2011-02-19

Двете раце наопаку...

Веста е превземена од тука

И бидејќи јас и Грците настрана од повеќедеценискиот проблем кој го имаат нашите 2 пријателски народи, си гаиме посебна адмирација и длабок взаемен респекат, мораше веста да се најде и на мојот блог.
Кога го видов за прв пат, сфатив дека е можно да постои погрд блог од мојот, кога стиснав плеј почна да ми свири „МУ ВРЗАЛЕ ДВЕТЕ РАЦЕ НАОПАКУ“, од десно има реклами на Гугл меѓу кои и за госпел музика, кои не знам како се вклопуваат во целиот концепт на блогот, од левата страна има изјави на полуписмени македонци кои се „јачаат“ дека сме најјаки, но сепак, фактот дека интернет радиово „трешти“ од сред грчка земја беше доволна провокација да ги поздравам уште еднаш моите драги „соседи“.

Еве уште еден текст да го маркувате како инапропријат.

П.С: фотката најгоре е одлично прилагодена со пиксели на големината на банерот, но сепак се запримеќаа македонска народна ношња.

Идеме сега сите ДВЕ РАЦЕ ДВЕТЕ РАЦЕ...


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...