Овој пост ќе биде нешто поинаку формулиран. Ќе го искористам како можност да се обратам на што поширок аудиториум со цел пренесување на моите искуства кои верувам дека ќе бидат од помош на многу корисници на мобилни телефони, особено посовремените смарт уреди, особено на оние земени од Т-мобиле Македонија.
Пред се ќе ви кажам дека денеска го добив нивниот одговор на мојот приговор и тој е позитивен, односно ми ги одбиваат генерираните трошоци од 5.136,00 денари, со ДДВ се вкупно 6.060,50 денари. Јупи Јупи Јеееј... Сепак, овој пат нема да дозволам да ме замолчат и нема да остане на тоа.
Овој трошок ми беше генериран преку Интернет, за само еден ден, до ден денес се чудам како се потрошија 750 MB за еден ден, кога не правев ништо, но да земеме ситуација, дека сепак сум правел нешто, сум симнувал филмови ете :) преку мобилен :)
Телефонот кој ми го генерираше трошокот беше HTC Wildfire, солидно телефонче, ама ете може да напраи гооолема фрка, ако не го исклучувате апликациите кои ви работат во позадина, како мене, на пример. Е сега јас прилично добро разбирам англиски јазик, прилично многу користам интернет и уреди за пристап за интернет и тн и тн, ама ете не сум знаел за тоа. Зашто?
Па многу едноставно зашто!!! Затоа што Т-мобиле нити знаат, нити имаат интерес да знаат, заради нашата крајно ниска едукација на ова поле за нашите права како потрошувачи, дека господата се должни кога продаваат нешто да обезбедат УПАТСТВО. И да бидам јасен: Користењето на некои апликации може да генерира големи трошоци... НЕ Е УПАТСТВО за користење. Е сега сите вие корисници на било каков HTC телефон ве молам да ја најдете онаа убава кутија и да проверите каде тоа имате УПАТСТВО за креирање на сметка на Android Market или како се симнува апликација или било што како на пример на ова упатство? Е сега ќе заклучите дека немате и не е фрка ќе си најдете на интернет, ќе прашате другарче, на Твитер или Фејсбук, како и да е, ќе се снајдете, бидејќи нели тоа така си е кај нас...
Епа ајде да видиме Законот за потрошувачи што вика:
V.ДОКУМЕНТИ КОИ ГО СЛЕДАТ ПРОИЗВОДОТЧлен 21Трговецот мора при продажбата на производите на потрошувачот да му гипредаде и да му ги предочи пропишаните документи и документите кои гиизготвил производителот заради полесна и сигурна употреба на производот(декларација, гаранција, технички упатства, упатства за склопување,упатства за користење, попис на овластените сервиси и слично).
Епа проверете го уште еднаш тоа упатство што го имате и одговорете дали имате упатство за користење на телефонот на македонски јазик? НЕ !!! Имате упатство за стартување на телефонот, но не и за користење. А согласно член 22, (да не го ставам цел член, ќе го издвоиме најбитното, а Законот за заштита на потрошувачи ве поттикнувам слободно да го симнете од www.pravo.org.mk , иако ќе го закачам и тука на блогот):
Член 22
Документите од ставот 1 на овој член мора да бидат напишани јасно и
читливо на македонски јазик и кирилско писмо, што не ја исклучува можноста
истовремено употреба и на другите јазици и знаци лесно разбирливи за
потрошувачот.
Ќе ви поставам уште некое прашање, ајде каде пишува упатство како се подесува APN на телефонот, каде има упатство за бришење или деинсталирање на апликација, каде има упатство за синхронизација на сметките на Фејсбук или Твитер, каде има за тргнување на синхронизацијата, бидејќи телефонот, ионака нема македонска поддршка, па уште и без упатство излегува дека сме цела држава енглези!!!
Толку за оние HTC и Android вљубеници, одиме понатака на оние мене поомилените, iPhone корисници, поомилени од аспект, затоа што Т-мобиле, тука имаат направено таква правна заебанција, што ни самите верувам не знаат како да ја исправат.
Вие со iPhone телефони може слободно да погледнете дека има упатство на македонски јазик, поточно Прирачник за употреба . Нескромно ќе ви кажам дека ова упатство се наоѓа на веб страницата од 22.07.2009, благодарение на мене. Тогаш имав исто така приговор и ги објаснив нивните задолженија како продавачи на тогаш телефон iPhone 3G/3GS.
Тогаш проблемот беше затоа што немаа никаво упатство и ги немаше така никаде месец дена, ја преведоа буквално американската верзија на упатството (и тука лежи закачка), го закачија на веб и наредниот ден ми се јавија и ме викнаа на разговор.И се договоривме, ми ги избришаа, тогаш генерираните 7.500 во роаминг интернет, затоа што јас нели, не знам што е тоа Data Roaming ON, а они немаа упатство и викам а што правиме со сите трошоци на сите преостанати корисници? Ми рекоа на тоа немој ни да си помислил. БУКВАЛНО!!!
Како и да е, она што сакам да ви кажам е дека, сите генерирани трошоци на сите корисници на iPhone во период од како почна да се продава па се до 22.07.2009, може слободно да побараме да ни ги вратат и овој пат и покрај, барам да го направиме тоа.
Правни заврзлами кои се уште постојат, а постои огромен простор да бидат, заради тоа и казнети се со еден термин и член во законот за заштита на потрошувачи објаснети ЗАВЕДУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИ. Драги корисници на iPhone, па и останатите, има ли некој што ја нема видено следната слика, особено на сите реклами на Т-мобиле за понудата на телефонот.
Е сега ништо не и фали на сликава, освен дека докажува дека Т-мобиле ЛАЖАТ!!!
Оние две икони во најдолниот ред App Store и iTunes:
App Store
iTunes
Едноставно не треба, односно НЕ СМЕЕ да се појавуваат на ниту една реклама, затоа што ние, Р. Македонија, сме еден од оние региони, каде оваа услуга не е достапна. Е сега да биде работата уште пострашна, не знам сега како е, но пред 3 години, имаа печатено едно упатство, со меил од нивни вработен каде се објаснува, како да креираш сметка (account) на iTunes и во App Store со тоа што ќе напишеш дека си ЦВЕТКО ЦВЕТКОВСКИ од МЕНХЕТЕН и таму некој број. Кога отидов на разговор за мојот приговор ми кажаа дека наводно Apple бил запознаен со истото и го одобрувал тој акаунт на Македонци од Менхетен и тоа е САМО ЗА FREE СМЕТКА. За платено едноставно НЕ МОЖЕШЕ и мислам се уште НЕ МОЖЕ и тоа е заради не средените авторски права, не средената законска регулатива, не признавањето на PAY PAL во Р. Македонија, ама што и да е, едноставно I DON'T CARE!!!
Она што е битно дека Т-мобиле на сите реклами, нуди производ и услуга, кои не е во можност да ги обезбеди и уште полошо ги тера своите корисници да користат ЛАЖНИ кориснички сметки во App Store и покрај тоа што во истиот закон јасно гласи:
Член 24Заведувачко рекламирање е секое рекламирање кое на било каков начин, вклучувајќи ја и неговата презентација, ги доведува во заbлуда или е веројатно дека ќе ги доведе во заблуда лицата на кои им е наменето и кое заради својата измамничка природа најверојатно ќе влијае врз нивното економско однесување или кое од овие причини го повредува илинајверојатно ќе го повреди конкурентот.
Кажете ми вие еве што е iPhone телефонот без овие две услуги доколку не можете да симнувате апликации???Нема да биде воопшто поразличен телфон на пример од NOKIA 33/10...
Или да купиш Ферари кое е гравирано 320 km/h, а може да крене едвај 40. Или еве уште една уште пострашна компарација, што правиме ако Т-мобиле продаваат лекови и на некој срцев болесник му дадат апчиња за асма, нормално без упатство за употреба и за користење. ПА НЕКА СИ ЧИТА НА ИНТЕРНЕТ ПОСЛЕ КАКО СЕ ПИЈАТ!!!
Покрај се, мислам дека и до ден денес, се уште никаде не се споменува дека не може да ги користите овие услуги, особено при вашето купување на телефонот или потпишување на договорот!!!
Како и да е, ептен се одолговлечи постот, ама само за да Ве разубедам дека постои место и постои подготвеност за стручна соработка и било каква поддршка, доколку имате проблеми со вашите сметки. Но особено ми е битно, да се собереме голем број на корисници на овие телефони, било кој HTC, iPhone, па и другите телефони на Android и заеднички да истапиме во борба против овој потценувачки начин на третирање на корисниците. Сакам да ги тужиме за секој цент кој бесправно го имаат исцедено од не знаењето на некои корисници и со средствата да се основа организација која исклучиво ќе се занимава со овие прашања. Која нема да биде квази поткупена институција или инспектор, туку која ќе излегува во пресрет на секој граѓанин кој ќе има потреба за било каква правна, стручна, техничка помош.
Така да Ве очекувам, Ве охрабрувам да ми пишете, на блогов, во коментарите, на контакт формата, било каде, да се собереме што повеќе луѓе, Ве молам искористете го текстов, делови од него, проширете го зборот, да се обединиме и да направиме нешто за подигнување на нашата свест како корисници, потрошувачи и дека живееме во едно општество каде НИЕ ВЛАДЕЕМЕ!!!
Уште еднаш Ве поздравувам и ве потсетувам ВРЕМЕ Е !!!
Иницијативата ти е за поздрав, но, како iPhone корисник, само да ти посочам дека двете апликации кои ги посочуваш МОЖЕ да се користат во Македонија. Поточно, корисничка сметка со адреса и останати контакти во Македонија, МОЖЕ да се креира.
ReplyDeleteПо прецизно (и по важно) - при избор на Македонија како земја, сите правни услови кои треба да се прифатат во iTunes, се на македонски јазик. Можеш да креираш сметка и да го провериш ова.
Се надевам ќе го провериш ова и ќе направиш измена, ако веќе сакаш да ја водиш работава „на големо“, како што гледам...
Што се однесува до поентата на текстот и иницијативата - навистина ВРЕМЕ Е!!! И предоцна е веќе! Но, јас не ја наоѓам вината само во компаниите како T-Mobile. Дури, можеби и повеќе вина гледам во луѓето. Несфатливо за мене, но гледам дека воопшто не сакаат да внимаат и да се грижат за самите себе. А, потоа, полни им се устите со сѐ и сешто, без однапред да внимаваат. Не читаат договори, не внимаваат што потпишуваат, а што е најстрашно - не ги ни интересира.
Можам мнооогу да пишувам, но ајде да не спамирам.
Поздрав и ти посакувам успех со иницијативата.
Коста работата е што во правото има основ на тужба за настаната штета претходно, зборувам за периодот од 2-3 години пред они правно и секако да се покријат. Значи оспорување на секоја iPhone сметка од 2008 или коа е, па се до 2009 или подоцна кога ги имаат овие ствари решено.
ReplyDeleteОдлична иницијатива, треба да се прошири ова иако сум скептик дека би се сменило нешто. Најосновните закони не функционаат кај нас па никој мува не го лази па за ова. Сепак време е!
ReplyDeleteИстото е и со Blackberry!
ReplyDeleteТокму така, нив (RIM) и ги заборавив... Епа луѓе ајде...
ReplyDeleteАлал да ти е за постот, се надевам дека ќе вроди плод.
ReplyDeletep.s. mk-smartphones, mk-ripphones
btw, na Wildfire i drugite HTC-a vo samiot telefon go ima istoto upatstvo vo pdf format kako vo tvojot link (na angliski, jasno :) ).
ReplyDeleteДа де, ама муабетот е дека треба да биде тоа Упатство истото, на македонски, како во случајот на iPhone. Ако веќе знаеш англиски не ти ни треба упатство коа ќе видиш така...
ReplyDeleteЕве во Британија ситуација:
ReplyDeletehttp://www.guardian.co.uk/money/2011/may/10/bill-shock-phone-internet-ofcom?CMP=twt_gu
Еве во Британија ситуација:
ReplyDeletehttp://www.guardian.co.uk/money/2011/may/10/bill-shock-phone-internet-ofcom?CMP=twt_gu
Алал да ти е за постот, се надевам дека ќе вроди плод.
ReplyDeletep.s. mk-smartphones, mk-ripphones
Иницијативата ти е за поздрав, но, како iPhone корисник, само да ти посочам дека двете апликации кои ги посочуваш МОЖЕ да се користат во Македонија. Поточно, корисничка сметка со адреса и останати контакти во Македонија, МОЖЕ да се креира.
ReplyDeleteПо прецизно (и по важно) - при избор на Македонија како земја, сите правни услови кои треба да се прифатат во iTunes, се на македонски јазик. Можеш да креираш сметка и да го провериш ова.
Се надевам ќе го провериш ова и ќе направиш измена, ако веќе сакаш да ја водиш работава „на големо“, како што гледам...
Што се однесува до поентата на текстот и иницијативата - навистина ВРЕМЕ Е!!! И предоцна е веќе! Но, јас не ја наоѓам вината само во компаниите како T-Mobile. Дури, можеби и повеќе вина гледам во луѓето. Несфатливо за мене, но гледам дека воопшто не сакаат да внимаат и да се грижат за самите себе. А, потоа, полни им се устите со сѐ и сешто, без однапред да внимаваат. Не читаат договори, не внимаваат што потпишуваат, а што е најстрашно - не ги ни интересира.
Можам мнооогу да пишувам, но ајде да не спамирам.
Поздрав и ти посакувам успех со иницијативата.