Велат сите жени биле исти или во најмала рака слични.
За исти, тврдам дека не се, а слични се можеби само по категоријата под-видови на жени, каде што се јасно претставени нивните разлики низ различните видови на домашни и по некое диво животинче: кокошка, овца, коза, крава, кучка, маче, риба, змија и слично.
Да појасниме низ ситуација.
Саботна пладневна шема.
Седи дечко со мачето во кафиќ на улица Македонија.. Сите шминкери и шминкерки се со цвикерите и нес кафето, шмизлата и бикот се на место, ништо не е случајно, па дури ни случајните минувачи.
На соседната маса седат две кокошки, другарки на бившото маче на дечкото и го оговараат новото маче. Во оговарачкиот муабет заклучуваат дека е погрда од нивната другарка и дека нема понашање на маса, па ја нарекуваат обична коза а на другарката и праќаат смс веднаш да се нацрта во кафичот како секоја кул риба.
Во меѓувреме, поминува некоја крава без осет , која занесена на својот мобилен не догледува и ја турка ташната на една од кокошките. Коментарот на кокошките е нормално – кучка.
Дечкото со мачето сеуште си дреме на масата, кога ете ја другарката на кокошките нацртана во кафичот , прво што прави- се поздравува со бившиот и дечко. Нормално се понаша као кучка.
Дечкото ја гледа и си вика: Беше и си остана риба, ама кој те тркала кога си змија.
А неговото маче нема појма за животинското царство околу нив, и оно само си преде и преде.
И така, сите жени и не се баш исти.
П.С. Нека извинат овците и гуските што не беа споменати во текстов, ама па во кој текст има место за сите?
М1: - Моја жена је лавица.
ReplyDeleteМ2: - Моја жена је тигрица.
М3: - И моја је тешка животиња.
Абе брат што да кажам, осим што би рекол Трендо:
ReplyDelete„Ах, жена: не можеш да живееш без неа, а не можеш ни да ја закопаш во двор без да те види комшијата.“
Абе брат што да кажам, осим што би рекол Трендо:
ReplyDelete„Ах, жена: не можеш да живееш без неа, а не можеш ни да ја закопаш во двор без да те види комшијата.“