2011-12-24

НАЈСТАРИОТ ЗАКОН

Текстов требаше да оди во ФОКУС, ама нешто ми се налутиле изгледа и не ме објавиле, така да еве го тука. Се надевам ќе ве бендиса :)



И кога се заврши работата само стана и кажа: Ајде сега да одиме! Прв ден ми беше, странска држава, тукушто ја имав прочитано Менаџер на мафијашки начин и се држев по правилото:

„устата држете ја затворена, очите отворени, патентот закопчан, и правете го тоа што ќе ви речат.“ – и затоа не прашав каде и што.

Влеговме во салонот и кога укапирав каде сме, ми се пресекоа нозете. Седнавме тројцата една фина госпожа не праша што ќе се напиеме, нормално пиев исто што и другите, некое виски. По некое време улетаа 3 девојки од кои едната беше боли глаа, а останатите две ко за масажа. Ме прашаа прв: ти, која сакаш да те измасира. Срамежлив ко што ме дал господ ја залупав главата ми се чини под земја. Најнепријатно во свет спроти нив и не знам што да кажам и само ќутам ко глупчо.

Другите двајца ги земаа девојките и појдоа во собите. И туку ете ме мене во ебена вукојебина, визави разголена девојка со виски у рука. Ама не сум ти бе брат ја таков, ја сакам да ме сака. И така заглавување на стандард муабетот, зашто побогу би го работела ова, зарем немаш дечко, што мислат твоите за твојата работа, дали студираш. Толеранцијата ја држеше едно половина час, по што едноставно се извини и си замина, јас останав со вискито во една и стапот во другата рака. Другите половина час верувале или не, ги преспав.

Сега кога ми притекнува тоа не беше прв пат да сум на такво место, ко копиљ откачените повозрасни другари, често ме м’кнеа по секакви места, па така еден ден и во тогаш тукушто отворениот стриптиз клуб горе на Панорама. Уште од одма да ви кажам стриптиз клуб не е место каде што се оди со 1.000 денари. Факинг цела дневница, со се бакшиш и крадење беше ебаниот влез и пивото. И да ви кажам уште нешто у стриптиз клуб не се пие пиво, то баш и није јебачки! Како и да е, имаше една фина госпоѓица со добро издефинирани муслулести нозе што го сврте најбољиот „хелихоптер“ што го имам видено до ден денешен.

И туку читам деновиве нашиве се сретнале Амбасадорот на Шведска и овој им ги пренел дел од законските рамки на Шведска и според него имено:

„Луѓето кои нудат сексуални услуги се луѓе паднати во очај. Не треба да се казнуваат тие, туку треба да се казнат побарувачите на сексуални услуги

И туку си викам лесно ти е тебе бе другар околу тебе се се Швеѓанки, тука верувај и побарувачите се паднати во тежок очај. Што од економска, што од политичка, што од тоа што никој не не јебе! И си мислам ако земев тогаш малолетен 17 години, со украдената кола од дома, отидев на Водно, со „попатна“ некоја пријателка, во денешни услови и да ме фатеше полиција... Или ќе плаќав кредитите до крај на живот или кај да е за некоја година ќе излезев од затвор за добро однесување со казните што ќе ги испоизедев.

Ништо, сега ни останува дивна Бугарија, Србија, Романија, Албанија. Ама сега во потполност го разбирам колегата од Битола кој со право тогаш ми влезе вознемирен и уплашен во канцеларија и ми рече:

Па што прават бе овие, ќе изгиниме по патиштана!





No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...