2010-12-05

Божиќ дојде порано годинава


Како богами зачудувачки добар маркетинг и социјален гуру, Зоки Бејбе некако го „намирисал“ од некаде мојот пост со видеото во кое како што вика во коментарот најбезгрижно спонтано си „изденсуе“ една песна и во коментарот најпрофесионално пушта едно линкче за неговата страна на Санудклауд за релаксирање на луѓето што го читаат овој блог.

Филс гуд, кога некој ќе ѕирне што си напишал или постирал за него, па уште и кога ќе ти даде било каков фидбек. И уште повеќе ако тој е изразен преку музика - како што вика ДедаБор на својот блог : Љубав, Музика и све нешто лепо... е тогаш Божиќ е дефинитивно дојден порано годината.
Така да, ко за у недела може да ја искулирате со некое миксче, да тргне денот опуштено.

Мој избор микс беше овој, изберете си и вие по нешто.




Еј да, Зоки има палма што е постара од пола клабери у градов, не знам зашто бат ај фајнд ит вери амјузинг.

Зоки супер си и супер што те имаме во нашиот град...

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...