2010-12-03

Да бев во Иран до сеа ќе бев факинг селебрити


Повеќе од 250 Блогери и активисти за правата на жените и социјалните права го издадоа соопштението во кое се бара итно и безусловно ослободување на Navid Mohebi, еден 19-годишен блогер и активист во градот Amol. Mohebi во моментов е задржан во јавното одделение на затворот во градот Сари.

Оние кои ја издадоа изјавата изразија загриженост дека и покрај фактот што поминаа речиси два месеци од неговото апсење и покрај постојаните барања, семејство Mohebi не добиле никакви информации од страна на службениците за причината за апсењето на Navid.

Потписниците на петицијата, исто така, објаснија дека Mohebi останува во затвор, а неговото семејство се соочува со голем притисок да молчат за неговата ситуација, и да не се обраќаат преку печатот. И покрај нивната соработка со не објавувањето на состојбата на нивниот син, тој останува во затвор, иако се уште нема официјална тужба поднесена против него.

Потписниците на изјавата објаснија дека активностите на Mohebi беа мирни и правни и биле ограничени на неговото творештво и неговото барање за еднакви права на жените и заради ова потписниците бараат негово итно и безусловно ослободување.

Navid Mohebi беше уапсен на 18 септември во градот Amol, откако безбедносните власти упаднаа во неговата куќа. На тој ден, безбедносни претставници го пребараа домот на Mohebi, одземајќи лични предмети, вклучувајќи негови документи и компјутерот и претепувајќи го, а потоа и го уапси. Mohebi потоа беше префрлен во затворот во градот Сари.

Navid требаше да почне оваа година да студира на универзитетот во Техеран и имал намера да студира политички науки.

Така да рилис Брајн имидиатли...

Боки да им го пратиме у Амол да им се искења у јавно одделение у затвор таму, нека го држат колку сакаат после.

Иницијално веста ја видов на Global Voices Македонија текстче во кое објаснуваат повеќе рекорди по кои е познат Иран во светот, заради тоа сакам да ги поздравам во нивните напори и да им посакам да продолжат со одличната работа. И не знам зашто ама ептен споро им се аплоадира страната.


1 comment:

  1. Kompjuterot si ja zema svojata sledna zrtva ...

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...