2012-12-02

Зашто Blogirame.mk ?



Е вака, се канам веќе некое време и знам дека ова не е се' што има да се каже на темава, но горе долу ќе го покрие оној бизнис аспект на компаниите, дали и зошто би имале потреба од свој блог... Иницијално како мотив ми беше објавата на It.com.mk за Surface. И сега што има ќе речете необично во тоа? Освен што неразбирливо скапо го продаваат таблетот, интересно е тоа што Мајкрософт ги комуницира своите производи преку својот официјален блог! Значи не е тоа Бинг, не е  тоа Скајп, не е Месинџер или што и да е, иако верувам дека ќе ги искористи и овие, но пред се', за комуникација со корисниците, за објавување официјално новина, го користат официјалниот свој блог. Друга компанија која исто така го користи блогот е и Гугл... 

Е сега проблемот е што ќе речете па добро овие компании се пред се' тек компании, но повторно, има и кај нас дури и такви компании кои не ги објавуваат своите активности и не контактираат со своите клиенти преку блогот.

Доколку имате поинакво мислење или сакате ме дополните слободно пишете во коментарите, јас понатамошното елаборирање на темава ќе го оставам на овој инфографик.






Social media is going corporate


Уствари забораив што ми беше насловот... Ете затоа Blogirame.mk




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...