Реагира УМС Аеродром за се’ помалите количини марихуана и опијати во Аеродром. За помалку од една недела Аеродром заминаа на одмор повеќе од пет дилери.
Како резултат на ова неколку лица беа тешко опијанети и тоа непосредно предизвика инциденти на неколку локации низ Аеродром и градот Скопје. Последниот инцидент при што е забележано бањање на неколку граѓани во фонтаните кои градоначалникот на оваа прекрасна општина неуморно ги гради на секој ЕБАН чекор.
Владата и министерството за транспорт и врски немаат ни најава дека ќе постават мастер дилер на дилерите низ маалата.
Општо познато е дека неодговорниот начин на работење е препознатлив за оваа власт, но овде директно се загрозуваат животите на граѓаните.
Доколку немаат кадар во редовите на нивната партија, нека постават стручен човек за таа работа од друга партија, бидејќи со ова значително се загрозува безбедноста низ Аеродром, пишува во соопштението на УМС Аеродром.
No comments:
Post a Comment