Платен пропаганден пост - со срце, јетра, бубрези и по некое белодробно крило!
Имаше порано некоја агенција или нешто што се викаше Моделс Ин. Во тоа време другар ми одеше со девојката од САД, а јас во долга врска со една девојка од Белград. И двете ги запознавме во Скопје и двете на некој чуден начин работа, школо си го најдоа патот надвор од Скопје.
Но, не беше до наредните девојки, онаа неговата што отиде на специјализација во некоја чудна земја на Блискиот Исток и мојата наредна која отиде да печали на Малта да ни текна уз еден мрсно завтикан џоинт дури цмиздревме ко емотивни пичкици колку ни фалат во градинката во Аеродром да сфатиме дека у суштина имаме невиден дар да ги испраќаме девојките околу нас што подалеку.
Така спонтано се роди идејата за агенција Models out!
Имаш проблеми во животот? Скопје е претесно место за тебе? Мислиш дека животот има многу повеќе од лигавење цевка од нес на Ленинова? Моделс аут се тука за тебе. Само фати се со еден од овие двајца несреќници и гледај како животот ти тргнува во друг правец.
Во меѓуреме другарот се ожени...Ваљда најде некоја без пасош јебем ли га...
Јас пак ги усовршив техниките на испраќање на луѓе, особено женски у пичковац...
Пред пет години земав и судски печат, така да сега им помагам и при документацијата, да не идат сеа да фрлаат пари по глупости, кога и двајцата знаеме дека неминовно ќе дојде до тоа. За фалење или не, стварно иам многу луѓе испратено надвор од држаава, со тоа што не би било лошо веќе некој да почне и по нешто да плаќа.
#Ж да знае колку луѓе иам пратено надвор од држаава мислам дека лично ќе дојде да ми залепи шамар.
Како и да е, сфатете го овој текст како реклама за тоа дека сум судски преведувач и јавете се понекогаш кога ќе ви треба превод за документи... За врска фала НЕ МОРА... Сум гледал тој филм :)
a da vrabotis ti NEKOJA kako tebe,pa taa mene da me isprati nekade aut od drzavava? :)
ReplyDelete