А од секогаш ли си го сакала допирот за твојата коса?
Ммм... Да - и нежно и милно се припи во неговата прегратка...
Па, зарем тоа не ме прави мене сосема обичен и толку безличен и впрочем излишен.
Не лупетај глупчо, зарем мислиш дека е само до тоа! - и продолжи да ужива во топлината на неговата прегратка, немарно мижејќи си во нејзината доволност и безазлена комоција.
Не сериозно и ја поттурна од својата рака зарем не го правевте истото и со твојот претходен дечко и со тој пред него? - кукавички ги изнесе сите свои малолетнички комплекси како тегла џамлии кои се распрснаа низ собата.
Ама што ти е проблем на тебе со моите дечковци? Па што сакаш да бидам монахиња? Сум имала дечковци и прифати го веќе тоа. Не биди мало дете и дојди да си се гушкаме и престани по ѓаволите со твоите будалештини. - повторно не сфаќајќи ја сериозноста на ситуацијата го повлече накај себе.
Се оттргна стана од креветот и појде во кујната да се напие сок и не се врати во креветот... Го запали телевизорот и запали цигара. Сакаше да го впие целиот дим на светот и да ја угуши секоја алвеола. Секој нов здив само го потсетуваше колку не може без неа, но не се врати во креветот.
Овој пат, само овој пат, ниту таа не стана. Накитената елка остана перверзно да го потсетува дека нејзината рака која ја нареди елката, го натера да ги заборави сите свои љубови и во болка љубоморно да се проколне што не е и неговата таква.
Сам во своите стравови уште долго во ноќта не можеше да заспие, но не ни требаше, после се', сепак беше јебена Нова година...
No comments:
Post a Comment