од бес, туку од срам пред девојчињата од мојот клас.

За разлика од мене, некои од нас тоа го доживуваа дури и како мангуплук. 

Но, за мене тоа дефинитивно беше првиот морален пораз во животот. Првенствено, таа, зборува
ше невистина, а второ и што е уште поважно, веќе имав одлучено дека сакам да се занимавам со театар. 




Тргнав да се објаснам, дека професорката по физика не е во право и да и кажам дека јас всушност и имам план. Но, таа беше побрза од мене, а можеби имаше и подобра позоција, јас бев директно нападнат од неа, како пропалитет. 

Часот заврши, заврши и средното. 

Јас во меѓувреме, завршив два факултета, кои ги студирав паралелно, при тоа не бев турнат на ниту еден испит. Со просечна оценка, 9.78 

Но, за мене како личност, никогаш, приказната со професорката по физика - „штрумфета“ не заврши. Од причина што бев
морално понижен од педагог, а не заслужував. 


Таа жена се загуби некаде во ходниците на животот, а јас дури и не го паметам нејзиното вистинско име и презиме. 

Една од моите желби, е - „Штрумфета“ да ја поканам на некоја моја претстава / премиера и по претставата да подискутираме за моралните вредности на тоа што го видела во мојата претстава. Дали воопшто препознала морал? 

Но, поважно од се е тоа, што ќе и ја обрзложам суштината на моралот во претставата, а и воопшто и искрено, овој пат можеби со очи полни солзи ќе и кажам, дека во овие години од мојот живот, кога се се
ќавам на таа наша за мене многу непријатна случка, како педагог би требало да има свест и совест, што тоа им зборува на децата кои доаѓаат на училиште. 

Ќе и кажам да и кажам дека денес јас и мојот морал, најмногу стравуваат од ниската свест на луѓето, а таа во моменти во кои се изживуваше над нас, беше таква. Искрено се надевам. кога ќе и го посочам ова, таа ќе се промени и ќе стане пример, за тоа како треба да се воспитуваат деца на училиште, се разбира, доколку веќе тоа не го направил некој друг на мое место?




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...