Би сакал да се обратам до организаторите на протестите, ако има такви и општо до сите учесници чисто со едно прашање.
Јас мислам дека би требало да се отвори некој канал за донации и со оглед на тоа што има веб страници, дека најдобриот канал би бил тоа да биде онлајн. Значи да се направи или на protestira.me или на justiceformartin.blogspot.com или пак на некоја друга страна чисто копче донирај, нека има опција донирај анонимно или транспарентно и тие средства да се користат за целите на протестите.
Зашто мислам дека тоа треба да се направи е затоа што има група на граѓани кои можеби не смеат, можеби не сакаат да излегуваат на протести, но сакаат да го поддржат ова движење и барањата кои ги има. Таа група на граѓани нема како да даде поосетлива поддршка и наместо да остане на ставање на беџ на профајл пикчр ќе имаат можност да донираат, па макар и 100 денари. Има некои кои можеби не можат, од други градови или заради најразлични причини и тн.
Ова е чисто едно размислување и го поставувам јавно чисто за да се отвори дискусија, можеби и е глупава идејата, можеби не треба, но сепак сепак да си прашам. Па пишете про контра или едноставно ако е ок, да се направи.
Да беше #tupac жив денес ќе наполнеше 40 години. Интересно чоече беше нема што, јас многу го сакав и почитував, дури бев помал, што за тоа што стварно имаше капацитет за рецитирање, што заради неговиот никогаш нескротен дух, што заради постојаната љубов кон гетото, тесната поврзаност со обичните луѓе и затоа што за разлика од некои вона би рапери имаше став и тој став беше секогаш на страна на обичниот човек. А земена и целава наша ситуација и за неговата голема и постојана љубов, а и голема разбирачка што си ја имаше со претставниците на законот.
Како и да е, за едно барем беше дефинитивно во право: Only God Can Judge Me!!!
Еве и уште по некоја фотка:
На оваа слика е фотнат при објавувањето на својата љубов кон новинарите.
И уште една фотка општо за неговиот став кон животот:
За крај ќе ве оставам и со една негова изјава:
"Death is not the greatest loss in life. The greatest loss is what dies inside while still alive. Never surrender."
Честитки за @ribaro кој прв го симна и лоадна видеото и несебично го линкаше кон ова видео со подобар квалитет. Е сега бидејќи јас сум голем талент го снимав исто така видеото ама кујзнае зашто, кујзнае како го снимав без звук. Па со несебичната помош на @ivoo0 и лепењето на звук на видеото успеав да склопам какво такво видео...Звукот почнува од некаде 1:12 и не е баш најдобро синхронизирано, ама тоа е :) па еве го и тоа видео да не е за џабе трудот...
Кога веќе го поставија тука е и видеото на официјалниот канал на АлЏезеира.
Едно интервју по повод издавањето на „спешл едишн“ на Њу Јорк Тајмс, се работи за печатење и дистрибуција на 120.000 примероци на весникот со содржини кои секој би сакал да ги прочита во весник, со проблеми во општеството кои секого го засегаат. Сето тоа изработено со минимален буџет и многу волонтери... Сметам дека тоа го имаме, треба само да се дообработи идејата и така да се пренесе информацијата за барањата на #protesti и да се пренесе информацијата пошироко до граѓаните.
За оние кои имаат повеќе време, препорака да го погледнете целиот филм, за бројните начини како може да се борите против булшит политиката на вашата влада и разните центри на моќ
Ветив дека ќе напишам еден пост каде ќе ја изразам мојата фасцинација со битолчани, па некако се подудрија неколку настани и мислам дека е погоден момент, баш сега... И покрај тоа што немаат аеродром и покрај тоа што се чудна сорта и ги користат сите могуќи средства за да им дојде поевтино одењето кон Битола мој роден крај... И покрај сите нивни табиети и кабадајлукот и покрај недоразбирањата кои понекогаш се појавуваат... И покрај зајадливоста и најсмешните прекари во Македонија и пошироко.
И покрај се', Битола се уште е Битола, докажува дека граѓанството и демократијата се неизоставен дел од нејзината историја и иднина и без некој да го тоа побара младите луѓе и од таму се организираа и го дадоа својот придонес и масовно излегоа да се приклучат на #protesti заради убиството со употреба на прекумерна сила од страна на полициски службеник на #martin . И тоа е за секоја почит, истовремено голема поддршка доаѓа и од другите градови Струмица , Куманово ...
И за крај сметам дека концерт треба да се одржи!!! И голема почит за сите бендови и артисти кои ја тргаат суетата на страна и гледаат да го потпомогнат овој протест како знаат и умеат. И не себично се пријавуваат за помош наместо да стојат настрана, затоа што сепак да не заборавиме, се што треба за злото да победи е добрите луѓе да не направат ништо!!!
И заради насловот и заради тоа што се пријавија за учество и заради тоа што е добра песната -