Подолго време го мислам постов и ми е жал ко за подолго мислена ствар што олку шит реализација ќе има, но што е тука е. Да сум дизајнер би направил и пар постери ама што е тука е. Па да почнам со предлог филмските наслови пошо што е тука е:
- Титаник (не треба пуно објаснување верувам. Продукција Влада)
- Отпуштено (филм за галопирачкиот раст на економијата)
- Автономна дома (инди филм (пародија) у кој пар хипстери бараат тоалетна на Твитер да може да остварат некои основни права)
- Некои го сакаат тоа тешко (народен филм 99% финансиски поткрепен од маса морони)
- Кум (не би коментирал)
- 12 љути луѓе (Седница на Влада у која дискутираат жолчно од каде да нарачаат пица)
- 50 нијанси на диво (филм за струшката ривиера, општинска продукција)
- Вообичаени осомничени (документарен филм за невладиниот сектор)
- Престиж (краток филм за животот на човек што седи на кафе у Броз откако успешно ја паркирал колата на Партизанска)
- Животите на другите (долгометражен филм за македонската дијаспора)
- Граѓанинот Цане (урбана приказна од скопскиот асфалт)
- Третиот човек (филм за телекомуникациските услуги. Внатрешно спонзориран)
- Роки (не би коментирал)
- Кој се плаши од Вирџинија Вулф (шознам нека стои!)
- За шаку долара! (овој филм како и Брус Ли у Змајевом гнездом како и Осми Путник немаат други пооригинални наслови од овега. Филмот ја објаснува уствари све објаснува)
Би ве замолил кој има предлози да ја продолжи листава комотно може и со постери во коментари или на твитер или фејбук или каде и да е. Предлог хаштаг нека биде #мкдфилм
No comments:
Post a Comment