2013-01-29

Емисијата На Радио на #ерадио




Викаат бројките не значат ништо така на пример Хитлер имал милиони приврзаници, а Исус уште повеќе милиони, милијарди, ама мислам не беше така... Изглеа нешто дванаесет требаше сега да кажам кај Исус... Како и да е, ние имавме дупло повеќе од Исус... Не две милијарди дебилу, 24... 



Да 24 беше бројката на слушатели кои денес беа сведоци на пилот емисијата на радио која се вика Емисијата на радио :) малку awkward ама со германец коа праиш емисија кој ти е крив. Како и да е, значи емисијата ќе оди секој понеделник во наредните 17 години, кога јас одненадеж ќе добијам рак на белите дробови и ќе умрам у некој бош ден ко четврток на пример и нема да стигнеме ни да се поздравиме ко луѓе. Но, о том, потом...

Сега за сега она што треба да се знае е дека емисијата на радио оди на eradio.mk  на твитер познато како #ерадио секој понеделник од 22:00 часот под нашиот оригинален хаштаг #емисијатанарадио

Во првата емисија гостин беше еден познат блогер и наш добар пријател, си направивме домаќински муабет, се присетивме на старите добри времиња кога се ќаруеше женска на дриблинг у баскет, ни раскажа малку повеќе за неговиот блог , за како тој би ја опраил нашата кошарка,  за хип хопот, за зошто е Чаир тоа што е и зашто е Аеродром бољи и многу други работи.

Дел од емисијата  на радио, за жал не целата од технички причини (читај дебилизам на авторот на блогов)  ќе може да ја слушнете на следниот линк...




Како и да е, сите пофалби, поплаки, сугестии за нареден гостин, би било убаво да ни ги пишете тука, ако не можете тука, тогаш може на хаштагот на твитер #емисијатанарадио или со пингање и се слушаме нареден понеделник!!!





No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...