2011-08-31

Ноу хард филингз



Така кулирам вчера по твитерот и улетува една цура со следниов муабет:

hm na drugarka sto stavila sliki od odmor so decko i, site bivsi i kliknale like ... taka treba da e?

Ми идеше многу да се расправам уште вчера, ама ај реков можеби до мене е, нервозен сум нешто, па да не опраам сега.


Е арно, ама еве и денес ме држи недоумица... Што е со СВЕТОВ у пичку материну?

Значи ај да почнеме од почеток:
  • Најболното прашање според мене од социолошки аспект е муабетот дека Скопје е село, не затоа што е мало, туку заради сељачиштата што живеат во него. Не ми е јасно, како тоа бе ти девојко дозна дека тие девојки му се бивши? Мхм добра другарка ти е. Епа ај вака. Во хипотетички случај на бест кејс сценарио муабетот за дознавање на која му била бивша муабетот помеѓу две другарки би бил следен:
А: Ги знаеш Славица, Биљана, Викторија и Катерина?
Б: Да.
А: Епа му биле бивши девојки на Мартин.
Б: Во ред. Кучки

Ворст кејс сценарио, уффф, па тоа вие би требало најдобро да го знаете, ама еве ќе пробам:

А: Ја знаеш онаа Славица, глупачана, што беше со другарка и Марија на братучетка ти, на одмор у Грчка, коа доби стомачен вирус? Ние бевме тогаш на Лефкада, а они на Скијатос.
Б: Не се викаше Марија она, мислиш на онаа од Борис од двојката?
А: Да, бе со црвена виткана коса што има.
Б: Епа Милена се викаше.
А: Епа ти текнуе ли на нејзината другарка Славица што шеташе со онаа безврска јакна у 2 година?
Б: Еееј да беее...
Б: Епа таа има идено со Мартин.

Натака веројатно вие си знаете со најдобрите другарки како си праите муабет. Да се разбереме уште нешто, има вакви и машки полно е. Сељачизмот не бира по пол!!!
  • Бившите??? Па добро бе луѓе, #umoevreme идеш со некого не ти испаѓа, раскинуваш, кмичиш ко пизда и сигурно не остануваш другар со него на фејсбук, ли твитер или што кој кур и да се измисли. Да се разбереме не сум јас многу постар да не ги разбирам новиве текови и Ријана шитови и Гага дебилизам кој што ви го искривуваат светот во кој живеете. Ама луѓе има бе книги има и дури и на фејсбук вредни ствари кои потенцираат трајни вредности, не мора во тешкиот конзумеризам кој се наметнува и сами да станувате продукти на истиот. Осим ако не останеле факбадиз, па сеа си се лајкаат и кикотат по фејсу, што секако не ја става другарката во најдобра состојба. Но јебеш ја ваљда не ги контам до крај социјалниве констелации.
  • Понатака што кур има она да е другарка со сите бивши девојки на дечко и на фејсбук? Ова не ми е ЈАСНО??? Ама никако...
  • Уште побитно што кој кур има да стаа слики од одмор на фејсбук и да ги остава отворени, за сите да ги гледаат и да кликаат лајк. Па има уште мал милион опции за шерување слики и тоа, со подесување на приватноста. Ако не знаете прашајте. Еве моја препорака, нека стави слика ако не, од како му го пуши, па може некоја од бившите покрај лајкот ќе собере сили и да искоментира... Тек тогаш ќе има муабет да се прави и ќе се чудиме...
Не би да се правам сега тука Кери Бредшо и да делам љубовни совети и искуства, муабетот ми беше дека децава ги користат социјалниве мрежи без поим да имаат кои се реперкусиите од истото. И после не им е јасно. Промената доаѓа од внатре, променете се самите, излезете од круговите на оговарање, завидл’к и закачуење фотки у бикини, почнете да одите со момчињата на театар, на кино, на курс по калиграфија, пуштете една вечер џез и поминете ја вечерта сами без при тоа да се сликате и да ги фукнете на фејсбук, па можеби и остатокот од светот ќе укапира дека сте си доволни сами на себе и дека убаво си поминувате или лошо или како и да е и ќе ве остави на мира. Интимата не ја делете, сигурно не на фејсбук, станувате само потенцијален таргет за маркетиншките агенции и ништо повеќе.
Освен ако не ја земеме другата страна, па да претпоставиме дека вам стварно ви е битно да кажете на светот коа сте сингл или коа сте во врска или како возите ролерки, што пак наведува на моментот дека сте тешко сељачиште болно за внимание, па макар и од било кого.

Извинување до сите актери искористени како мотивација за постов, сигурен сум дека има перфектно добро објаснување за нивните постапки. Повторно стереотипизирав само за да го доловам најсељачкото во Скопје што мене барем многу ми пречи.

Ноу хард филингз ај хоуп.


6 comments:

  1. "site bivsi i kliknale like" a zaso mislam deka zbori za bivsi na drugarka i, a ne na deckoto na drugarka i ??????

    ReplyDelete
  2. Уффф па тоа е уште бетер комбинација :) видиш тој кејс не го разгледав :)

    ReplyDelete
  3. poso ko so vikas so bara da e prijatelka so bivsite na decko i

    ReplyDelete
  4. Ама па и другарка и што има да биде френдица со сите бивши? Ептен бе дружељубива...

    ReplyDelete
  5. Ова оди рака под рака со сите албуми кои бројат по 36435765454 фотки на е*аниот ФБ.
    Се прашуваш - како тоа, зошто тоа?!
    Е зошто де, како бившиот и сите кучкести бивши на бившиот поинаку ќе дознаат дека она има топ тело и бемка на левиот препон?
    Ако некоја од тие кутри женски примероци е недај Боже поубава и троа повеќе и штрака акалот од дотичниов stalker, дури тогаш ќе ја снајдат сите црни клетви.
    А можеби се здружува со сите зашто има потајна желба да седнат на кафе и да му го трачарат алатот... "Амури, а кога легна со тебе, како беше? Еееее, а ти да видиш мене како ме онадеше од позади"... :/
    Такво дојде времето, денеска животот се сведува на poke и like. Тоа е еквивалент на популарност , т.е. сељачизам од највисок степен и простотилук...

    ReplyDelete
  6. Податокот колку френдови има на Фб бившава, ќе ти го даде одговорот на постов.

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...