2012-07-01

Сакав!




Сакав да го напишам Крушевскиот манифест!
Сакав во квечерините само најумните наизуст да ги прераскажуваат зборовите мои некогаш испишани.
Сакав првото дркање на некој средношколец да биде токму врз мојата книга!
Да биде една од оние што кога ќе ги позајмиш другиот ќе се погрижи дека ќе му ја вратиш.
Во театрите громогласните аплаузи да бидат круна на безгрешните монолози изустени од најголемите светски имиња.
Сакав да се креваат револуции на рамената на летоците од мене испишани,
Одбројувањето до мојот нов роман да биде побитно од она за Олимпијадата.
Сакав да го решам Палестинското прашање и да добијам улица со моето име во Париз,
Океанот да го пловиме со оние интерконтинентални бродови со џез бендови, а јас бесрамно да доцнам на вечерите кои се приготвувани во моја чест. Сакав Кит Ричардс да остане трезен дента кога треба да ме запознае и за тоа да раскажува на своите деца.
Тоа би било одлично име за роман ќе му речев: „Единствениот ден кога останав трезен“!
Ќе немаше потреба од толку многу споменици кога мојот лик ќе беше се', а ионака ќе бев насекаде и во секого.
Сакав слободата да добие смисла низ секој мој стих,
Сакав да го променам животот на толку многу луѓе...

И тогаш?  Тогаш прв пат ги допрев твоите гради...







No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...