2012-01-20

Ти благодарам


За бос лајтс дека е подобро од вест лајтс.
За кој број носел дечко ти ако бил кошаркар? Гарант пола кебе ви идело на стапалата.
За секогаш кога ќе дојдев надуван и се срамев од твојот поглед.
За тоа дека тебе ништо не ти е, само сијаличките од колата чудно ти светат.
За дали си ми била девојка или не.
За Кајли Миног и секогаш кога ќе се налутеше кога ти раскажував дека и неа како и на мене најубав период во животот ми е кога земав екстази.
За на дедо ти пензијата.
За Сектор, Балет и по некоја скопска градинка.
За секој пат кога не ти кревав.
За секоја разделба и сите проклети автобуски станици.
За ебена 17-ка и секогаш кога ќе рипне у воазен.
За твоите нозе во бела ленена панталона.
За отрезни се, па јави ми се
За петти си ми,
За што ќе им кажеме на другарите?
За секогаш кога сум се воздржувал, а ми доаѓало да те гушнам,
За се што некогаш можевме да бидеме, а никогаш не станавме...

Ти благодарам!!!




7 comments:

  1. So da ti kazam osven edno na onolkavo TI BLAGODARAM za preubaviot post, iako poprvo bi gi narekla stihovi. Ova ke go stavam vo mojata kolekcija Best of lyrics, se nadevam nemas nisto protiv. Bidi mi pozz @Necovski :)

    ReplyDelete
  2. Дефинитивно ДА,ќе ми претставува огромно задоволство. Поздрав

    ReplyDelete
  3. Ти благодарам што постоиш и што толку често ги наоѓаш зборовите кои јас ги барам.
    Остани ми добар, мудар дечко!

    ReplyDelete
  4. Ти благодарам за прекрасниве зборови... Да се враќа со добро само поздрав

    ReplyDelete
  5. ѕен феноменално!!!

    ReplyDelete
  6. За сите димови шо ми ги зимаш од мојата цигара иако знаеш колку тоа ме нервира.

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...