2012-06-12

Шамар





Многу е чудна аеродромската. Сите се уличари. Без разлика кај си учел, што си учел, дали ти биле сите петки или си паднал година и дали си електраш или економист, сигурно ја знаеш точната должина на булеварот, ги имаш измерено асфалтираните лавиринти и подисушените ливади од почеток до крај, го знаеш секое ќоше на памет, си дремел на клупа цела вечер во повеќе наврати, Црвениот ти има земено пари пред зграда (исто во повеќе наврати) и имаш лапано во дворот на градинката.

Кога сме веќе кај „лапањето“, мора да се нагласи дека аеродромци се особено возбудени по девојки од други населби, а бога ми и градови. Не дека немаме убавици, ги има на претек ама многу носат тренерки. Искрено, не знам зошто, веројатно сакаме да ја шириме таа фамозна аеродромска супкултура, а и секако дека туѓото секогаш е послатко. Што е уште поинтересно, скоро секогаш таквите врски завршуваат исклучително трагикомично.

Таков е и Кузман. Кажуваше еднаш како фатил девојка од Велес. Била така малку полничка, но многу слатка и ептен му терала ќеиф. Се дупеле неколку месеци во нејзиниот стан во Тафталиџе 2 и една ноќ таа решила да го запознае со најдобрата другарка. На кутриот Кузман веднаш му светнале очињата, „леле двете ќе ги ебам“ си рекол, „па која е таа што може да каже не пред вакво тело и ваков ум“.

Згора на се, се погодило ноќта да има празна гајба и веднаш си направил прост план човекот: ќе ги начука и ќе ги носи дома да се коваат. Седнале во дебармаалско кафуле и тие вотка-џус тој јегер, тие пак вотка-џус тој пак јегер, еднаш два пати три пати ... за 45 минути веќе не можел да препознае дали му зборуваат на чист литературен македонски од централно говорно подрачје или свртиле на шпанско-каталонски. Му текнало брилијантна идеја, ќе тркне до тоалет, ќе се замие едно друго и ќе види што ќе прави.

Било што било, не смислил ама баш ништо освен да платат сметката и да ги викне на џоинт. Стигнале, го издувале чудото и во заводливо-сценска-затемнето-свеќна атмосфера и добра музика другаркава, инаку актерка по професија, почнала да танцува како балерина, да се врти во своето бело фустанче со чипка и прерамки и да му праќа чудни ишарети, за кои тој во моментот бил сигурен дека се покана за во кревет. Станал и бавно се приближил трудејќи се да остане на нозе, ја гушнал и почнал да и шепоти на увце:

- Цуци, ако не ми дадеш одма, ќе заспијам за 5 минути, а ако ми дадеш за 15.

- Оди барај и на девојка ти сељачиште едно!

- За неа ќе ми треба пола саат, немам толку кондиција.

ФРАС! Добил силен шамар по левиот образ, кој го отрезнил доволно за да го здогледа недопушениот џоинт додека двете другарки викале такси. Седнал на двоседот и тивко во себе си ја пцуел населбата додека мали искри му ги полнеле градите заедно со густиот чад, несвесен дека повеќе години подоцна тие уште нема да зборуваат меѓу себе. Заради аеродромскиот кур.




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...