2011-03-05

НЕЌУ ИЗБОРИ


Што им остана јеботе на раперите од градов осим да пејат иста песна веќе 20 и кусур години? Ме мотивираше песната на Да Џака Накот, да се запрашам што остана од нашата револуција, од нашето неуморно покажување среден прст на се живо што мрда, во стилот да му умре козата на комшијата?

Неколку пати сум се прашувал и сум постирал ствари и никако, ама никако и никогаш изгледа нема да најдам одговор. Тапкаме во место со баскет не тргаме на ниеден кош, нити на противничкиот нити, барем кон нашиот да си дадеме автокош. Не!!! Седиме на средина на терен како ебана чирлидерка што заборавила кореографија и се чудиме зашто публиката не ракоплеска.

Тажно е колку се немаат сменето работите, еве на пример од стиховите на САФ во Скопска Ситуација 98', кои делумно ги искористив за обработка на темата Скопските Коњи:



што инаку е правено пред година дена, па се до денес, ете со видеото и стиховите на Да Џака:



Изгледа не останува ништо освен да се заклучи: „Јесмо ли најебали - веома и врло!“

И уште потажен е еден друг социокултурен елемент кај нас, што објавувањето на ваков материјал било на блог, било како видео на Јутуб (линкот не е поврзан со текстот, едноставно е добар), е што ништо не може да му избегне на политичкиот контекст. Секако ова ќе биде квалификувано како опозициски пост, секако дека некој е предавник народа свог ако не е со власта или пак не дај боже со опозицијата. И секако ова се содржини објавени со лиценца на делење без да се модификува содржината и тоа и ќе го направат и едните или другите, но само и единствено кога ќе притреба за политички цели.

Гледајќи ја сцената од музика, земете го ете филмот, пишаниот збор, колумнистите, сликарите, стрипот, за блогот, одамна веќе е јасно, ништо, ама ништо се чини не остана на уметникот. Вајарите кои праат статуи се позициски, оние што се без работа се опозициски, архитектите исти ѓаол, Џака пее „Естрадата уште пее тралала, како што свират во Владата“, Пики Сипи заклучи: „одговорноста на ти ја дај ми ја“.

Не се најде уште мангуп што ќе направи дело кое ќе битисува само за себе вон временските и просторните димензии, не дај боже без националните и социолошките, како едноставно да нема друг излез. И да е една работа јасна, не се криви тие, односно ние. Крива е лошо водената политика, се уште сум на ставот дека политиката ни ја водат лошо исчешлани мангупчиња, учени недоучени, по странство или некоја локална скопска биртија, не баре француската буржуаска револуција, навистина го дочека повторно својот препород, баш во Скопје.

А што праиме бе со останатите, не знам колку ве има и дали не има? Одиме на работа за оскудни плати, се чекаат некои „преварантски“ попусти од агенцииве, за да одиме у Грчка у Мај, само ние и лежалките, демек било тогаш најдобро, пошто немало гужви, а горештините да се седело било најдобро у Скопје, да не се шетало многу. Во сомнителни автобуси, користени за превоз на говеда во подемократските општества, од кои нема година, а да не се подзапалат, по 2-3. Не не е дека немаме пари. НИКАКО...

Ете така си се плашиме од политичарите, да го парафразирам Џака и уште ќутиме кога овие пинг-понг си играат со муабетот избори дали ќе имало у Јуни или у Јули.

Да се знае, неќу избори, пошто немам пари.

И уште нешто, не сакам да ме извади некој од контекст и да ме искористи за политички цели. Ќе фрлам после хејт!

5 comments:

  1. Баш вчера ги пуштив „Сафра“, „Скопска ситуација“ и „Ода на гадоста“. Безвременски се стиховите.

    Најдобар пример за тоа колку се неслушнати песниве е тоа што имаат по пар илјади посети на Јутуб, а Тони Зељ има 1 милион views на „Бас“.

    Бас за секое дете!

    ReplyDelete
  2. Не знам за другите, ама јас ако немам доволно пари, не одам на одмор. И после се бунат дека биле сместени во кокошарници. Па кај да ги сместат за 100 евра за недела дена? Во Риц? Ма ајде....

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...