2010-09-05

Романтичен и чудесен свет


Веројатно знаеш дека си никој и ништо и дека тотално е за џабе се што праиш, па и баналниот блог што си го водиш, кога еден од најдобрите другари (и покрај тоа што од пред некое време си земал рутерче дома - знаеш она за коа ќе си седнеш пред телевизорче ово оно) ќе ти каже дека поим нема дека ти блог пишуеш. Веројатно знаеш дека си никој и ништо кога работата ти е доволно стресна да заборавиш дека некогаш си цртал, некогаш си пишувал љубовни песни. Веројатно си никој и ништо кога си доволно горд да продолжиш понатаму наместо да подзапреш и да го вдишиш моментот, кој иако си никој и ништо барем е само твој миг.

И што е тоа никој и ништо?

И што е среќа? И како да знам дека сум среќен ако навистина сум?

Ме замисли една серија од документарки каде особено инспиративна ми беше приказната за црните дупки. Што ми беше зборот (знам дека лупам од тема на тема, ама ипак од Кај Перо се враќам...) се работи за тоа што и дали постои губиток на информации во универзумот. Имено, наводно како што тврди документаркава, Хокинг тврдел дека црната дупка е единственото место на универзумот каде доаѓа до губење на информацијата, што е спротивно на основниот принцип на физиката (знаеш оно акција - реакција). Едноставно голта се, па дури и светлината. И сеа наводно има некое типче што се бави со стринг теоријата, што се вика Саскинд (или ти презива) што вика и наводно докажува дека тоа не е точно и дека сепак наводно од тридимензионалниот имиџ на просторот кога иде накај црната дупка останува покрај зрачењето кое си го емитува дупката и кое не може да се фати и дводимензионална слика која гледајќи натака веројатно ќе го покрие целиот видлив хоризонт и тоа „засекогаш“- (ова засекогаш исто земи го ко релативно што ради теорија на релативитетот, што ради моето целосно разбирање на тематиката). Сето ова објаснувајќи го низ разните теории за успорување на времето поблиску до дупката, гравитацијата и тн и тн... Ми се виде сложено и не ќе да го подразбрав, па не навлегувам во понатамошно објаснување. Како и да е, она што е битно... НЕМА ГУБЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ...

И наводно Хокинг го признал ова дека е така и дека се претпоставува дека со Биг Бенг-от почнувањето на времето и просторот почнува една сфера (нулта време и простор) која се шири со брзината на светлината и на површината на нејзиниот периметар е истиот ефект, како кај црните дупки.

И сето ова ме натера да си замислам дека некаде далеку, милиони светлосни години од тука, сме јас и ти гушнати, подзапиени, весели, тажни... Со сите пријатели што некогаш си ги имал, со луѓето што ги сакаш и не сакаш, со Халеевата комета, со Млечниот пат, со бозата од Апче, џц-от у Парк, со дента кога прв пат си ја удрил колата... Конечниот фајнл фронтиер, бесконечно огромен ѕид со фотки од сите времиња и простори...

Одеднаш светот изгледаше многу поромантичен... И замисли, нема беззначајни луѓе, нема лузери и победници, 15-те минути на Ворхол се конечно за сите, за сите има место на овој огромен „ѕид“... Конечно ќе ми држи муабетот дека:


Ќе бидеме јас и ти, седнати на ѕвездите ...


И што друго да се каже освен да се заврши со песната:

7 comments:

  1. znaci brat, ako dobro skontav, negde u picku mater daleku od ovde, postoi facebookot na vremensko prostorniot kontinuum (i toa ne eden, tuku cela mreza), koj samo na povrsinata ti gi prikazue site tvoi sliki od zivotot. I megju niv ne ima site nas .. i mozes da si gi skrolas da gi zumiras .. i vremeto e zastanato i ... na kraj pak si edno golemo nisto brate robote :)

    ReplyDelete
  2. Ради луѓе како тебе не можам ни несфатен уметник да бидам... Ептен тачно брате, се е една голема јебена сапуница, што си има негде у пичку матер своја проекција, ЗАСЕКОГАШ...

    ReplyDelete
  3. toa se samo terii ipak, neli?

    ReplyDelete
  4. toa se samo terii ipak, neli?

    ReplyDelete
  5. znaci brat, ako dobro skontav, negde u picku mater daleku od ovde, postoi facebookot na vremensko prostorniot kontinuum (i toa ne eden, tuku cela mreza), koj samo na povrsinata ti gi prikazue site tvoi sliki od zivotot. I megju niv ne ima site nas .. i mozes da si gi skrolas da gi zumiras .. i vremeto e zastanato i ... na kraj pak si edno golemo nisto brate robote :)

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...