Поминав на семафорот, истиот оној што ама баш секогаш свети црвено. Го угасиле, полицаец го диригира сообраќајот, а тој само трепка жолто.
Поминавме во еден здив и покрај големата гужва. Скопје е претесно за сиве овие автомобили за празнициве.
Автобусот нема гужва за чудо, а и маглата се крена, знаеш како викаат, љубовта трае кратко, да заборавиш толку долго, а исто претпоставувам и да се вратиш дома за Божиќ со 23ка.
Нешто не е во ред со Железничката станица и таа е празна, зарем сите се крај своите сакани или патуваат со автомобили?
Колку глупаво, со автомобил никогаш не можеш да ја згрешиш станицата!
Можеби на радио, можеби ако има магла или гледаш во ГПС навигацијата без мапа за Скопје.
Тоа би било кул, баш би го патувал градов со автомобил со ГПС навигација без мапа за Скопје. Тоа би било стварно кул. Да се изгубиме некаде кај кафаните во Дебар Маало, на паркингот на Водно или на донер во Чаир. На чај и наргиле во Нерези, на спуштање да згрешиме на џоинт во овоштарниците...
Да влеземе на театар, да го ебам тој новиот, по грешка да влеземе во Драмски ти облечена дамски јас во тренерки, да се степам со луѓето од билетарата!
На Теферич да вежбаме тргнување под ручна, да ти викам: Пази тука клиза на Љумфер брдо и да ти ебам ГПСот како не донесе тука!!!
На Кале кај франциските гробишта да ти кажам дека ми е омилен Превер! Пак да викнеш: Ама што е со тебе и французите?!?
Баш би бил кул овој град да го возиш без ГПС и на точак и пеш и со градски автобус... Да си во него и да си моја... Баш би бил кул овој град!!!
No comments:
Post a Comment