Ја имав таа привилегија или проклетство одреден дел од животов да го поминам во Романија. Мотив да го напишам текстов ми беше неодамнешниот двомеч на Вардар со Стеауа. Да бидеме реални и покрај огромните проблеми во кои се наоѓа романскиот клуб, Џиџи Бекали контроверзниот бизнисмен и парламентарец, воедно и сопственик на Стеауа го стрпаа во затвор пред некој месец за проневери, ни на крај памет не ми падна дека Вардар, макар колку и да би се појачал, би имал шанси против Стеауа. Вчера дечките имаа накај 30 удари на голот на Вардар, да не беше тој Јован Костовски ќе немавме шут на гол и јас стварно не знам како тоа Вардар подобриле впечаток, ама ај ќе веруваме на македонските медиуми, затоа што постов немав интенција да ми биде критика на Вардар.
Сепак она што е евидентно во периодот дури престојував во Романија е дека немаше медиум кој не пренесуваше што се случува во домашното првенство на пример во фудбал. Не беа тоа паушални преноси со кајрон типа Сидор наочара, не, туку вистински анализи и дебатни емисии од по половина час минимум со спортски работници каде се разгледуваа играчите, тактиките и тн. Потоа натпреварите беа дел и од главните вести каде и се најавуваа големите дерби мечеви меѓу Стеауа, Динамо, Рапид, Клуж, Тимишоара и ред други.
И пак тоа не беше се’. Во емисиите од калибар Ексклузив, главна тема беа фудбалерите, како биле облечени, кој се земал со која, во кои клубови излегуваат, какви пијачки пијат, каков кокаин шмрка Муту, во кои ресторани може да ги сретнете и веќе доаѓаме до една друга реалност.
Емисиите се продуцираат од страна на телевизиите, има од забавен карактер, едукативен, спортски, емисиите одат во прајм тајм и спонзорите, адвертајзерите и сите што сакаат да пренесат порака се соочени со тоа дека треба да ги „играат“ спортистите и клубовите и федерациите.
Тоа прави инфраструктура околу клубовите, кои се заинтересирани сега веќе и за приватниот живот на своите претставници, затоа што тоа предизвикува медиумско внимание и самите спортисти се чувствуваат како вистински ѕвезди и сето тоа ствара синергија од која сите имаат полза.
Тоа значи луѓето, гледачите се запознаени и заинтересирани повеќе за натпреварите, со тоа ќе се зголеми присутност на симпатизери на стадионите, на гледачите пред ТВ приемниците, тоа значи дека место да тепаат кеш копита што носат шпански сапуници, ќе може да се вложи во реклама на спортските арени, парите да се искористат за подобрување на условите на самите арени. Тоа ќе значи една поинаква култура кај секој од нас дека е океј да купиш дрес од омилениот домашен клуб и да отидеш на утакмица. Дека е океј детето да ти игра спорт можеби?
Погледнете како пример што се случи со кошарката, после освојувањето на 4то место на репрезентативците се насочија медиумите кон пренос на домашното првенство, влегоа одредени спонзори, влегоа општини и одеднаш имавме преноси на првенството и дознавме дека и за Куманово дека игра добар баскет, дека Кожув се драма екипа.
Знам сега ќе биде муабетот дека треба некој успех можеби од фудбалерите, па после, ама ај да пробаме еднаш од другава страна, ќе функционира верувам...
Е сега дали со закон треба да ги тераме сељандуриве да не носат сапуници и да прават продукција на сопствени емисии е друг муабет, јас само апелирам да се разбереме :)
Ај да не трујам по тајмлајн :)
ReplyDeleteСе согласувам дека покриеноста на домашниот спорт во домашните медиуми е очајна, но тоа е последица на состојбата во која што се наоѓа спортот, а не е резултат на неследењето од страна на медиумите.
Претпоставувам тука мислиш на телевизии и весници и иако немам намера да ги бранам, особено не сега, проблемот е што немаат за што да известуваат и за што да прават емисии и слично. Едноставно, не можат од воздух да го вадат тоа што не постои на терен. А да не зборуваме дека гледаноста на тоа би била мизерна.
Околу Стеауа пак го откри главниот проблем и главната разлика меѓу нив и Вардар - политиката. Таа, а не медиумите се криви каква е состојбата во спортот. Прво, со недоволно вложување и сериозна работа кога ќе се докопааат до власт и второ, со мешањето во внатрешните работи на клубовите. Стеауа, не заборавај, е професионален клуб, значи има газда, а Вардар со политичка одлука беше споен со друг клуб за да остане во прва лига. Целта на тоа и самиот ја знаеш :)
Има уште многу, ама ај да не го дрвам.
Апсолутно точно. Мислев на насловот. Потпишувам со две раце. Медиумите треба да го зголемат интересот на јавноста кон спортот. Треба да вложат во сопствена продукција и да ги ангажираат спортските новинари на правење програма и популаризирање на спортот.
ReplyDeleteЗа кошарката си во право. После Европското, почнаа преноси, или снимки и од најмладите категории кошаркари да се емитуваат по некои телевизии.
Само вложување во спортот и медиумска покриеност. Таленти имаме.