2011-06-11

Битола нема аеродром!!!



Не за друго им обеќав на мечињата!!!

Ветив дека ќе напишам еден пост каде ќе ја изразам мојата фасцинација со битолчани, па некако се подудрија неколку настани и мислам дека е погоден момент, баш сега... И покрај тоа што немаат аеродром и покрај тоа што се чудна сорта и ги користат сите могуќи средства за да им дојде поевтино одењето кон Битола мој роден крај... И покрај сите нивни табиети и кабадајлукот и покрај недоразбирањата кои понекогаш се појавуваат... И покрај зајадливоста и најсмешните прекари во Македонија и пошироко.

И покрај се', Битола се уште е Битола, докажува дека граѓанството и демократијата се неизоставен дел од нејзината историја и иднина и без некој да го тоа побара младите луѓе и од таму се организираа и го дадоа својот придонес и масовно излегоа да се приклучат на #protesti заради убиството со употреба на прекумерна сила од страна на полициски службеник на #martin . И тоа е за секоја почит, истовремено голема поддршка доаѓа и од другите градови Струмица , Куманово ...

Ова се дел од видеата од протестите во Битола:




Говорот на Букарски





И за крај сметам дека концерт треба да се одржи!!! И голема почит за сите бендови и артисти кои ја тргаат суетата на страна и гледаат да го потпомогнат овој протест како знаат и умеат. И не себично се пријавуваат за помош наместо да стојат настрана, затоа што сепак да не заборавиме, се што треба за злото да победи е добрите луѓе да не направат ништо!!!



И заради насловот и заради тоа што се пријавија за учество и заради тоа што е добра песната -




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...