Не таков партнер бе гејови, факоф!!!
Значи инспириран од тоа што неам фенинг, а мислам дека знам многу луѓе и секоја дупка у градов и нормално гледајќи го Bored to Death укапирав дека може и би сакал да работам ко приватен детектив. Прво и основно ќе ми треба ваљда нешо као партнер, да не ми дојде многу работа одеднаш, пошо сум нов у работава и не ја знам ситуацијата на пазарот во поглед на побарувачка на овие услуги.
Така да ако некој има афинитет сака предизвици, останување до раните утрински часови, ако сака крофни, ако знае барем една реплика од „Кој го уби зајакот Роџер“. Ако некој има мантил, да и тоа е битно, пошо никад не знаеш коа ќе заврне дури си на терен, нормално нека се пријави преку коментарите на блогов или уште поубаво во контакт формата!
За сите останати ќе ми биде многу драго доколку ја помогнете оваа детективска агенција првенствено со предлози за името, па потоа во нејзиното популаризирање, преку шерови, уорд оф маут, ес ту маут и така натаму. Размислувајте на широко, вашето дете излегува до доцна? Вашата жена оди на јога? Мажот се враќа стално без пари дома? Можеби токму детективската агенција „___________________________“ ги има вашите одговори.
Повелете контактирајте со „нас“ (со мене де) преку контакт формата на блогот. Цена „разумна“ колку да се „спржи“ нешо, дискрецијата е загарантирана, бидејќи запомнете „Ние ја цениме Вашата приватност“.
Искрено ваш,
Шерлок Нечовски и партнерот ту би!!!
This comment has been removed by the author.
ReplyDeleteИмам мантил, имам изгледано доста ЦСИ и сите филмови и епизоди од Шерлок. Фит сум, значи можам да следам луѓе доста време. Не сум толку по крофните ама ќе се жртвувам за тимот. Имам одличен вид и добро се снаоѓам во просторот. Добро ми одат хемијата и физиката (во случај да притреба нешто) и познавам доста народ во градов. Џвакам плави Ервејс.
ReplyDeleteМе има и на твитер @OvojOdAerodrom
П.С. Филмот се вика - "Кој го намести зајакот Роџер?"
П.П.С Убава маица. Кој ти ја шиеше? Квазимодо?
Ме фасцинираше и ме изгази од смеење браво...
ReplyDeleteСметај дека сме тројца веќе: ја ти и @VlatkoVasilj ... Ќе газиме...