2012-05-09

Ај билив




Бев замацан до лактите во сосот за салата што го имаше направено мајка ми, топејќи ги парчињата импровизирани пилешки прсти. Како и секој ден, разговаравме за како поминал денот и што наредно да се направи. Поттикнати од листовите хартија на татко ми каде се наѕираше упатот за во Државна, а под него Административната забрана потпишана од братучед ми. Стариот се готвеше да дигне нов кредит, како би му купил на дебилот од син единец уште една веспа, галиба претходната ја беа украле!!!

Ме прекина отварањето, кога тргна накај вратата и рече: Еве ви гости!!! 

Старата ко по обичај се стрча накај кујната демек ќе измисли Кока Кола во меѓувреме. А јас бев се уште во шпицастите кондури и црната панталона од работа. Горе како и секој дебил по рамбовка.

Само отвори и татна од влезот глас: Тука ли живее Соте? Од полиција сме? - и ги извадија значките.

Стариот пак ко што го дал господ (извини Венко) еве го тука е. 

Низ глава ми се свртеа сите можни места каде сум чувал џоинт икад у животов дури трчав накај соба да ја пресоблечам барем рамбовката. Стариот само го слушнав како вели: Ќе влезете?

Не! гласно извикаа двајцата. 

Почнав да се приближувам кон вратата преколнувајќи го секој семафор со камера од Центар до најубавата населба на светот Аеродром, срцето ми потскокнуваше и веќе се замислував како цимерка на Дилавер Бојку кога едниот праша: 

Моторче имаше ли бе ти?

Ај карамба викам. Зарем после сите уверувања од страна на милион познаници дека веспата нема теоретски шанси да биде најдена и веќе е расклопена на парчиња и поголема веројатност е да ме ретвитне @darjanr отколку да биде најдена, стоиме тука и јас ја кажувам регистрацијата?

Во 20:00 часот да дојдеш да си ја подигнеш од полициска станица!

Не ова не е возможно си реков, веднаш потрчав како тинејџерка кон својот дневник кога првпат ќе добие, кон лаптопот да раскажам на целиот свет (пошто цел свет го чита овој блог) дека веспата е најдена. 

Или како што  @ilinajakimovska најубаво кажа:

Веспа воскресе!

Врм - врм воскресе! (извини Венко)


Него што ќе ве прашав. Не е само да се пофалам работава де:

Се носи ли у станица нешто за частење? Сок, кафе, ноблици?

Брзо чекам одговор 19часот е!!!







5 comments:

  1. УметникотMay 9, 2012 at 7:06 PM

    да видам да не верувам :) честички..

    рум штангли да им носиш пошто сувомеснато 20% нема да ти јадат.

    п.с. воведот <3

    топси кисче

    ReplyDelete
  2. Се носат евра, обележани од внатрешна контрола :) Хахахах

    ReplyDelete
    Replies
    1. Не си нормален :)

      Delete
    2. A sosot za salata od so bese??

      Delete
  3. Многу си јак...за у полициска само крофни

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...