Имаше едно супер постче за сите оние родени во 80’ на crnobelo.com, па ме фурна додатно на размислување нек си ибе. Ревидирајќи ја годинава заклучив дека прибајаѓи заебана беше ради пуно разлози и се нафурав да видам која тоа мене најзаебана година ми била у животу. Во мртва трка влезе споменатата 2010 и 1981 (што ради година на раѓање што ради тоа што еј ипак умре Тито).
Па како роден во тие 80’ и во Скопје, се решив ете и ја една листа да напраам за тоа време:
- Знаеш дека си роден во 80’ кога у плакар имаш кошуља Junker купена од Роџер.
- Коа си бил у Валданос или у Буљарица или у Тиват
- Ако си читал Галаксија
- Знаеш дека си роден во 80’ ако си слушал Забрањено Пушење
- Коа најголем шизик у маало ти е тип што има Атари 2000 или Комодоре.
- Коа Дон Џонсон ти е највечи шизик, а Пороците на Мајами разлог да се вратиш дома од играње жмурка на топка.
- Во 80’, ако си бил копиљ ондак си ја играл Мун Патрол.
- Не се плаќаше паркинг во 80’, богами и покасно, ја не знам што е ова со паркинзиве.
- Знаеш дека си роден во 80’ ако си искачал пред Аркадија, боже која глупост беше тоа J
- Знаеш дека си роден во 80’, ако си му пишал на непознато другарче од Пријепоље писмо.
- Уствари знаеш дека си од 80’ ако причаш српски.
- Ако ја знаеш Хеј Словени...
- Ако си држел миљарда у џеб
- Знаеш дека си роден у 80’ ако имаш дома видео (чисто ради саат да ти покажува).
- Знаеш дека си од тоа време ако некад у животу си се потел у видеотека нарачувајќи порничи. И за викенд коа зимаш 3 касети,4-та гратис.
- Ако си имал вокмен и знаеш што е тоа VHS-касета.
- Ако си мењал со другари песмарици.
- Знаеш дека си роден у 80’ ако го памтиш 3 банана и Њу Заец Пог’ди.
- Знаеш дека си роден во 80’ ако си викал КОЛКУ ЧАВКИ ТОЛКУ ПЕТКИ (ама не и на факултет).
- Ако сте се тркале до чешмичка и некој се дерел „прва жичка, кој ми земе жичка на мајка му у пи*ка“
- Знаеш дека си роден во 80’ ако си имал монтка DIADORA (лично имав оригинал MONT, уште ја носам).
- Знаеш дека си од 80’ ако у адолесценција си носел марама и ленонка, уз висока стартка!
- Ако си мрзел кремци.
- Ако си искачал пред Црква.