2014-10-01

Конфузна





Сите оние тони лисја што изговараат имиња кога чекориш по празните улици,
Она лажно сонце што те грее и те настинува да не можеш да се помрднеш од креветот, како некои насмевки.
Ебаниот 11 Октомври и првата пушка и втората и сите ајвари...
Никогаш не го засакав октомври.



Од денес не пушам ме искина синусот,
Горчината на изневереното ветување дури ја палиш првата цигара утрото,
Не научив да скијам и да се радувам на снегот, а и кога паднал снег во октомври побогу?
Чај би сакал со мед, ама не од оние пластиките, туку ако имате природен.
А девојките се толку слатки во оние џемпери кога шетаат како да се кафекуварки на Ентерпрајс.
А којзнае, може и не го сакам Скопје во есен или е само октомври.



Ја чистев собата денес,
Полно прашина, сметки и по некоја заборавена шнола,
Во белата градинка пар малишани се радуваа на првото ху.
Баш мразам ху!
Се поднасмевнувам и дишам во јакната да не испуштам нити здив.
Октомври е супер за џез, за грицкање нокти у соба, за дожд и да дужиш пари.
Баш никогаш не сум го сакал.


Еден од овие денови ќе рече некој на радио стигна есента во полн ек,
Автобусите крцаат од изгужвани фаци кои не одат никаде, а постојано патуваат,
Можеби стварно не го сакам Скопје и октомври,
А ретко кога го гасам бољерот, цела среќа што измислија термостат, ама сметките се ужасни!
Во октомври!
Никогаш не го засакав!





No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...