Showing posts with label martin. Show all posts
Showing posts with label martin. Show all posts

2011-09-28

Протести 29.09.2011 [постери]



Скопска Ситуација - Протести 29.09.2011






2011-06-21

Ја се чекирав


Ми фали уште еден чекин да станам мејор. А ти?




Чекирај се и ти !!!

2011-06-18

Видео протест 19.06.2011






Прашање


Би сакал да се обратам до организаторите на протестите, ако има такви и општо до сите учесници чисто со едно прашање.

Јас мислам дека би требало да се отвори некој канал за донации и со оглед на тоа што има веб страници, дека најдобриот канал би бил тоа да биде онлајн. Значи да се направи или на protestira.me или на justiceformartin.blogspot.com или пак на некоја друга страна чисто копче донирај, нека има опција донирај анонимно или транспарентно и тие средства да се користат за целите на протестите.

Зашто мислам дека тоа треба да се направи е затоа што има група на граѓани кои можеби не смеат, можеби не сакаат да излегуваат на протести, но сакаат да го поддржат ова движење и барањата кои ги има. Таа група на граѓани нема како да даде поосетлива поддршка и наместо да остане на ставање на беџ на профајл пикчр ќе имаат можност да донираат, па макар и 100 денари. Има некои кои можеби не можат, од други градови или заради најразлични причини и тн.

Ова е чисто едно размислување и го поставувам јавно чисто за да се отвори дискусија, можеби и е глупава идејата, можеби не треба, но сепак сепак да си прашам. Па пишете про контра или едноставно ако е ок, да се направи.

2011-06-14

Барања


Ова се барањата за повеќе информации појдете на protestira.me


2011-06-11

Битола нема аеродром!!!



Не за друго им обеќав на мечињата!!!

Ветив дека ќе напишам еден пост каде ќе ја изразам мојата фасцинација со битолчани, па некако се подудрија неколку настани и мислам дека е погоден момент, баш сега... И покрај тоа што немаат аеродром и покрај тоа што се чудна сорта и ги користат сите могуќи средства за да им дојде поевтино одењето кон Битола мој роден крај... И покрај сите нивни табиети и кабадајлукот и покрај недоразбирањата кои понекогаш се појавуваат... И покрај зајадливоста и најсмешните прекари во Македонија и пошироко.

И покрај се', Битола се уште е Битола, докажува дека граѓанството и демократијата се неизоставен дел од нејзината историја и иднина и без некој да го тоа побара младите луѓе и од таму се организираа и го дадоа својот придонес и масовно излегоа да се приклучат на #protesti заради убиството со употреба на прекумерна сила од страна на полициски службеник на #martin . И тоа е за секоја почит, истовремено голема поддршка доаѓа и од другите градови Струмица , Куманово ...

Ова се дел од видеата од протестите во Битола:




Говорот на Букарски





И за крај сметам дека концерт треба да се одржи!!! И голема почит за сите бендови и артисти кои ја тргаат суетата на страна и гледаат да го потпомогнат овој протест како знаат и умеат. И не себично се пријавуваат за помош наместо да стојат настрана, затоа што сепак да не заборавиме, се што треба за злото да победи е добрите луѓе да не направат ништо!!!



И заради насловот и заради тоа што се пријавија за учество и заради тоа што е добра песната -




2011-06-08

Денес



За протестите денеска изработен уште еден постер:





И уште еден постер:



2011-06-07

Да не се заборави!!



Многу ми е тешко, многу... Ќе споделам само дел од постерите кои беа шерувани чисто да не се заборави дека ни се случи и тоа... Ебано многу ми е тажно се уште било што друго да пишам...






Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...