Понекогаш грешиш со големите букви, незнаеш граматика, се вљубуваш во погрешни стихови, потпевнуваш рефрени, крадеш слики од интернет и ги објавуваш без да референцираш.
Понекогаш перфектно добро завршуваш реченици, колата ти пали од прва, ти успева да ја засмееш, твоите дома немаат пржено подварок и ко за чудо не те сопира полиција. Понекогаш платата стигнува на први, и трае целиот месец, понекогаш тепаш на фудбал и не се расправаш со она педерче што стално клоца од позади...
Понекогаш фаќаш спортска, повеќето пати губиш, шљакаш кафе и 300 грама сончоглед затоа што е сабота и работната недела го земала подобриот дел од тебе. Понекад идеш у Грчка, понекад у Врање и се сликаш за на Фејсбук.
Понекогаш не пишуваш, затоа што не ти е до тоа, понекогаш пишуваш токму за тоа... Понекогаш влегуваш во базенот споро, некогаш со бомба од скокалница, некад го ладиш џоинтот, некад коа имаш поише си праиш бонг...
Некогаш вискито во 6 саат и не е толку битно дали е 12 или 15 годишно, ами човекот спроти тебе. Некогаш е добар пријател, понекогаш преубава девојка, некогаш штрб бездомник на автобуска во Плевен.
Понекогаш се гушиш и мислиш дека е крајот и повторно се будиш и го проколнуваш утрото, понекогаш го сакаш денот кога на татко ти му текнало да ја части мајка ти пијачка...Понекогаш ја гледаш во задник колешката, некогаш во деколте, некад јадеш мекици, некад викаш со поише мајонез у Седмица, некад со марула.
И секогаш, ама баш секогаш се менуваш...
No comments:
Post a Comment