2011-06-18

Прашање


Би сакал да се обратам до организаторите на протестите, ако има такви и општо до сите учесници чисто со едно прашање.

Јас мислам дека би требало да се отвори некој канал за донации и со оглед на тоа што има веб страници, дека најдобриот канал би бил тоа да биде онлајн. Значи да се направи или на protestira.me или на justiceformartin.blogspot.com или пак на некоја друга страна чисто копче донирај, нека има опција донирај анонимно или транспарентно и тие средства да се користат за целите на протестите.

Зашто мислам дека тоа треба да се направи е затоа што има група на граѓани кои можеби не смеат, можеби не сакаат да излегуваат на протести, но сакаат да го поддржат ова движење и барањата кои ги има. Таа група на граѓани нема како да даде поосетлива поддршка и наместо да остане на ставање на беџ на профајл пикчр ќе имаат можност да донираат, па макар и 100 денари. Има некои кои можеби не можат, од други градови или заради најразлични причини и тн.

Ова е чисто едно размислување и го поставувам јавно чисто за да се отвори дискусија, можеби и е глупава идејата, можеби не треба, но сепак сепак да си прашам. Па пишете про контра или едноставно ако е ок, да се направи.

7 comments:

  1. Ми го зема зборот, баш вчера размислував на темава... Ама за тоа треба да се отвори сметка во банка... на чие име ќе се отвори таа сметка? Не сме регистрирана организација, има квазилидери само со мегафон напред.

    ReplyDelete
  2. It is I - gemo.

    *khm*
    каков канал за донации? Онлајн плаќање? Како? Процес за одобрување на електронско плаќање преку нашите банки трае прилично бавно, недела, две, месец... пари се донираат секоја вечер после протестите зад Тереза (Кесовија) во кутијата од последните чевли шо си ги купи некој од по-одговорните во протестите ;) Значи, тие шо не сакаат да излегуваат и учествуваат (но поддржуваат) протестите според мене треба да продолжат да го прават тоа на Твитер, Фејсбук.. онака револуција од дома.. па ќе донираме 10 долара за знамето и 20 за името.. шо да ти расправам.

    Зато сум против идејата.

    ReplyDelete
  3. За да се регистрира треба правен ентитет, некоја невладина или Здружение на граѓани со сметка во банка. Техничките детаљи врзани со имплементацијата на системот може да се завршат за 2-3 дена, така да цела процедура може да се заврши за максимум една недела, со се оснивање на нова невладина организација. Без тоа и побрзо.

    ReplyDelete
  4. Точно, треба правен ентитет. Е сега не знам колку едношалтерски систем функционира и слично, колку време треба да помине додека се регистрира правниот ентитет, додека се одобри електронско плаќање... Прашај луѓе од таа област повеќе што знаат - правници и банкари! И ако има можност, не чекај многу идеи да набацуваат луѓе и да покажуваат проактивност. Земи уште некој под рака и преземи конкретни чекори. Не сум таму, иначе радо би помогнала... Ова иначе веќе ми се врти неколку дена во глава... Донации.

    ReplyDelete
  5. За што би се користеле парите?
    До сега не сум видел потреба од повеќе пари на теренот.

    Второ, тоа со донации во Македонија не функционира.

    ReplyDelete
  6. Парите би се користеле на пример за реклами по сајтови, портали, весници, телевизии... за печатење на постери, флаери и слично.... Има реална потреба од тоа, затоа и се собираат 10 денарки во кутии од стари кондури.

    ReplyDelete
  7. @Дамјан па баш заради „во Македонија“ е муабетот, можеби некој од страна сака да помогне, емигранти, луѓе на студии или кој се не, што не се Македонија.
    А парите би се користеле за печатење материјали, маици, организирање автобуси за оние од другите градови, за мегафони, за аграгатор за струја за концертите за милион други работи.
    А и од каде ти е идејата дека тоа не функционира во Македонија?

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...