2010-05-02

Сега и ние си иаме коњи за трка



Ај да не биде ептен монотoна неделнава вечер малку да поднапишеме нешто.
Ете чекаше нашево ни мило Скопје, уште од времето кога оној Пиколомини у 1689 го подзапали (човеков тогаш тврдел дека онака баш му било жал, ама налет морал) да си добие и оно коњ за трка, ко околниве метрополи. Ама нормално ние оти сме поголеми фраери од соседиве, директно стаивме два, не за друго, да не ни биде монотоно кога ќе се договараме за чекање. Па еднаш ќе си се договараш пред Даме, еднаш пред Гоце. Е сеа зашто баш Даме и Гоце ги ставиле, а не Карев тоа не им се мешам, си знаат бе луѓево кој бил поголем фраер на времето, си имаат информации, кои сме ние да судиме, нели.
Ама едно ме буни, зашто Гоце по втор пат??
Мислам не за друго бе, прво од практичен аспект, многу проблеми ќе ни прави. Замисли се договараш со некого викаш - ај се чекаме пред Гоце и некој наместо на Плоштад, отиде у парк кај Гоце. Ќе чека, ќе чека нема да дочека нормално. Ај ова ќе го решаваме некако, ама што правиме кога ќе треба да му се оддаде почит на Гоце. Мислам ќе дојде годишнина од раѓање, смрт, не знам Илинден и слично, и кај ќе се остава цвеќе у парк или на плоштад? Не дај боже се збунат делегациите па пола ваму пола таму отидат, па пак веснициве ќе мрчат ете им поделба у власта, несогласувања у коалиција и слични глупости.
Или едниов Гоце ќе биде на власта, а другиов на опозицијата, па секој кај својот ќе поставува цвеќиња. Па после ќе се убедуваме кој е вистинскиот, кој е пореформаторски настроен, дали овој на коњ или овој што со рака ни покажува насока на движење. Се си мислам дека овие од власта имаат несогласувања со поранешниот Гоце (тоа ти е Гоце од паркот) околу насоката која ни ја покажува, па си рекле да си стават нивен што ќе јава на коњ, ама нема да им мафта со рака за да им укаже дека го утнале курсот на движење и дека треба да се вратат на него.
Ама што мрчам ја коа не се разбирам, ја само сакав Карев да го видам на плоштад до Даме, ипак Гоце е највечи фраер (нешто као Бране) и требаше да си остане сам у парк.

7 comments:

  1. Чекамо се код коњова :))... Риспек

    ReplyDelete
  2. ja mislam deka Pitu fali, on mi e ona reketar, nego ne mu treba ni konj poso ima 15 pistoli i 20 rezenki so metci.
    Ali on e vlav ke otvroi mnogu diskusii taka da nema vrska.
    Edna rabota me interesira dali im gi napravile isti konjite ili edniot ima pogolem drugiot pomal........... KONJ

    ReplyDelete
  3. @Anonymous 2: Ne e Pitu Fali, tuku Pitu Guli :))))

    ReplyDelete
  4. Питу гули, гибаницу љушти

    ReplyDelete
  5. бе го имаше Скопје на Скендербег коњот за трка одамна бе ;)

    ReplyDelete
  6. У контра лента трча тој :))))

    ReplyDelete
  7. бе го имаше Скопје на Скендербег коњот за трка одамна бе ;)

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...