2012-02-12

ДЕСНО ОТИДЕНА





Има еден виц мене многу ме смее за ЦИА, КГБ и УДБА кога требало да најдат камила у пустиња.
Први отишле КГБ ги немало недела дена и се враќаат со камила.
Втори отишле ЦИА ги немало 4 дена и се враќаат со камила.
Последни отишле овие од УДБА и ги немало недела дена, две недели и ете ги се враќаат по 3 недели со пребиен слон. И овие им викаат, па добро бе ве нема 3 недели и место со камила се враќате со слон.
И слонов одеднаш викање: КАМИЛА СУМ КАМИЛА СУМ!

Како беше она секоја сличност со нашава политичка ситуација е намерна!
Размишљам колку сум ја тоа слон, па што? Не го даам името, иам кожна јакна, ја залижуем у десно косата, иам помаранџеста кравата, иам еден јак ѕиден саат, сметам дека коњите се грациозни животни, сакам снег и драго ми е да го има што повеќе, не сум геј, за абортусот неам став, али мислам со мала „обука“ ќе може да изградам. Крстен сум уште на времето у Комунизмот не ко овие помодарскиве пичкици сеа.

Е сеа ќе треба да поработам на мојата верба и љубов кон Црквата, но и за тоа верувам постојат соодветни методи на „убедуење“.

Така да дефинитивно ќе отворам една десничарска партија со цел да бидам независен се до оној момент коа некој ќе ме убеди во спротивното и боље сеа да е тоа нашиве него таму некои со леви идеи.

ДЕСНО ОТИДЕНА ќе се вика.

Уште у старт ќе ги обучам сите членови, ако има потреба од такви, пошто гледам у задње време не ти ни требаат за да си имаш партија. Како и да е, ќе ги обучувам да се што поотидени и да не се враќаат лесно. Место кама и нож ќе бацуеме евро и нечиј рандом задник, за да се научат уште со време, ако дое до некое евентуално припојување, да не ме брукаат по семинари таму.

Ќе се појавам на избори ќе молам бога да не освојам пратеник пошто после може да ме поебе тој да си пребегне сам. Така да ќе молам, да не освојам пратеничко место и ќе си кулирам брат едно година дена така независен у десницата и ќе викам од време на време, па Бране не е така лош, баш има харизма чоекот и ќе си чекам.

Кога ќе ме припојат конечно нашиве, ќе свикам конгрес со членовите, ако воопшто ги има нели. Како претседник, секретар и заседавач ќе чукнам со едно чеканче ќе ја отворам де, ќе се поткашлам, ќе се поднасмеам перверзно кроз зуб, ќе се соблечам и ќе им го извадам на маса. Пошто тоа ќе биде остварување на „мојот“ а со тоа и нашиот сон за едно подобро утре.

Мислам планот дека ми е добар и треба да ми веруете дека така ќе биде најдобро за сите. Така да апликација у контакт , колку порано доете у партија има шанси да стане нешто и од вас, ако не, да не биде после Сотир не кажа за слонот...


Вашиот преЦедател,
Сотир Отидениот






No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...