Еве како почна ЕХО
Лека полека одлучивме да се движиме во насока на се' поголемо преориентирање на Блогираме кон крајниот корисник, посетителот. Со оглед на тоа што веќе располагаме со солидна база на блогери која секако секојдневно расне, одлучивме да го направиме блогираме попристапно за читателите. Во следните неколку линии текст и сликички ќе ви презентирамe дел од нашите обиди како тоа да го постигнеме.
Со логирањето, преку кликање на човечето во горниот дел, десно од логото (доколку немате корисничка сметка, ве охрабруваме да направите),
Затоа што со тоа добивате повеќе можности, меѓу кои:
- можност за персонализација односно следење само на одредени блогови,
- можност за следење на одредени категории,
- Со тоа што секогаш кога ќе бидете логирани на Блогираме и кликнете на иконата (човечето), ќе се појавува вашиот персонализиран изглед на Блогираме, со блоговите и категориите кои сте ги избрале да ги следите,
- Додавањето оди преку притскање на плусот кој се појавува во десниот дел на блоговите кои се прикажани во делот на Сите блогови на следната адреса: http://blogirame.mk/blogs/
- Категориите од друга страна може да се додаваат на истиот начин кога ќе кликнете на одредена категорија знакот (плусот) се јавува на секоја од категориите која не ја следите
- Постови со ехо ова е нова функционалност која ја додадовме денес, мотивирани од фејв копчето на твитер. Искуствено знаеме дека голем дел од корисниците го користат копчето покрај тоа што сакаат да укажат на тоа дека им се допаѓа објавата и како некој вид букмарк, односно потсетник за нешто да го погледнат подоцна кога ќе имаат време. Од таа причина ја воведовме таа функционалност и на Блогираме . Тоа значи дека доколку видите набрзина некој пост ќе може да го кликнете ехо копчето и подоцна кога ќе имате време да го погледнете на раат. Исто така, постои и можноста на едно место да се погледнат сите постови кои ви се допаднале. За отстранување на некој од тие постови од листата доволно е да кликнете на копчето ехо со тоа, ќе се избрише и постот нема да се појавува во оваа листа повеќе.
Се надеваме ќе ви се допадне оваа нова функционалност и ќе ве поттикне да го користите се повеќе ЕХО-то. За сугестии, критики, прашања, пофалби ви стоиме секогаш на располагање на info@blogirame.mk и на нашиот твитер профил @blogirame и да и на фејсбук на нашата страница
Се читаме...
No comments:
Post a Comment