2012-05-12

Јас сум тој 1%




Кога ми ја најдоа веспата еден другар ми кажа:

Брат ти си тој 1%!!!

Полицајците во полициската станица кога им кажав дека не се надевав дека ќе ја најдат во своја одбрана рекоа: 

Како не, туку што најдовме 5 веспи, сите ги вративме на сопствениците!

Си направив ретроспектива во стилот „Јас и мојата Република“ . Целиот живот скоро го имам поминато играјќи според правилата кои се пропишани и добро ми оди. Компетитивен дух сум сакам игра, сакам да победувам и се' што ми треба е некој да ми ги каже правилата и веќе почнувам да играм! Веројатно класичен пример за медиокритет!

Сепак она што го движи светот напред се оние исклучоци и секогаш биле! Значи не го прават милионите и милијардите од нас, со закачени разголени фотки особено во овој и периодот што следува на фејсбук. Не го движи светот, твојот шеф, нити твојата чистачка, сите ние сме дел, штраф во големата машина. 

Како да се смени тоа? Па секако се' почнува со скептицизмот! Првиот пат кога некое копиле ќе се запраша ЗОШТО? Во стилот Always question authority! И зошто го зборувам сето ова? Затоа што секој од нас греши! И тој 1% и тие 99% и сите 102% ПОНЕКОГАШ ГРЕШАТ.

Будното око, преиспитувањето и не земањето на работите здраво за готово се единствениот пат до успехот. Што е успехот? Па веројатно постигнувањето на некој Парето оптимум во кој било која акција нечија нема да наштети никому и кога сите ќе бидат среќни и задоволни. Звучи утопистички, но во крајна линија е тоа. Е сега што правиме со оние што сакаат сите да не нема? Со оние што се депресивни, Шопенхауер идеологија што сметаат дека се' е залудно и бесцелно и нема поента нашево егзистирање. Став кој да бидеме реални е потполно легитимен исто како оној на пример на богат могул што сака да напраи повеќе и повеќе кеш, за да ебе берли лигал блондики!

Дали е тоа вродено или таков човек станува? Дали се раѓаме табула раса и како ќе бидат наместени фигурите во текот на примарната и секундарна социјализација такви и ќе бидеме? Дали Фројд е во право? Дали тоа што не си можел да фатиш девојка во средно те тера да носиш кожњаци на 40 години и да му се изнаебеш на градот убав? Ебеш му матер ако знам!

Сепак верувам дека со тек на време работите се подобруваат и секој што ја прочитал Малиот Принц или Зоки Поки на време, ќе му биде поубаво да си ја најде сопствената среќа и смисла на постоење наместо да гаѓа со камен во Влада. Така да веројатно едукација, пристап до интернет и креирање општество со еднакви можности за сите би бил одговорот. 

И сега како што секој некаде греши, како што твојот директор може да заебе и убаво е понекогаш да му кажеш сметам дека вака и вака треба да направиме, како што татко ти дома може да заебе и да купи лош компир понекогаш, како што попот во парохијата понекогаш може да изебе некое дете шо пее у хор, веројатно слично и некој може да нарача ограда од милион и кусур илјади еура со мисла дека прави добра работа!

Тука сме сите ние лојалните граѓани, даночни обврзници, луѓе што се прашуваат и оние што ги боли кур понекогаш да кажеме чекај бе брат ова не ти е у реду! Не значи дека не го сакаш татко ти коа ќе купи скапан компир, ок попот ја претерал и можда не требаше да се најде тука (извини Венко), но исто така некој од власта понекогаш од лични мотиви, некогаш од што сака да се истакне, некогаш едноставно зашто е глуп може да погреши. И треба да му се каже брат не заебаај!

Доколку е доблесен и умен ќе го прифати тоа и ќе рече види овие активни граѓани сакаат да ми кажат дека можеби сум ја ебал утката, можеби тие пари навистина може да отидат во апарат за магнетна резонанца или пак во нечиј џеб. Дај да не ги лутам ќе напраам нешто поинакво и сите ќе бидат среќни. Можеби тие навистина ја сакаат оваа држава и сакаат општество со еднакви можности за сите во кое сите ќе се зезаме.

Вчера правевме муабет и викам, па толку убава ограда навистина ќе пречи на некој што сака ете да се џитне од тој мост! Можеби ќе го испишмани!!! И вон контекст некој лупна:

Колку повеќе самоубици, толку помалку самоубици!

И сеа поентава на текстов? 

Па шо знам размислувајте со своја глава, помогнете секому кога греши и коа е у гомна и немој да правите срања за инат.

Еј да!!! Се знам со Влатко Васиљ и коа сакам може да го спомињам у текстови.








No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...