Прочитав неколку постови и негативни коментари на луѓе за објавата на оффнетовци дека им е ептен тапа што прсти искршија дечките пишувајќи кул ствари за на крај 6 фотки од бугарки да им станат најшеруван пост икад. И што има лошо во тоа? Еден беше постот Сирова победа а другиот Фиктивна победа . И покрај тоа што ги знам и во многу случаи сум се сложувал со дечките, мора да кажам дека во овој случај не се во право.
Прво нормално дека ми е мака и на мене кога некој пост што не сум го сметал за извонреден или пак сум го постирал за да се пополни контент или пак каде сум бил потпросесечен, иако земајќи го мојот просек не знам како некој може под тоа да оди, сепак, кога ќе доживее бум.
И сега ние може да кршиме глаа да анализираме глупости што и зашто нешто е популарно, зашто се прави муабет за ова, а не за тоа. Меѓутоа сепак на потегот да се даде таква изјава според мене треба да му се оддаде почит. Зашто е тоа така?
Епа Трендо и екипата не отиде и да дрка на тоа дека нашле златна кокошка, па да ја експлоатираат темата, иако имаа опција да си направат и серијал 2,3,4... Катаљарда...
Не излегоа да кажат ние сме тие кои го разбираат македонскиот менталитет и сеа си тепаме кеш и не боли кур. Туку како еден од генераторите на новини оффнет го кажаа јасниот став со кој јас се сложувам дека е навистина „Пирова таа победа“. Едноставно ја прифатија својата општествена улога како значаен конституент, макар еве единствено во интернет сцената во Македонија и кажаа, луѓе дајте има и други теми, навистина по кул, дозволете селото да излезе од вас. Без разлика дали се идентификуваш со тоа или пак го исмеваш, навистина е сеедно!
Ако некој се нашол навреден од тоа, а при тоа не се подзастанал да се подзамисли и да рече чекај можеби имаат право, дај да прочитам нешто денеска, да не гледам некоја цицла на Пајнер, тогаш навистина не гледам дека кај нив е проблемот. Тогаш како се тие поинакви од сета бљувотина од медиуми кај нас?
Друга работа што укажува на тоа дека проблемот е во публиката е твитерот. Не би да бистрам политика, не би да се правам најпаметен, ама го иссељачевме ептен бе луѓе! Значи од едно место каде што гикови мењаа тешко разбирливи пораки помеѓу гикови, стана ок место каде се делеа смешки и имаше креативни луѓе кои ја споделуваа својата работа. За до последниве неколку месеци да стане дебилна игра у маало „ На буква, на буква...“.
Па така ретардираните хаштагови се секојдневна појава, никој (се’ помалку) не твита за себе си и што направил денеска, туку се зема општ поим, Калиопи, споменик, Евровизија, Оскари и се трола без да уклучи го бољерот што направил тој денеска! И знам дека сум дел од тоа и апсолутно е неточно дека, пак ќе кажам сега солам памет или било што.
Но како беше онаа народната „Кој на друг забите му ги гледа, самиот е коњ“ , а од коњи преку кур у задње време да ви кажам! Тој е мојот став ако има некој контра став, ајде да дискутираме. Знаете каде да ме најдете :)
П.С. Еј да и ако некој се праша зошто? За пари бе брат за пари!!!
Мојот коментар е следечи: ако еден медиум од типот интернет портал континуирано нуди содржини кои имаат за цел да се ’опрај работава’ или да едуцира определена публика без оглед на салдото у банка и како експеримент/истражување пушта статија со бугарски матуранќи и доаѓа до поразителни резултати-мање/више и ќе разберам реакција како онаа на офнет. али коа некој продава џубре и после си ги пегла муштериите јавно дека се идиоти шо купуваат е малку поише од лицемерно. плус да се разбереме, ова не е феномен кој е непознат, нов и ограничен на маќедонско тло - напротив ова е глобална појава која ја нема вероватно само уше у С. Кореја, С. Арабија, Авганистан (или Афганистан) и земји со сличен опш. поредок/уреџење. Затоа офнет со таа изјава покажуваат не само дека се лицемери туку и атеншн сикинг хорс (како во whores). Со тоа и тезата дека е во публиката е излишна, пошо боде очи дека е до публиката шо не ја амнестира и страната која нуди џубре од одговорност пошо ако е така, дилери не се криминалци пошо они само продаваат на оние будали шо сакаат да уживаат у малку роба (овде добро легнуе едно датиам и пеер). И тука доаѓаме и до твитер паралелата: коа беф млаТ улицана кај шо се Бастион и Нобу(да не и смениле име не знам) беше ептен лабава и имаше ѓенерално урбани фаци и леѓенди прошарани со типој ко Орце Сељачето и Штркот кои даваа колор на нејната прикаска. Елем, стана популарно да си тамо и од едно тифко место стана она шо е денес, чоек да му е незгодно да помине од тамо. Истото му се дешава и на твитер. И не се ’испосељачил’ твитер само у мкд-довољно е да зирне чоек шо тренда (да не се меша со женски род од трендо) по твитер по држави и региони и све је јасно. За све, па и за тоа има лек-анфолоуаш тоа/тие шо ти сметаат и продужуеш со гик шема. Со тоа може да се изгуби статус ’утицајан’ али секоја борба си бара свои жртви...
ReplyDeleteПуно поздраф од Ж. Дијаспора.
Во целост се слажем са другом Ж. Да ги храниш читателите со бљувотини и после да ги прозиваш како се сељаци е лицемерије во најопшта смисла на зборот. Не постои пирова победа за медиум кој зависи од број на кликови, а да не заборавиме дека тој број е директно поврзан со заработувачката на истиот. Па нели се пуваа офф.нетовци како обориле не знам ти колку рекорди на посетеност во првиот месец и дека и понатаму растат. Токму таквите пирови победи допринесуваат до тоа и е крајно неумесно да се вреѓаат луѓето коишто ги посетуваат и шеруваат.
ReplyDeleteКога сме кај твитерот и останатите социјални мрежи апсурдно е да се зборува за иссељачуење кога и самиот си дел од истото. Тргнувам од себе: на почетоците на блог.ком.мк све си беше супер, мала дружина на паметни деца, добри постови, јаки дискусии, понекоја нус појава и без тролање. После 2 години, кога сервисот се искомерционализира (блогот го одржавав од 2007 до 2009) се изнакотија партиски ботови, хејтерски скотови, бугарофили, србомани, гркомани и останати мани. Сервисот веќе не го нудеше она што јас го очекував и си заминав, просто и едноставно. Твитер е истата платформа само ограничена со 140 карактери. Имаш копче фолоу/анфолоу и си цепаш со својот филм. На некој му е интересно да трола, на некој да твита а никој да не го разбере, а на некој само да чита.
Ај ваљда ќе ми даде опција како барем ко анонимус на сопствен блог да ви одговорам!
ReplyDeleteДа почнеме од позади. Ја пропуштате поентата! За светот постои таа филозофска дилема :) дали светот ќе постои или не без нашата перцепција?
Сепак тоа што јас некого следам или не за жал, не го менува фактот дека тој постои. И сега јас може да си креирам перцепција и да си го уредам мојот свет како што сакам, барем на твитер и фејсбук, тоа е и убавината на социјалните мрежи, но сепак тоа нема да промени ништо дека тој е тука.
@kopriva нормално е како што се шири и пенетрира одреден производ, концепт што и да е, да продира се’ повеќе до пошироките маси и тие некои „early adopters" да го наоѓаат истото како веќе здодевно и неинвентивно. Така било, е и ќе остане. Не само со блог.мк туку со секоја работа. Сепак, твитер е се уште во рана фаза, каде степенот на едукација на луѓето е висок, бројот на креативни луѓе голем и нивната граѓанска свест и социјален ангажман поширока и поголем од остатокот. Јас не се праам курназ ради тоа не се правам никому паметен заради тоа, само констатирам дека е така!
Тие луѓе меѓу кои и јас, почнавме да се бавиме со тривијални теми и дозволивме малку да не згази секојдневната пропаганда. Зашто е тоа така не знам! Но хаштагови као #макнба #конференција (домашна странска) #технолошкипроизвод #настан #организација има се’ помалку! Би ги издвоил еве оваа кампања #naTocak и #СкопскиМаратон не знам точно како беше хаштагот, но сепак премалку нели?
Така да пак ќе кажам направи нешто, организирај, дизајнирај, испрограмирај, промовирај, па критикувај, вака некако не оставаме впечаток на критична маса, туку мрчатори собрани у берберница у маало. И пак ќе кажам не се двојам од сите, тука сум и јас!!!
Што се однесува до оффнет, не ги бранам веќе, толку ми платија :)
Сепак сметам дека имаат право да го кажат тоа што го кажаа. Дали требаше, според мене требаше, чисто затоа што сум јас таков човек. А инаку времето ќе си покаже дали им бил исправен тој потег. Што е до мене, јас не мислам дека некој ме навредува кога ми упатува критика. Гледам како да се подобрам врз основа на тоа. Ама пак ќе речам, тоа сум јас!!!
А ти Ж. пиеш банана за ова па шо сака нека биде!!!
Цуци, сепак се предомислив и нема да си го мерам со тебе на темава бидејќи мислам дека и е посветено многу повеќе внимание отколку што треба.
ReplyDeleteНа кратко, во принцип се слагам со Ж. со тоа што не би го протолкувала тоа толку како продавање џубре и пеглање на своите муштерии дека се сељачишта, туку повеќе како продавање сеир и криво ни е што со квалитетни содржини не успеваме толку да ви го задржиме вниманието. Како што кажа Ж, ако сакаат нека повелат да бидат портал без сеир на сметка на тоа да имаат далеку помалку кликови, секоја борба си бара свои жртви. Ама чинам дека не им е тоа концептот.
Работата е што тука нема нити ништо чудно, нити спорно, бидејќи не им е прв пат на Трендо и компанија со ствар од типот на Ристе од Припор да направат бум. Така да имаат право на се, освен на тоа да глумат фасцинирани. А уште помалку имаат право да глумат изненадени сите оние кои ги гледале бугарските матурантки, пошто тие допринесуваат (или придонесуваат, како беше?) за Пировата победа.
За сеир сме родени и од сеир живееме, така да еврибади шарап.
прво, ги објавија во полн ек на матурите, во ноември тешко дека некој ќе ги испоштуваше толку
ReplyDeleteвторо, имаше реакција од бугарија, да видиме статистика колку од посетителите биле од бугарија (9 милиони жители, со најбрз интернет на балканов и многу добро покриени) само за да видат како македонците си играат мајтап со нив па да воочиме дали воопшто е некаква победа
тето, лицемерие на кило
@silfiriel у право си, треба да се види колку од тоа се бугари од посетителите! Хммм интересна забелешка!!!
ReplyDeleteДруга работа што укажува на тоа дека проблемот е во публиката е твитерот. Не би да бистрам политика, не би да се правам најпаметен, ама го иссељачевме ептен бе луѓе! Значи од едно место каде што гикови мењаа тешко разбирливи пораки помеѓу гикови, стана ок место каде се делеа смешки и имаше креативни луѓе кои ја споделуваа својата работа. За до последниве неколку месеци да стане дебилна игра у маало „ На буква, на буква...“.
ReplyDeleteДА СИ ЖИВ И ЗДРАВ ЗА КАЖАНОВО!!!!!
@последниотАнонимус на твитер имаТ 200 милиони луѓе, ако гикови, комедијанти и интелектуалци сакаат приватна забава отворете си форуми
ReplyDeleteКонечно коментарот!!!
ReplyDeleteFrom: Saso Macanovski
Date: May 29, 2012 23:12:06 GMT+02:00
Subject: [Аеродромски Сон] New comment on Едни две размислувања.
Saso Macanovski has left a new comment on your post "Едни две размислувања":
Не знам баш како функционира ова ама ќе мора да ми верувате дека сум Трендо. Обично не објаснувам мои пишувања и мотиви зашто ова а не она, зашто вака а не така, ама ова ми изгледа како добра прилика за муабет: ем ретко пристоен домаќин ем стандардно загреана публика (за он.нет, оф.нет теми). Од каде толкава морална загреаност за сајтови кои најрадо би ги сместиле во "забавни" (омилената дисквалификација на намќорите), никогаш не ми стана докрај јасно. Толку долгометражни дискусии, од родови до уредувачко - програмски, таква запенавеност за нешто што е/или не е забавно? Се шалите ли вие? Порано разбирав дел од таквиот мрч: лесно му е на Трендо, прв почна, цел провајдер позади него... Десетина години подоцна, зилион сајтови наоколу, сосема поинаков сетап, кое ви е алибито страсно да се бавите со нечиј приватен сајт, дигнат со врло лични пари и со помош на пар френдови кои работат на него? Па уште отчет ќе бараат, еден за парите од банери, друг за не знам што. Back off, кога веќе не знаете каде е линијата на елементарната пристојност. Ајде за Бугарките и нивните резултати. "Во благодариме на посетата и сакаме да ви кажеме дека ни доаѓа да се убиеме". Тоа ли е навредата заради која со недели ќе се лижат рани? Аха, така напишавме. Затоа што знаеме за колку време ги сркнавме тие фотки а колку време некад ни треба да најдеме, провериме, компилираме и напишеме нешто друго. И тоа е целата "порака", прилично лична, напишана на прилично личен сајт. "Е добро де, да не се мислиш дека сте Гардиан па си напишал така"? А некој да не мисли дека е уредник на off.net.mk па знае како требало да напишам? Тука е целата непотребна збрка. Замислете луѓе кои систематски се бават со "уредувачката политика" на вашите блогови или твитови. Би ви се објаснувало со такви смарачи? И после 12 години? Така што, препорачувам доза лежерност. Јована Тозија ќе си го памти Пато, Цуцуловски ќе памти дека сум му објавил текст кој му го забранија, Ерина дека можеби сме ја пикнале во Ролинг Стоун, Дуке дека сум му објавил песна, јас дека фино сум се зезал и непотребно сум се препушувал цигари... Не ви фали ли малку раат? И миир?
Posted by Saso Macanovski to Аеродромски Сон at 29 мај 2012 23:12
човекот сака да си спечали пари, оставете го на мир. запишете се во теретана дедовци и баби - Урко
ReplyDeleteИскрено се надевам дека коментаров не е од Трендо. Ваков старски муабет не праат ни пензионирани војни лица на пазар во Аеродром.
ReplyDeleteШо па сеа Аеродром па???
Deleteчисто се сомневам дека текстов е од Трендо...кој му знае, можеби.
ReplyDeleteличен сајт?
ако мислит на убав во ред, ама личен сајт е блог да речиме
офф.нет е комерцијален сајт со корисници, премногу проста паралела ама
исто ко продавница за патлижани да е
и кој побара отчет за пари од банери?
нјаголема галама се крена за степенот на лицемерие со кој беше напишана
пораката нешто во стил на венко....
Добар ви е муабетот „не е Трендо“ :) е ај добро јас сам си пишувам да рипам популарност на блог хихихихих
Deleteа бе не дека ти си пишуваш, можеби некој друг...ако е тој, ме испоразочара за цел живот :))
Delete