2012-09-05

We used to touch the music




Интервју со еден од дечките одговорен виновник за филмот: We used to touch the music!

АС: Што е причата со филмот? Демек VHS се бољи од SONY?

Филмот е потсетување на некои поинтересни и помеханички времиња, времиња кога носачите на звук не беа толку софистицирани и звукот на нив не беше толку квалитетен, но сепак дражта беше некако поголема. Btw, и SONY правеше VHS :)




АС: Награда нешто сте добиле кој што каде?

Досега, филмот има добиено: награда за најдобар едноминутен филм на Државниот фестивал на непрофесионален филм, кој се одржа во Скопје, во јуни 2012, потоа има влезено во официјалната програма на Хрватскиот фестивал за едноминутни филмови, кој се одржува секоја година во Пожега, Хрватска, додека пред три дена, ја доби третата награда на Светскиот куп за едноминутни филмови, кој оваа година се одржа во Русе, Бугарија (фестивалот ротира во различни земји секоја година), каде што одлуката се донесува исклучиво од страна на публиката.

АС: Дали е ова прв твој филм? Има ли други? Каде да ги погледнеме?

Ова не е мој прв филм. Ова е мој десети филм досега. Сите се во продукција на Академскиот кино клуб од Скопјеорганизација која се занимава со производство, чување и промоција на непрофесионален/некомерцијален филм. Повеќето од нив ги направив поодамна и се на VHS, што го отежнува пристапот до нив. Последните неколку се во дигитална форма. Некои од нив се достапни на интернет, како на пр. „Респект“, документарниот филм за dnb сцената во Македонија. Ќе поработиме во таа насока, барем дигиталните филмови да ги направиме подостапни.

АС: Чеј уште некое клише прашање  Што може ново да очекуваме од Мице?

Во моментов се спрема документарен филм за скопскиот Hacklab – КИКА. Сè уште се доснимуваат некои потребни делови. Очекувањата се дека до крајот на годинава ќе успееме да го завршиме филмот.

АС: Дали можеш да направиш стој на раце?

Да, ама само за пола секунда.

АС: Од 1 до 10 колку ти е тешко што Кристијано Роналдо е несреќен во Реал?
3.

АС: Европски или Холивудски?

Европски, ама колку и да сакаме гласно да говориме за клишеата и „уметничката вредност“ на холивудските филмови, повторно одиме во кино, и гледаме, нели?

АС: Њујорк или Лос Анџелес?
Њујорк.

АС: Ги знам овие – Европски и Њујорк гарант :) Епа тогаш пиши бе зошто?

Отсекогаш сум сакал да одам во Њујорк, затоа :)


АС: Ти дали знаеш што имаше во актовката на Вилијам Волас? упс :)

Мислиш Марсел Волас :) ...не знам баш. Тарантино го оставил тоа за секој да го препознае тоа што го мисли, т.е. она што сака, да биде во актовката.

АС: Кој е луд во „Лет на кукавичко гнездо“?

Класика е филмот. Без шеги за него.

АС: Го знаеш оној вицот за холивудски пар? Драги: твоите и моите деца се тепаат против нашите! Што да правиме?

Хаха... не, ама би сакал да го чујам од тебе, ми изгледа смешен.

АС: Музиката е голем дел од твоето творештво како што може да приметам?

Да. Во некои од моите филмови е нагласена музиката. Тоа некако спонтано доаѓа со идеите за филмовите.

АС: Што е тоа дабстеп бе?
Не сум баш стручен за ова прашање.

АС: Прл Џем или Нирвана?
Нирвана.

АС: Има гледам соработка и со Беи Да Фиш на видеото? Со кои други си соработувал и би сакал или ќе соработуваш?

Па со нив супер беше соработката. Се согласија да се искористи нивната песна „Livin' In A Box“ во филмот. Со други музичари соработував при правењето на „Респект“ документарниот филм за македонската dnb сцена. Одлични времиња беа тоа. Што се однесува за во иднина, секако дека ќе има повторно соработка со некои наши музичари.

АС: И што знам тоа...

- Ок. Ти благодарам за поканата. Се гледаме во наредна прилика :)

А сега марш сите на гледање на филмот


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...