2015-09-24

За моето Р



Што правиш?
Те чекам.
Знам ама што друго правиш освен тоа?

Како тоа да тоа е ништо. Како не е еј, ај дојди на викенд неќу пошо немам со кого и ја чекам.
Демек зашто си бе така ќутлив да не чекаш некого и треба нешто друго освен тоа да правам.
Знаеш очајно ни требаше некој да е весел и насмеан дента и затоа не те викнавме и тебе, тебе ти олеснува затоа што те чекам знаеш. 

Го залепив огледалото и испадна подобро од што се надевав сега може да се гледам дури те чекам. Знаеш и го правам тоа, понекогаш палам цигара и се вртам накај огледалото му викам You talkin' to me? Се насмевнувам дури те чекам.

Мислам стварно правам многу нешта дури те чекам еве пред некој ден не мислев на тебе седумдесет и седум минути... Чекав автобус, па да не се преклопуваме ја замолив записничарката да ги извади од записникот сите седумдесет и седум минути. Времето е чудно овие денови ладно е топло е, дожд, па сонце, не знам, ама мислам и време му е пошо дојде есен.

Пред некој ден ја видов градината сите цвеќиња поцркале човече као некоја туга да ги убила, де бе викам чекајте малце глеате ја чекам што сте се запнале, ионака не е крај на светот и не смее да биде дури ја чекам.

Те кријам од други не им кажувам бројам во себе и смислувам како да не ме познаат дека упорно те чекам. Па неретко зборувам политика, имам мислење за бегалската криза, за ганџата дека е ебано скапа, за поврзаноста на честичките кои се наоѓаат на огромни далечини, за студентите, го кажувам вицот за Сартр и некако ги гушам со излитени фрази и недопиени вина да не ме прашаат зашто уште те чекам. 

И не’ замислувам знаеш, дури те чекам, како честички чиj спин од сите други неброени комбинации на честички зависи токму од спинот на другата. Не замислувам јас лево ти десно, се вртиме и танцуваме во бескрајот на вселената опиени од се уште необјаснивата поврзаност... Засекогаш... И од сите тие комбинации, од сите тие танцови и бескраи, последниот, последниот танц го чувам за тебе.

И следниот пат кога ќе ме прашаш дали нешто друго правам освен што те чекам? Нека биде дека учам како се вика Р...










No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...