Вака коа ќе размислам и @medodimoski беше у емисија постави по некое прашање, му честиташе роденден на Бетмен на кое се приклучивме сите нели...
Откако ги врати порничите у видеотека ни се приклучи и Дијаспората и така некако се конципираше емисијата која мора да се пофалиме дека имаше најмногу слушатели до сега мислам накај 80 што е голем успех за сите и ви благодарам на сите што не слушавте и пишавте по некој збор на хаштаг.
Муабетите вака ако може да ги сумирам се движеа од блог, преку Господ, до Божјиот план за Скопје 2014, па преку локалните избори и преку бронзениот кур, се до НУЖНАТА потреба од сериски убиец во Скопје, како би станал вистинска метропола со сите примеси.
Споменавме и за улогата на уметниците во Избори 2014, андерграунд сцената кај нас, етиката и моралот кај истите, ги закачнавме и новинарите и по некој медиум.
Голема благодарност до Братот што конечно успеа да не врзе ко што треба и да се слуша мислам овој пат без крчење.
Во Калдрма инаку пушташе музика @adoohoho како дел од присетот на нивната веќе традиционална вечер во петок. Ги споменавме и дечките од Скопје Вавилон и нивниот настан во сабота во Капан Ан со гостинот од Србија (повеќе тука).
Ќе заборавев дека имаше и предизвикување на РАДИО ДУЕЛ првиот официјален твитер радио дуел помеѓу @sulimanovic и Влатко Васиљ (ова му е презиме „нека трепка“) нешто што тој експресно и со гадење го отфрли, инсининуирајќи ја при тоа корумпираноста која владее во највисоките редови на влијателните помеѓу твитер и дека дуелот ќе остави да го одлучи НАРОДОТ.
Се' на се' уште една супер емисија и повелете слушнете споделете:
No comments:
Post a Comment