Showing posts with label MZT. Show all posts
Showing posts with label MZT. Show all posts

2011-10-23

А така убаво почнаа... [vid]


Еве зашто беше прекината утакмицата со Лирија... Нема да коментирам мојот став го имам порано кажано


Само ќе прашам што тоа добро му правите на клубот со вакво скандирање? Или пак на државата? Или пак на Аеродром?

2011-10-18

Риспект за Фантоми



Ова се поштуе... Браво за Фантоми со среќа во нивната борба за опстанок во Лигата... Симпатични се во секој поглед, можеби и можеле да го скратат видеото, ама па така не би идела цела трака, дека се бесни :)



2011-08-17

Него кај застанавме...

Како што го испратија истите оние 1.000 најверни навивачи на МЗТ на крајот од минатата сезона, така и на првиот тренинг сезонава се појавија со песна и огромна љубов за својот клуб. Ако ништо друго ова е прв пример во Македонија, на прв официјален тренинг да се појават толку многу навивачи.

Јас од мал сум научен, АЕРОДРОМ е единствен...


Така да играчи, СРЦЕ НА ТЕРЕН...

2011-08-10

Две работи



Прво после миљон години и поплаки средив екстерни линкови да се отвараат во нов таб. Еве колку лесно било:

Go to your blogger dashboard.

There in the design tab , Click edit HTML.Now using search (Ctrl+S) find this Immediately after it paste the following code.



Друго абе слушни ја песничкава:



2011-05-13

Сепак ја напишавме!!!


Можеби подобро би било дека сепак вчера ја испеавме историјата. Кажав и пак ќе кажам, горд сум што вчера бев на трибините и навивав и пеев за клубот за кој што навивам од дете. Треба да се биде голем и достоинствен и во поразот!!! МЗТ засекогаш!!!




2011-03-28

КУП идиоти

Чисто да го поделам текстот во кој во голем дел се сложувам, МЗТ со оваа екипа треба да гази, а не да прави вакви „киксови“. Дополнение во делот од текстот за слабите тренери на МЗТ е и претходната утакмица во полуфиналето, кога од 27 кошеви разлика едвај ја добија утакмицата, ептен бош тренери без концепт и знаење како да се приведе добиена утакмица кон крај. Тако нечемо до финалу...

2011-02-01

Видео за на блог




Брат се е под контрола, фала за видео!!!

2011-01-30

Тоа е таа ПОРНО екипа



Фотките се превземени од страницата на фејсбук на MZT SKOPJE и едноставно мораше да се најде на блогот, затоа што тоа е таа ПОРНО екипа:




Уште еднаш браво за момакот што го водеше навивањето низ целата утакмица, мислам дека се вика Панче, пред се затоа што го спречи „дебилниот“ потег на момакот со белиот дукс што проба да натера да се пее „И кој не скока и тој е ши**ар“. Браво што изреагира брзо и повика да не се пее така песната. Мора да го најдам момакот едно интервју да напраиме, го заслужи целиот респект.

Браво ФАМИЛИЈО, така се навива !!!

А за утакмицата нема везе, ќе ги решиме у плејоф. Напред МЗТ!!!

2011-01-24

Ова не е Аеродром !!!

Видеото што ќе го видите не ја одразува ама баш никако идеологијата нити на МЗТ, нити на Аеродром. Ова се дебили, копиљана и срамот и џганот на Аеродром и најглупите навивачи на МЗТ икад. Ова се деца прерано од цицка извадени и фрлени на аеродромскиот асфалт. Толку глупи и исфрустрирани што заборавија дека во МЗТ играле и играат албанци, во Аеродром живееле и живеат албанци, играат и играле срби, хрвати, бошњаци...

Забораваат дека Марк Дин е еден од најдобрите играчи во историјата на МЗТ и како тоа со него во тимот ќе им беше чиста Македонија или МЗТ???

Значи изреволтиран сум многу и многу уште ќе ги навредувам и за да не биде така, еве им ја листата да видат кој се играл и го сакал МЗТ...


Аеродром и МЗТ биле се и ќе останат нераскинлив дел од мене, ги сакам и ги промовирам каде можам, колку можам и секогаш, ама секогаш со сите сили и целото срце.

Поздрав до сите прави аеродромци и вистинските навивачи на МЗТ!!!

Во сабота пак ќе ги е*еме центарските п*чки !!!

НАПРЕД МЗТ!!!


Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...