2013-12-30

И не се вика експресо побогу!!!






Научив да врзувам врвки на патики некаде уште во градинка, тоа беше лесно.

Научив да викам Л еднаш кога се туширав, бев толку пресреќен што трчав гол низ станот извикувајќи лубов, лубов, до ден денес ја викам така понекогаш

Научив сам да возам точак... Kога ме однесе татко ми да ми купи нов одбив да е со помошни, ми рече ок ако можеш да го возиш тој на две ќе купиме таков.

Тогаш за првпат научив да го импресионирам и точакот беше мојот триумф.

По ѓаволите научив лев двокорак и да забивам...

Научив како да пушам, како да се откажам, како да ослабам и да качам 20 кила... Да држам ајнцер и да правам пена за макијато. Да тоа со пена е капучино и тоа научив. И не се вика експресо побогу!!!

Пијам кафе без шеќер, а го пиев толку слатко...

Научив да одам во длабокото... Малиот е одличен пливач ќе речеа постарите, кој го научи?

Научив и да лажам, да крадам... Научив да враќам, да плаќам, научив да плачам и да љубам, научив да губам, да судам, понекогаш грешно, да се смеам на смешно, да зборувам утешно! Знам како да те разочарам, да се покаам, покажам и пуштам кога не треба... Научив дека ако одиш бос по плочки може многу да наебеш!

Знам да вадам корен, да сложувам по звучност, еден куп тригонометрии и по некоја функција во ексел!

Го научив јазикот на улицата, скопски, дромски, џанерски, стрејтерски, англиски и уште по некое лубовно наречје. Знам кои се четирите страни на светот и каде е точно источно од рајот! Научив за востанија и војни, пустош и кубизам, мојот омилен надреализам и знаеш што Бретон? Еби се со твоите идеи за револуции!!!

Во Боеми научив дека во кафана даваат друг тип на мастики и тие не се за деца и ебано многу потсетуваат на узо. За старите скопјани што играат оро пред Идадија.

Научив за животот, за едно лето,  за еден град, за воздишките и недостигот.

Изгледа едно само не научив...

Како да престанам... А ќе морам!!!













1 comment:

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...