Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија се залага за развој на одржливо еколошко општество преку развивање на силно, демократско, граѓански организирано еколошко движење во Македонија.
Во моментoв, Милиеуконтакт Македонија го спроведува проектот „Општински стратегии за климатски промени“ финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави –УСАИД. Проектот ќе се спроведува во наредните две години.
Во рамките на овој проект
Милиеуконтакт Македонија има потреба од енергичен и мотивиран Систем администратор кој ќе биде одговорен за инсталирање и одржување на компјутерскиот систем, за комплетна грижа за веб страната на Милиеуконтакт Македонија како и секојдневно одржување на профилите на организацијата на социјалните мрежи.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме да ги испратите вашите податоци (CV), заедно со писмо за мотивација, на следната електронска адреса:
Предмет: Систем администратор
Краен рок за пријавување е 11 декември, 2012 година.За резултатите од овој повик ќе бидат известени само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, истите ќе бидат повикани на разговор во просториите на Милиеуконтакт Македонија во Скопје.
No comments:
Post a Comment