Матни ми се тие денови... Кога пробувам да се присетам се’ ми е некако наопаку, нешто као:
- Мамо мамо зашто сум јас црн, а ти си бела?- Сине каква журка беше тоа добро е што не лаеш!!!
Факултетот некако стоеше таму каде што си беше, како да го слушав чика Дуле со зборовите: Факултетот не бега, таму си е. Љубовта бега! - Во весник излезе натпис: Македонските синови гинат, додека скопските „педерчиња“ излегуваат во Бастион. Јебеш му матер, ако не работев тогаш таму и јебеш му матер, ако татко ми не ми го цитираше ебаниот весник секој ебан ден. Не бев некое копиле што шеташе со цвеќе у косата, ама едноставно не ме интересираа срањата што се одвиваа.
Некако чудно имаше луѓе кои го возеа филмот, знаевме да си ги избереме работите кои не радуваа, да се завиткаме во нив и да го истражуваме светот на еден поинаков начин, без страв, со многу музика, филм, љубов и разбирање.
Во тоа време Таксират беше млад, но амбициозен проект кој на чуден начин знаеше да ни ги презентира луѓето што се уште слушаа хеви метал имаа чудно долги коси и носеа јакни со нитни. Обично беа од другите градови од Скопје и со предрасуди гледав како на поголеми стереотипи и униформи од оние од кои што се оградуваа. И кога веќе сме кај моите предрасуди, сте приметиле дека луѓето што не се од Скопје по дифолт се колнат у Пинк Флојд? Офтопик, ама се надевам ќе поттикне некого да ми пише колку сум искомплексиран во коментарите.
И така некако се погоди приказната да работам на Таксират. Дојдовме порано, испоналивме по милион и едно пиво, измкнавме гајби и почнавме да ги чекаме луѓето да доаѓаат. Почна, имаше еден куп луѓе, зборуваме илјадници кои им беше преку глава од глупостите кои се одвиваа и сакаа да дојдат и да слушнат добра музика. Имаше толку многу луѓе што си ја ебавме мамицата од работа и наредно што памтам е како се средувавме за да завршуваме и видов една група од 20-30 луѓе, главно металци како седеа по ќошевите од халата. Истите оние со косите, јакните и нитните. Се свртев до некого до мене и прашав што е работа? Излезе дека се од Тетово и Гостивар. Имало полициски час и не можеа да се вратат назад до наредниот ден до 7 часот сабајле. Секоја чест си реков и продолжив со работата, но некако останав со мислата и од време на време погледот накај нив ми се чини до ден денес.
И не би да звучам тајмсик особено затоа што тоа и не беа баш некои времиња за тоа, ама сепак мејкс ју уондер. Постоеа, постојат и се надевам ќе постојат луѓе кои живеат за да го чујат својот омилен бенд и тоа ете на некој начин ме радува. Ако нешто друго треба да радува тогаш сигурно е во што прерасна Таксират и годинешниот лајнап, Чиста Околина 11 факинг години подоцна и оставеното ЦД од Паров Стелар у кола.
Мене лично ме израдува и концертот на Новел Вог (ова да ти било Ваг) и пак, иако е лејм причата чувствувам морална обврска да ја испеам еднаш Лав уил тел ас апарт. Колку само Иан ќе се превртува во гроб од тоа богохулие :) Јеби га останува да видиме!!!
Што се однесува до мене и мојата приказна со Таксират... Продолжува како и на голем број од нас... И 14 години потоа...
Инче дома се вративме со возот у 5.30 (фала на питање). Стигнав у Тетово у 8. Украдов векна леб од пред продавница и (вечерав) доручкуев она хард кор како биваше тоа некад на полициски... после таксират... одамна... (Мрсен бев зашто косата ми јадеше исто така. А да и слабо се бањав тогаш)
ReplyDeleteДобро е... Да не те мислам :) поздрав се гледаме годинава тогаш пак
DeleteNe samo sto Вог da ti bilo Ваг, tuku i Новел da ti bilo Нувел. Apart from that, dobar post :)
ReplyDeleteВо некои делови на Рур може да се слушне се уште акцентот каде што го викаат Ноувел ама да не цепидлачиме мислам? :) Тенкју!!!
DeleteНего за Пинк Флојд бе никој нема нишо да каже???
Ne cepidlacime, ama koga slusas nekoj bend, uste povekje ako go sakas za da napises i blog za nego, najmalku sto mozes e da go naucis negovoto ime. I jas ne znam germanski pa znam da go izgovoram Einsturzende Neubauten ;)
ReplyDeleteAs for Pink Floyd, edinstveno sto mi teknuva vo momentov e "Wish you were here", ali ako si tolku iskompkleksiran - bolje ne :)
Ај вака ко за почеток да се упознаеме подобро. Со Пинк Флојд мислев :)
DeleteЗнаеш на пример дека спротивно на мислењето на многумина меѓу кои и јас, дека Уиш ју ’р хир е напишана за другар или колега или што и да е, но машко?
Ne znaev. Sea otkako se upoznavme dobro, 'have a cigar'.
ReplyDelete